UEFA Champions League 2015/2016

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Тешко. Особено во Германија. Само во Шпанија не успеа лига да освои ама па и 2 сезони само беше таму. Ќе се врати еден ден и таму ќе осови. :D
Абе Карло го пратам скоро цела кариера и мислам дека соодносот домашни титули-ЛШ титули му е 4-3. Водел тимови ко Парма (кога беше јака), Јуве, Милан, ПСЖ, Челзи, Реал. Мислам дека бројот на домашни титули му е премал со оглед на тоа кои тимови ги водел.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Теши го Брутус у СЈО темата, он ќе остане без работа уше малце :Д
Нема проблем за ликови како него, веднаш ќе си најде нов сендвичоплаќач.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Искрено, фалат вакви екипи како Атлетико во фудбалот. Преку кур више од пимплања и везења и тика-така и курци палци. Симеоне ги направил војска, крв плукаат, ринат, херојски до крај!
Иј , утре Реал да пројде, па Атлетико да им вратат за пред две години. Што па да не...
 
C

Castiel

Гостин
Абе Карло го пратам скоро цела кариера и мислам дека соодносот домашни титули-ЛШ титули му е 4-3. Водел тимови ко Парма (кога беше јака), Јуве, Милан, ПСЖ, Челзи, Реал. Мислам дека бројот на домашни титули му е премал со оглед на тоа кои тимови ги водел.
Добро експерт е за ЛШ. Баша освен во Милан во никој друг клуб се нема повеќе сезони задржано. По 2 макмисум. Едино со Реал не ја осови. Ама ќе се врати во шпанија еден ден ќе освои и таму.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Секоја година им ги крадат најдобрите играчи, но и покрај тоа секоја наредна година се се појаки и појаки. :cuc: Што прави овој Чоло на тренинзи со играчиве и како успева да извади 300% од играчи што се класа (со мали исклучоци) под оние на Барса, Реал и Баерн само Господ знае. Ми се чини дека наредна сезона и Гризман со Ацо Стојков да го заменат за нив ќе биде сеедно. Гледам дека има и такви кои викаат дека со овој пристап не заслужиле финале, но не се сложувам никако со нив. Играта на Атлетико е таа, Чоло и самите играчи се свесни за своите квалитети и јасно им е дека ‘‘фудбалски‘‘ не може да се надигруваат со Барса и Баерн па затоа со одлична дефанзива и висока ефикасност се справуваат со оние кои се технички далеку поспремни од нив. Мене искрено ми се свиѓа стилот на кој што игра Атлетико затоа што играчите даваат се од себе за поволен резултат и се надевам дека годинава ќе дојде она што им избега од раце во последните секунди во дуелот со Реал.

За Баерн нема многу да коментирам затоа што од една страна можеби можеа да направат повеќе во двомечов, но од друга страна можеби и ова им беше максимумот...останаа некако неискажани во целата оваа приказна во која што колку што немаа среќа толку и имаа бидејќи ако Торес погодеше за 2:0 на првата утакмица се ќе беше готово уште таму. Само ќе кажам дека малку се претерува со овие анти-Пеп муабети, а реално човеков барем денес добро ја постави играта и имаше контрола над утакмицата, а тоа што промаши Баерн пенал и што прими гол по првото поминување на центарот на Атлетико не може да биде негова грешка. Алаба најслаб поединец во двомечов...како да го гледав Антонини, а не еден од најдобрите леви бекови на денешницата.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Абе оди бегај....



.
Ајде ќе бегам штом викаш.

Абе нема вас што да ви признавам,тие си докажуваат на теренот а ние можиме до утре приказни да си кажваме..јас на пола град му се кладев дека Атлетико ќе го помини Баерн и тука бев еден од ретките уште пред двомечот што го тврдеше тоа и како што гледаш добро предвидив

А ти тука провоцираше и ги потценуваше Атлетико како лесно ќе бидат здробени на Алианц не знам што не знам како.

Признај пораз еднаш и готово,нема што ние тука да се натегаме.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.751
Атлетико доста потфрли денес, слабо изиграа и во одбрана и во напад. До голот не создадоа никаква шанса, ептен дозволија да бидат притиснати. Голот ептен од небото падна, никој кога не очекуваше и тоа секако е за респект, ама не може да се премиже генерално лошата партија која пред се заради одредена доза на среќа (која е сепак клучна во натпреварување како ЛШ) не доаѓа до израз резултатски. Вака ако гледаме лаички после мечот, мислам дека пеналот што Милер го промаши беше клучен, ама пеналите треба и да се реализираат, а Милер катастрофално шутираше, како да помисли дека е доволно само да ја шутне за да влезе. Ќе му послужи ова малку за во иднина сигурно вака ноншалантно да не изведува пенал во 1/2 финале на ЛШ.

