Работата на гробницата почнала доста мирно. Картер 5 ноември открил портал означен со Тутанкамовото име и веднаш пратил телеграма до Карнарвон, кој тогаш се наоѓал на семејниот имот во Англија: „
Конечно дојдов до чудесно откритие во долината. Величенствената гробница со нечепнати печати. Го чекам вашето доаѓање опоравен. Честитам.”
23 ноември Карнарвон и неговата ќерка, г-ѓа Евелин Херберт стигнаа во Луксор, така што Картер можел да се врати на работата. По три дена напорна работа, работниците го расчистиле преминот во должина од 10 метри кој водел до гробницата. Напнатоста станувала се поголема како што се приближувал моментот на вистината. Во книгата на Картер „Тутанкамонова гробница”, напишана следната година со Артур Мејсом од Музејот на уметноста Метрополитен (Њу Јорк), јасно се гледа драматичноста на овој момент:
„
Конечно стигна одлучувачкиот момент. Рацете ми се тресеа додека правев мал отвор во горниот лев агол... тестови со свеќа се користеа како превентивна мерка против можни опасни гасови, а потоа малку прошитувајќи го отворот ја ставив свеќата и малку ѕирнав внатре. Лорд Карнарвон, г-ѓа Евелин и Календер (мој стар пријател) стоеја нестрпливо покрај мене да ја чујат пресудата. Во почетокот не гледав ништо, топлиот возфух кој излегуваше од одаите беше како закана, можеше да ја изгасне свеќата, но кога моите очи навикнаа на таквата светлина, поединости од одајата почнаа полека да изникнуваат, чудни животни, статуи и злато - насекаде се ширеше сјајот на златото. За миг - најверојатно на другите тоа им се виде како вечност - просто онемев од чудење, а кога лорд Карнарвон, не можејќи веќе да ја издржи напнатоста, нестрпливо праша: „Гледаш ли нешто?”, единствено успеав да речам: „Да, чудесни работи.”
Тој ден Картер се сретна со историјата и во нејзе го обезбеди своето место.
Официјалното отворање на гробницата се случи на 29 ноември, во присуство на англиски и египетски поканети луѓе и Артур Мертон, новинарот на лондонскиот Тајмс, чиј извештај, пуштен следниот ден, го натерал целиот свет да зборува за овој настан.
Некое време копањата биле успорени, бидејќи Картер се обидувал да смисли како да продолжи со ова големо откритие. Во текот на декември состави тим од експерти со помош на Музејот на уметноста Метрополитен. Во меѓувреме, новинарски известувачи го поплавија местото, барајќи пристап и разговор за да ги задоволат своите читатели желни за вест. Карнарвон одговорил така што со Тајмс склопил ексклузивен договор.
По божиќната пауза се почнало со каталогизирање на илјада предмети и надгледување на нивното безбедно префрлање. Картер наивно помислил дека тоа ќе трае неколку недели. Всушност, тој таму бил до 1930 година, а самите хартии на кои се напишани предметите сега ја исполнуваат големата просторија на Грифитовиот институт на Оксфордскиот Универзитет.
Грофовата смрт
Но, наскоро ќе дојде до трагедија која ќе го стави во сенка целото истражување. Околу 6 март, Карнарвон е каснат на образот од комарец. Додека се бричел, се пресекол на местото кај што бил боцнат и тоа се воспалило. По неколку дена третман со јод и мирување в кревет, Карнарвон се чувствувал доволно добро за да отпатува во Каиро, каде неговата ќерка се надевала дека потполно ќе се опорави под лекарска контрола. По една недела добил грип, а тровањето на крвта од исекотините прераснало во запаление на плуќата. Картер побрзал да го посети, како што направила и Карнарвоновата жена од Англија и синот од Индија. Новинарите дознале за ова и Карнарвон е ставен на насловните страни.
Додека Карнарвоновиот живот висел на конец, романсиерката Мари Корели се појавила во New York World со веста дека таа му пишала, предупредувајќи го на опасностите кои се можни ако се поремети Тутанкамоновиот мир. Ја кажала и причината за својата загриженост:
„
Не можам, а да не помислам на опасноста која е можна ако се провали во последното почивалиште на египетскиот крал, чија гробница намерно и свечено се чува, и ако се ураде неговото богатство. Според ретката книга која ја имам... ’Египетската историја на пирамидите’... најтешка казна го следува секој кој ќе влезе во запечатена гробница. Оваа книга напоменува ’различни тајни отрови кои се затворени во кутии на таков начин што оние кои ќе ги допрат нема ни да знаат какво зло ќе ги зафати.’ Затоа и се прашувам дали убодот од комарецот го погодил така тешко лордот Карнарвон.”
Загриженоста која ја изразила Мари се зголемила со полошата состојба на Карнарвон. Многумина ја разгледувале можноста дека фараоновото почивалиште го штитат непознати сили, физички или ментални. Овие стравови кулминирале кога Карнарвон починал ноќта на 5 април.
Следниот ден новинарите го замарале сер Артур Конан Дојл, творецот на Шерлок Холмс, автор на две хорор приказни за мумии иводач на спиритуалистите. Според лондонскиот Morning post тој реагирал вака:
„
Беше склон во некоја мера да го поддржи мислењето дека за лордот Карнарвон било опасно да влезе во Тутанкамоновата гробница, благодарение на окултни и други спиритуални влијанија. Рече: ’Можеби Карнарвоновата смрт ја предизвикал некој лош дух. Не знаеме кои духови постоеле во тоа време, ниту во каков облик. Египќаните знаеле многу повеќе за тие работи отколку што знаеме ние.”
Следниот ден Дојл објаснил за лондонскиот Daily Express зошто е толку сигурен дека окултните сили ја припремиле Катнарвоновата смрт. Ова не било прв пат тој да види како египетската црна магија масакрира како болест. Негов добар пријател, новинарот Флечер Робинсон (кој помогнал во припремата и пишењето на најголемите случки на Шерлок Холмс, на сличен начин го изгубил животот неколку години пред тоа.).
Робинсон ги истражувал тврдењата дека мумиите на свештениците во Британскиот музеј во Лондон „имаат лошо влијание”. Дојл го убедувал својот пријател да прекине со своите истражувања, но тој продолжил без разлика на тоа и умрел прерано. Како и во случајот на Карнарвон, Робинсоновата смрт настапила како последица од изненадна болест, но Дојл и тука го открил влијанието на мрачните сили:
„
Непосредна причина за смртта беше тифус, но тоа е начин на кој делуваат духовите кои ги чуваат мумиите. Тие можеа да го поведат г. Робинсон во цела низа ситуации кои би го навеле да добие болест, и така предизвикувајќи ја неговата смрт - баш како во случајот на лордот, човечка болест била примарна причина за смрт.”
Весниците во почетокот ги игнорирале овие сугестии, водејќи се од теоријата на Корели за отровни замки, така што лондонскиот Daily Mail запишал дека комарецот „можеби претходно бил во лековита течност која е најдена закопана со Тутанкамон.” Меѓутоа, професор Перси Њубери, еден од членовите на Картеровиот типм кој ја попишувал содржината на гробницата, ја отфрлил таа идеја. Категорички наведе дека во Долината на кралевите нема комарци, па комарецот најверојатно го каснал Карнарвон во Луксор на Нил, каде престојувал за време на истражувањето.
Но, како што врвеше времето, на површина излегувале и други детали кои Карнарвоновата смрт ја чинеле уште помистични. Доста значаен бил делот во Daily Ehpress дека во моментот на Карнарвоновата смрт снемало струја.
„
Изненадно се изгасија сите светла во каирската болница, оставајќи ги сите во потполна темница. По неколку минути светлата овторно се запалија, за нагло после тоа да се изгаснат. Оваа чудна случка беше протумачена од страна на оние кои нестрпливо ја очекувале веста како претчувство на злото.”
Во текот на наредните недели се појавиле уште поединости. Целата каирска електрична мрежа не функционирала пет минути во моментот на Карнарвоновата смрт.
Потоа од новоназначениот шести гроф од Карнарвон дошла уште една чудна вест. Тој се јавил дека точно во 2 часот ноќта на 5 април, Сузи, миленициата на неговиот татко, вриснала и паднала мртва.
Toлку успеав да преведам. Има уште, за психо предупредувања, ширењето на клетвата и клетва на клетвата. Ако некој навистина го интересира да прочита да преведувам, ако не џабе да не се мачам