На 4 Мај во Скопје еден од најуспешните Dj-и во областа на електронската музика - DJ Tiesto. Македонија како единствена држава од регионов што Tiesto ја вклучи во својата годинашна турнеја „Elements of life“. Во рамките на турнејата, предвидено е Tiesto да не настапува пред помалку од 15.000 луѓе. Единствено место во Скопје каде тој број може да се достигне, е Метрополис Арена на Скопски Саем. Организатор на гостувањето на Dj Tiesto во Скопје е „Авалон“ продукција. Tiesto минатата година ја одбележа со големиот хит „Dance for life“ заедно со Maxi Jazz од Faithless, а и со многуте стадионски настапи во Јужна Америка.
Еден од најголемите настапи годинава на Tiesto ќе му биде учеството на еден од најголемите светски музички фестивали „Coachella“ во САД и тоа заедно со Red Hot Chilli Pepers, Björk, Paul van Dyk и многу други.
Неговата кариера како Dj ќе остане запаметена како првиот Dj во светот кој распродал концерт за преку 25,000 луге. Роден во Холандија, Тиесто стабал Dj бидејки сакал да ја споделува својата музика со лугето. Во 1997 заедно со Арнѕ Бинк, ја формираат “Black Hоle Records” од која што израснува толку прочуената “Magic”. Иако е познат по неговите придонеси на транс сцената, стилот на Tiesto е микс од се по малку: транс, техно, хаус. Неговите полици се исполнети со награди како TMF Awards, MTV, Dautch DJ, gold disk…
Негови омилени достигнувања се втората вечер од “Tiesto Concert Show in 2004” каде пушташе музика цели 8 часа без прекин и секако прогласувањето за ДЈ #1 во светот од читателите.
Тој се искачи на врвот од Холандската топ листа со хитот “Traffic”, инаку прва инструментална песна да се искачи на прво место во последните 20 год. Неговиот ремикс со Sara МcLаchan, Silence беше првата хаус песна да се емитува во Северна Америка во Dastime Radio Show (помина 8 недели на UK Топ 10 Chart). Тиесто исто така пушташе музика пред милијарди гледачи за време на официјалното отворање на Олимписките Игри во Атина. Картата чини 1000 ден!