Баерн од друга страна многу загуби на првиот меч. Без гол во гости е многу тешко на реваншот, посебно против ваков тим. Алаба многу лошо во одбрана игра, не само на овој меч туку и на речиси сите претходни од елиминационата фаза. Од Левандовски дефинитивно повеќе се очекува, не се ова неговите стандарди. Видал да му ебам играчиштето, како ја стигна таа топка со главата, може ние јувенташите да не го сакаме што си замина (иако јас лично немам замерки такви), ама играч ипол е, не остава топка без максимумот да го даде. Со оглед на тоа дека епизодата на Гвардиола во Минхен завршува, може да се каже благо дека е срамота барем еднаш во трите сезони со ваков состав и вакви услови што не успеа да се пласира ниеднаш во финалето. Мистерија останува што мислеше на претходниот меч без Милер во почетен состав, ама тоа е.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Ајде ќе бегам штом викаш.

Абе нема вас што да ви признавам,тие си докажуваат на теренот а ние можиме до утре приказни да си кажваме..јас на пола град му се кладев дека Атлетико ќе го помини Баерн и тука бев еден од ретките
Иди бе бегај :pos::pos::pos::pos::pos:
Џони жими се отиден си, иди на планина два-три месеца без коцка искулирај па клади се со останатата половина од Битола:icon_lol:
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ајде ќе бегам штом викаш.

Абе нема вас што да ви признавам,тие си докажуваат на теренот а ние можиме до утре приказни да си кажваме..јас на пола град му се кладев дека Атлетико ќе го помини Баерн и тука бев еден од ретките уште пред двомечот што го тврдеше тоа и како што гледаш добро предвидив

А ти тука провоцираше и ги потценуваше Атлетико како лесно ќе бидат здробени на Алианц не знам што не знам како.

Признај пораз еднаш и готово,нема што ние тука да се натегаме.
Ќе го остаам постов без мој коментар, сам по себе све си кажува....

Мислам ТИ ако на пола град си им кажувал ТИ ТИ ТИ САМО ТИ...Ондак немам јас што тука да додадам.

Жал ми е едино вечерва што на форумов и а пошироко најачи симапатизери на Атлетико им се исфрустирани фанови ко тебе,ич не им ги требаат такви.

Башка што измишљаш дека сум викал дека ќе ги здробиме тоа ти е халуцинација али добро.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Иди бе бегај :pos::pos::pos::pos::pos:
Џони жими се отиден си, иди на планина два-три месеца без коцка искулирај па клади се со останатата половина од Битола:icon_lol:
Ме нервираат бе ме нервираат,не ги можам..цел живот гледаат фудбал и пак не научија...вакви биле,онакви биле..абе Барса и Баерн ги испаднаа бе ало што сакате повеќе?..тепале?..епа зошто тоа тепањето не ви сметаше на сите против Барселона туку сите се запнавте за црвениот на Торес?..премногу субјективно се гледа во форумот затоа нема квалитетна дискусија.

И да се кладев на Атлетико бидејќи се екипа и безразлика колку е резултатот тие ќе гинат на теренот и ќе се борат како лавови...тука нон стоп пишував дека Атлетико ќе помини безразлика што повеќето фанови на Баерн беа уверени во финале
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.160
Поени од реакции
107.607
Ајде Чоло мајсторе освојувај ЛШ и остани си во Милано, како што направи Мурињо 2010 во Мадрид. :icon_lol: Наш човек си, треба и со нас да освоиш ЛШ.

Иначе ја гледам репризата моментално, иде на Арена1, сеа ќе почне второ. Го видов пеналот на Милер и баш ми текна да искоментирам околу пеналите. Значи, факт е дека лесно е да се каже: еј абе пенал е ова, нема што да се дискутира, мора гол да падне..., а секако друга е реалноста, али мене баш не ми е јасно кој кур е во задње време што вака млитаво ги шутираат пеналите, и тоа повеќето фудбалери, не конкретно некој. Абе порано Лампард ќе ти дојдеше на 11 метри, се залетува ја пука со сета сила, па таа топка ни Свети Илија не може да ја одбрани, ако случајно голманот ја погоди страната и Лампард ја шутне пониско со се него ќе влезе у гол. Исто и Тоти да речеме, доктор за пенали. Овие сеа глеам Хазард шутира со 20 на саат, голманот комотно може да ја промаши страната, да стане, кафе да се напие и да се фрли на другата страна и да одбрани. Роналдо порано јако ги пуцаше сеа по земја ги шутира, затоа и му е расипана мислам статистиката на погодени пенали. Нејмар не го коментирам, никад не би му дал пенал да пуца.

