А можеби соц медиите само повеќе ја откриваат човековата природа? Повеќето се у брак врска со погрешна личност и живеат во тивка мизерија.. се помириле да бидат со некој за да преживеат подобро... Колку ги знам кои требало да се разведат... одамна.
реално многу интересна перспектива на тоа што го имам пишано, и би рекол дека се сложувам со тебе - социјалните мрежи само прават да исплива на површина човековата природа на двата пола.
фрката не е во човековата природа, туку во се почестото немање на принципи од страна на луѓето според мене, луѓе кои се половични во се што прават и апсолутно ништо не им е свето, па така ниту сопствените партнери/партнерки, како и сопствените бракови или пак врски.
објаснувањето ми е следно: доколку влезеш во некоја просторија и во просторијата има бели и црни плочки, невозможно е истите да не ги приметиш, т.е не е можно да не приметиш дека има и бели и црни плочки (човекова природа), но од тебе зависи колку ќе го задржиш погледот на тие плочки и какво внимание ќе обрнеш на тие плочки (тука веќе е карактер).
Ако добро ја разбрав членката, нека ја лажи партнерот ама таа да не знае, според мене тоа не е здрава врска.
Оти јас ако му ги бришам него следбениците, ако го пазам да не флертува, тури му пепел на таквиот, тука нема ни почит, ни љубов ни разбирање.
Овие работи ги правевме на 15 години, на крај памет не ми текнало да бришам следбеници, да правам скандали, да го држам до мене со страв да не ме изневери
Ако немате доверба еден помеѓу друг, не ни треба да сте заедно.
нажалост така се мнозинството денешни врски и бракови, и иако не ја оправдувам Очајна, сепак ја разбирам неа и нејзината позиција затоа што кај нејзе веќе ѓаволот ја однел шалата, т.е претпоставувам дека влезени се во брак и имаат заедничко потомство (деца), па од таа причина не е тек така лесно да завршиш нешто и има обиди за контроли на тие однесувања на партнерот кои иако не можат комплетно да се контролираат, сепак може барем да има обиди за превентирање на такво однесување кое што би можело да ја растури институцијата (бракот) и да ги остави децата истрауматизирани.
вака функционираат и голем број на луѓе чии што партнерот покажува огромен број на црвени знаменциња и истите пробуваат да си ги оправдуваат во сопствената глава, наместо да раскинат навремено, тие ја продолжуваат врската најчесто тражејќи причини за промискуитет на партнерот во себе, обвинувајќи се себеси, простувајќи му на партнерот, итн, итн, за само да се одложи тоа што на крајот сепак ќе се случи - превара.