Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Супер што Вардар Неготино не испадна, туку ќе игра бараж. Се надевам ќе опстанат. Два скопски тима влегуваат во супер лигата и мислам дека и ако Јуниор играше бараж многу скопски тимови ќе имаше. Убаво е и другите градови да имаат некој тим во лигата.
 
Убаво е и да имаме нормална лига од 10-12 екипи, ама за жал нема да го добиеме тоа...
 
Охрид сериозно се засилува за наредна сезона,изгледа ќе ги кренат малку амбициите,Алушовски нов тренер,со него доаѓаат Ојлески и Кукоски како први засилувања,договорен бил и Темо Орјоникидзе,Грузиецот што играше во Пелистер и Прилеп пред 5-6 сезони,тогаш беше еден од најдобрите бекови во лигата,решеташе по 10 гола на утакмица како ништо,топ во раката,после Пелистер знам дека замина во Унгарија да игра и после тоа не знам како му течела кариерата и во каква форма е сега,сепак за наша лига е одличен,ќе биде големо засилување за Охрид.
Исто така договорен бил и средниот бек Сафранко,сосема солиден играч,еден од подобрите играчи на Хрватска од 2000та генерација,на кадетското во Скопје играше пред неколку години и се покажа во сосема добро светло,може да покрива и како лев и како среден бек,пробивен,борбен,баш ќе бидат добат тандем со Темо.
Пред 2 години бил втор стрелец во Хрватска лига,лани во Словенија играл и на 13 натпревари постигнал 77 гола,просек 6 гола по натпревар.Тоа е лига што е по квалитет на рамниште на нашата,само со многу подобри услови за работа,ако ги пренесе тие партии во Охрид ќе биде огромно засилување.

Ќе видиме како ќе пазарат летово и колку од сегашниве играчи ќе задржат за наредна сезона,вака за почеток доста ветувачки тргнаа.
Одлично ќе биде за мак-ракометот ако Охрид станува се посилен,има навивачка група,публика,ривали,атмосфера,ќе биде супер да се гледа натпревар кога таму ќе гостуваат Вардар,Пелистер,Алкалоид итн.
 
Последно уредено:

Ги потпишаа исто Ојлески и Кукоски од Пелистер

Интересно ќе е да видиме дали Тиквеш ќе го отвори ќесето за европа, во секој случај лигава се подобра и подобра од година во година станува.
 
Последно уредено:
Охрид и Тиквеш пополека заличуваат на сериозни екипи. Мислам дека и Тиквеш ќе има солидна екипа идната сезона - стабилно делуваат, имаа некои најави и за зголемување на буџетот. Сепак и двете се екипи од поголемите/побогатите градови во Македонија со солидна навивачка база. Добро е за ракометот во Македонија да бидат што е можно појаки како клубови и мислам дека имаат доволно традиција/основа за да функционираат на високо ниво на подолг рок.
 
Ќеф ми е за Стоиловски супер дечко со среќа да му е во новата средина како и на останатите играчи.
 
Не е најјасно од текстот дали на полусезона практично ќе има ротација на 8миот од суперлига А и првиот од суперлига Б во пресрет на втората половина од сезоната (така мене ми звучеше), но во секој случај без разлика дали на полусезона или на цела сезона ќе се прават овие ротации ова е голем чекор напред според мене.

Ако го донесат овој систем е за поздравување и личи на компромисно решение (иако ми е малку мистерија дали тоа 8мо со со 9то место ротација е доволно за да продадат дека се е суперлига од ваучер аспект).
 
Се извлекоа групите за идната сезона

Група А: Струга (1), МРК Куманово (2), ГРК Тиквеш (3), Скопје 2020 (4), Алкалоид (5), Еурофарм Пелистер 2 (6), Аеродром (7), ГРК Охрид (8)

Група Б: Пролет 62 (1), Прилеп (2) Вардар 1961 (3), РК Мулти Есенс (4), Голден Арт (5), Еурофарм Пелистер (6), Бутел Скопје (7), Вардар Неготино (8)

3 шешири беа клучни, од сите 3 појаката екипа се падна во Б групата која ќе биде драстично појака (Вардар, Голден Арт и Мултиесенс, наспротив Тиквеш, Струга и Аеродром).
 
Како шо и претпоставував буџетите на Пелистер и Вардар се горе долу слични,само заради нестабилноста на приходот на финансии на Вардар се створи слика во јавноста како Пелистер да има далеку поголем буџет што во пракса не е точно.
 
Буџетите на трите најдобри клубови се вкупно 3,4 милиони евра и со тие пари, во 2022 година, се играл најквалитетниот македонски ракомет.

Текстот се однесува на буџетите од 2022 година, а не од оваа година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom