UEFA Nations League 2020-2021

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
upload_2018-9-11_11-4-46.png

По мала дискусија во темата Македонска фудбалска репрезентација одлучив да отворам тема за УЕФА Лига на Нациите 2018/19. Имено, се работи за ново натпреварување во рамките на УЕФА кое за цел има што поконкурентни натпревари кои ќе ја задржат фудбалската атракција и во најниските лиги.

За почеток, иако веројатно сите добро знаете, да го претставиме форматот на самото натпреваруње. Како што може да видите на самата слика, сите 55 репрезентации се поделени во 4 лиги, од најсилната А па се до најслабата Д. Во првото издание на овој турнир истите се поделени според коефициентот на репрезентациите според УЕФА.
Секоја лига е составена од 4 групи, а секоја група од 3 или 4 репрезентации. За да не се трупа текст, најдобро би било да се погледне ова видео синхронизирано на македонски јазик од ФФМ за тоа како функционира новото натпреварување.

Сигурно најмногу што не интересира на ова натпреварување е успехот на нашата репрезентација, веќе сите сте запознаени дека после 2 одиграни мечеви, Македонија победи на 2 пати со по 2-0 против Гибралтар на гости и Ерменија дома т.ш. моментално има 6 бода. Доколку успее да остане на првото место, а верувам дека така и ќе биде, Македонија заедно со останатите првопласирани од другите 3 групи ќе се промовираат во Лига Ц за следниот турнир (2020/21). Исто така најслабо рангираните во секоја група од повисоките лиги ќе бидат една лига подолу за следното натпреваруваање (со исклучок на нашата, нормално ). :ROFLMAO:

Шампионот на самото натпреварување ќе се добие со плеј-оф турнирот од Лига А, сите првопласирани селекции од четирите групи ќе играат F4 турнир во 2020, непосредно пред почетокот на европското првенство, додека пак завршните турнири од останатите Лиги (Б,Ц,Д) ќе се борат да обезбедат пласман на европското првенство. Најдобро е прикажано на следната слика

Од март 2019 до ноември 2020 година ќе се одржат регуларните квалификации за европското првентсво во 2020 и тоа во 10 групи, 5 групи по 6 репрезентации и 5 групи 5 репрезентации. Најдобрите 2 селекции од сите 10 групи патуваат на европско, додека пак останатите 4 места се резервирани за најдобрите од секоја лига посебно (А,Б,Ц,Д) што претставува животна шанса за Македонија.

Имаше многу забуни околу организирањето на завршните турнири, а според приложените правила на УЕФА истите ќе се одвиваат вака :
2 полуфинални натпревари и тоа секој од нив без реванш т.е. само една утакмица и финале кое исто така ќе се игра на теренот на една од селекциите кои избориле финале.
Првопласираните селекции од сите 4 групи, еве за пример ќе ја земеме нашата Лига Д, доколку завршат први Македонија, Косово, Грузија и Белорусија (според моменталната табела) тогаш истите ќе играат на завршниот турнир. Се прави нова прелиминарна табела на која ќе се рангираат сите првопласирани селекции, прво според број на бодови, а евентуално може да одлучува и гол разлика. Првиот на таа табела ќе игра против четвртиот и тоа дома, само еден меч, а истото важи и за второпласираниот кој го пречекува третопласираниот на домашен терен. Ова се утакмици кои ќе се играат во 2020 (26-28 март полуфинале и 29-21 март финале).

За финалето се шпекулираше дека можеби ќе се игра на неутрален терен, но сепак официјално УЕФА потврди дека по пат на случаен избор, во ноември 2019 кога ќе се знаат полуфиналните натпревари ќе се одлучи кој ќе биде домаќин на финалето кое воедно ќе е виза за европско првенство, ќе се одлучи кој полуфинален меч ќе е носител за финалето т.е. доколку на пример полуфиналниот меч Македонија - Белорусија ја добие паричката, тогаш победникот од овој полуфинален меч ќе биде домаќин на победникот од мечот Грузија - Косово во големото финале за пласман на европското првенство.

Горе долу мислам дека е се објаснато заедно со сликите и видеото, доколку има нешто нејасно или имате предлог да се прошири воведот со некоја важна реченица, слободно предложете, затоа ја отворам темава да не се прашуваат едни па исти прашања. Ако сум згрешил нешто, исто така може да го промениме воведниот пост за да биде прегледно за сите :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Кому ова нешто му дошло на памет и зошто го реализираа, тоа е таа мистерија :)
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.601
Поени од реакции
10.253
Со Алиоски, Барди и Елмас очекувам да им бидеме конкурентни на французите наредни 10 години :toe:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Добро натпреварување е ова. Се дава шанса на репрезентации како нашата да играат на ЕП. Инаку веќе видовме како е во квалификациите. Иако имаме одреден квалитет, ако паднеме во тешка група може само да сонуваме да завршиме на првите две места. Друго е вака кога конкуренција ти се Грузија, Косово и Азербејџан.

Мене ми е повеќе чуден целиот систем и организација на ЕП 2020. Многу ми е глупав потегот да се игра во 13 различни држави. Се губи некако чувството и еуфоријата кај навивачите.

Друга работа е што не ми е јасно зошто плејоф мечевите од оваа Лига на нации се толку доцна, дури во 2020 година. Четирите репрезентации што ќе се пласираат преку оваа лига ќе имаат само два месеца да се подготват за ЕП. Па и групите за ЕП ќе се знаат во „5 до 12“. Некако мене со ова ми се губи чувството за голем турнир.
 