Секоја чест за Атлетико, ги исфрлија двата најдобри европски клубови, дефинитивно мора да ја освојат титулата годинава.
 
C

Castiel

Гостин
Ме нервираат бе ме нервираат,не ги можам..цел живот гледаат фудбал и пак не научија...вакви биле,онакви биле..абе Барса и Баерн ги испаднаа бе ало што сакате повеќе?..тепале?..епа зошто тоа тепањето не ви сметаше на сите против Барселона туку сите се запнавте за црвениот на Торес?..премногу субјективно се гледа во форумот затоа нема квалитетна дискусија.

И да се кладев на Атлетико бидејќи се екипа и безразлика колку е резултатот тие ќе гинат на теренот и ќе се борат како лавови...тука нон стоп пишував дека Атлетико ќе помини безразлика што повеќето фанови на Баерн беа уверени во финале
Не претерувај сеа и ти. Освен МСтелт дргите скоро сите најмалу сакаа да се паднат со Атлетико бидејќи знаеа дека најнезгоден противник ќе им е. Може пред ова се курчеа ама за Атлетико воопшто не беа такви.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ќе го остаам постов без мој коментар, сам по себе све си кажува....

Мислам ТИ ако на пола град си им кажувал ТИ ТИ ТИ САМО ТИ...Ондак немам јас што тука да додадам.

Жал ми е едино вечерва што на форумов и а пошироко најачи симапатизери на Атлетико им се исфрустирани фанови ко тебе,ич не им ги требаат такви.

Башка што измишљаш дека сум викал дека ќе ги здробиме тоа ти е халуцинација али добро.
Ме мрзи да ти ги барам постовите назад иначе срам ќе те фати какви глупости си тресел...јас сум бил исфрустриран?:pos:..полека малце другар,сепак фудбалот е споредна работа сите ние си имаме други примарни обврски тамам работа ако за фудбал се фрустрирам.

Ајде смири се малце да не се расправаме за џабе..Атлетико вакви такви поминаа и то е то[DOUBLEPOST=1462316687][/DOUBLEPOST]
Не претерувај сеа и ти. Освен МСтелт дргите скоро сите најмалу сакаа да се паднат со Атлетико бидејќи знаеа дека најнезгоден противник ќе им е. Може пред ова се курчеа ама за Атлетико воопшто не беа такви.
Ченто напиша нешто во стилот "сега кога ќе ги плесниме во Вторник ќе ги направите од лајно подолу" кога ја правевме споредбата Атлетико-Јувентус па затоа него го тагнав бидејќи упорно сакаше нешто да докажи што не е така
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Нема врска воа шо го кажа...атлетико се знае каква им е играта...они играјаа исто ама баш исто и дома и сега на гости против баерн,как мислиш мизерни се кога тоа е тактиката...до титула ке дојдат исто како шо дојдеа Интер и Челзи,заслужено нормално(ако освојат) (y) само не ти држе вода муабето оти гледиш и барса победи 2-1 и баерн 2-1 и ?
ај поздрав
Тактиката уф главно им е таа, ама прво дефанзивно беа ного послаби, и друго освен тие 10тина минути коа дадеа гол буквално неможаа да врзат два паса. Тоа Коман да не му са фаќише ногата последните минути Баер 4-1 ќе тепише најмалце. :) Хименес беше изгубан цело прво полувреме, да не го промашише Милер пенало сигурен сум оти ќе ги дотепаа после. Види статистика, Баерн има 30 и кусур шутаве. Со Барса прво полувреме (пред Торес да добие црвен) до Облак не ни дојде топката. Тоа беше одбрана, немаа никаква идеја, 2 дена да играјаа немише гол да им дадат. :) Исто и вторта утакмица, прво полувреме ги посераа од контри, со 20% посед беа 100 пти поконкретни од Барселона. Тука освен голо не ни направија друга акција, сите шутаве им беа од 30 метра или бамкајне од таа на ваа страна безвеза кути Стоук. На крајта 2-3 пти можаа да ги решат коа одеа ваште на се или ништо, неможаа обичен пас да погодат и да а завршат утакмицта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom