Ама тука се збори за пристоен живот колку се потребни. Не значи дека ако некој живее со 250-300 евра пензија живее пристојно. Не збориме за суми од неколку илјади евра, туку за сума од 1600-2500 евра за четиричлено семејство. Доколку се стават трошоци за одмори, кредит, кирија, и по нешто да се тргне на страна, тогаш и таа сума не е доволна. Во Швајцарија куповната моќ на човек што заработува просечна плата, е 3 пати поголема од човек што заработува просечна плата во Македонија. Не заборавајте, живееме во една од најсиромашните држави во Европа, со доста низок стандарт, и тоа што просечна плата во таква држава е 38000 не значи дека е и доволно фамилија да се расте со истата. Под пристоен живот подразбирам интерактивно детство за намјладите, посета на кино/театар/утакмица без мислење дали ке имам пари за мене или за фамилијата, разноврсна исхрана, кафе/кафеана, па и по некој викенд во годината во или надвор од МК, и годишен одмор без да се има потреба да се задолжиш кај брат, другар или да земеш кредит. Секој што е работосбособен, и што работи верувам дека заслужува од 365 дена во годината да земе 10/20 дена одмор, без тоа да влијае на буџетот, и да се крати од други работи. Тој одмор е еден вид на минимум даден од државата и работодавецот и дури и малце е за добро ментално и физичко здравје.