Груевски и Теута неќеа да чујат за дивата сеча на Шара, кога требаше. Континуирано замижуваа, со години. Зашто да ги боли уво за тоа, кога со противмерки за оваа бандитска практика ќе изгубеа гласови кај месното население, кое всушност е главниот протагонист, во тој злостор.
Но, затоа сликање со чизми у калта и седење по маичка со настраданите, добро знаат дека носи политички поени.
[DOUBLEPOST=1438694689][/DOUBLEPOST]ЧОВЕЧКА НЕГРИЖА
„Шутот ги уби нашите деца“
Ѓубрето и градежниот шут што со години се фрла по речните корита се причина за поплавите во Тетовско. Отпадот по реките ги уби нашите деца, велат мештаните од шарпланинските села каде штетите од обилните врнежи се најголеми.
Четири жртви се досега изброени по вчерашното невреме во Полошкиот регион - три деца на возраст од 7, 14 и 15 годишна возраст и 83- годишен жител на Шипковица. Две лица се изчезнати. Полицијата трага по шестгодишно девојче од Шипковица и по 61-годишен маж од село Лисец. Повредени се 11 лица.
Слободниот тек на реката Пена беше затнат од ѓубрето и градежниот отпад што со години се фрла во коритото, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Поројните дождови и со помал интензитет знаат да направат проблем доколку не се исчистени каналите. За поплавите најмногу придонесоа неисчистените канали и отпадот што жителите го фрлаат иако ние постојано апелираме. Се чистат каналите постојано, но луѓето постојано фрлаат“, вели Надица Вчкова, портпаролка на ЦУК.
Патниот правец Тетово – Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Се уште во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово - Јажинце.