Тоа е поради исходот од регуларните квалификации(март-ноември 2019). Доколку некој првопласиран што треба да игра плеј-оф во 2020 избори место на ЕП преку регуларни квалификации, тогаш следниот најдобро пласиран од таа лига влегува во битка за плеј-оф и така добива шанса за ЕП.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Тоа е поради исходот од регуларните квалификации(март-ноември 2019). Доколку некој првопласиран што треба да игра плеј-оф во 2020 избори место на ЕП преку регуларни квалификации, тогаш следниот најдобро пласиран од таа лига влегува во битка за плеј-оф и така добива шанса за ЕП.
Хипотетички (а и многу веројатно) ако 9 од 12те репрезентации во лига А обезбедат пласман на ЕП преку квалификации, што тогаш? Кој ќе игра плеј-оф? Од друга страна, овој турнир е со натпреварувачи карактер, што значи дека ќе има трофеј за победниците во лигите, па ако една Франција (на пример) обезбеди пласман на ЕП преку квалификации, дали тоа значи дека ќе биде спречена да игра во плеј-оф и да се бори за трофеј?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Друга работа што ја правевме муабет со другари, дека репрезентации во погорните лиги, кој реално немаат големи шанси за пласман во моменталната лига, ќе можат "намерно" или калкулантски да губат за да испаднат во подолна лига, а со тоа поголеми шанси за пласман за следното првенство покрај послаби репрезентации. Не ?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Нормално дека да. Доколку ние пример сеа завршиме први и одиме во горна лига, треба да сме глупи (доколку објективно неаме квалитет да се носиме со таа група) упорно да остануваме и да се трудиме. Падни си поштено у послаба и после тоа пак атакувај на пласман.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Има дупки во системот, тоа несомнено.
Иначе ќе си играат Франција плеј-оф, а за тоа место не знам што ќе биде, веројатно од Лига Б најдобро пласираните ќе добијат, а останатите ќе играат плеј-оф.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Што е ова како гром од ведро небо, ни слушнавме нешто ни видовме.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.322
Грешен е насловот малце, пошто во 2019 нема да се игра ниту еден натпревар во натпреварувањево :D
Фајлн фор мечевите од лигава се дури во 2020 :D

Инаку чисто тука да спомнам, домаќинот на фајнл фор турнирите во сите лиги ќе биде објавен на крај на следната година.

Да се надеавме Македонија ќе успее да биде домаќин пошто реално мислам и најдобар стадион имаме од сите овие екипи што може да играат понатаму. И Азербејџан се добри до душа ама они и се мачат за квалификување..

Исто да спомнам дека во 1/2 финалето на лигата се игра по принцип:

Најдобар победник vs Најлош победник
Втор најдобар vs трет најдобар

Што значи уште кога ќе завршат групиве ќе знаеме против кој ќе играме во 1/2 финалето.

Кому ова нешто му дошло на памет и зошто го реализираа, тоа е таа мистерија :)
Уопште не е мистерија :D
Прво - носи повеќе пари за УЕФА.
Второ - УЕФА пробува да добие симпатии од помалите земји и ова ќе донесе токму нешто такво
Трето - Се ложат на голем број на учесници на натпреварувањава па ова е добра шанса за нешто такво
Четврто - Пријателските мечеви никој не ги есапеше па затоа решија да направат нешто вакво

:D

Друга работа што ја правевме муабет со другари, дека репрезентации во погорните лиги, кој реално немаат големи шанси за пласман во моменталната лига, ќе можат "намерно" или калкулантски да губат за да испаднат во подолна лига, а со тоа поголеми шанси за пласман за следното првенство покрај послаби репрезентации. Не ?
Па и не е баш така.

Фајнл форот како квалификации за ЕП се игра во година на европското.

Што значи ова ќе се игра секои 4 години.

Што значи екипа што оваа година игра во лига А, дури во 2032ра ќе може како шампион на Лига Д да се квалификува за ЕП.

Или ете ние во 2022ра ќе играме во Лига Ц, и ако отпаднеме...дури во 2026та ќе играме во лига Д.

А во 2026та голем дел од играчиве може да отпаднат од фудбалската мапа, кој ги знае...

Еве чисто пример, нашиот најдобар играч во моментов - Алиоски, во 2026та ќе има 34 години....па сега ти види :D

Не вреди да се калкулира нешто за толку години во иднината.

А и кој ти гарантира дека за 4+ години од сега нема екипа како Унгарија/БиХ/Косово/Луксембург/ или било која екипа од Лига Б/Ц/Д да стане сериозна екипа?

Исланд пред 5-6 години беа во последен и претпоследен шешир па одеднаш се трансформираа во топ8 екипа на ЕП и екипа што освојува бод против Аргентина на светско..

Така да, не, нема да калкулираат поголемиве екипи.

(а и секако големиве екипи ова го гледаат како glorified пријателски и главната шанса за нив е преку квалификациите каде што им е полесно да се квалификуваат него ли вака)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Дали се сериозни Спорт Клуб шо не даваат пренос од Шпанија-Хрватска? :facepalm::facepalm:
Немаат право да ја пренесуваат Хрватска изгледа. Сигурно националната ХРТ пренесува. И тоа сигурно на ХРТ 2. Јас ги фаќам кецот и тројката, и таму нема пренос.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Од 11 ќе има реприза на кецот. Небитно секако.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom