Tутанкамонова клетва

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Скоро исто познато како и откритието на Тутанкамовата гробница е и тоа дека е заштитена со моќна клетва. Кога египтологот Хауард Картер и неговиот богат покровител лорд Карнарвон ја отвориле гробницата на 26 ноември 1922 година, тие и цел свет му се восхитувале на спектакуларното откритие. Одамна изгубената гробница на фараонот Тутанкамон, кој умрел во осумнаесеттата година околу 1320 г.п.н.е., била најубавата ризница некогаш откриена, полна со мебел, статуи, облека, украси, оружје и мноштво други предмети, чија цел била да му овозможат пријатен престој на другиот свет. Сепак, дали во гробницата имало уште нешто? Почнувајќи со мистериозната болест која го погодила лордот Карнарвон, цела низа необјасливи несреќи ги зафатиле животите на оние кои биле поврзани со ова откритие - дури и посетителите.
Дали пронаоѓачите, со осквернување на гробницата несвесно ослободиле некаква лоша сила?

Ако некој знае за некоја случка во врска со ова би било убаво да ја напише тука. Имам текстови за случки кои покажуваат дека навистина има нешто, само ми треба време да ги преведам.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Од моја гледана точка немислам дека е клетва туку некој вирус или Некои гасови во неговата гробница
и лугето умираат
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Незнам ништо али и мене баш ме интересира која е причината да веруваат дека постоела клетвата.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Мислам на дискавери дека гледав, дек целата финта со таа клетва ја објаснија дека внатрешноста на таа гробница езаштитена со некоја радиоактивна материја и од тоа умреле повеќето а другите се случуваат несреќи хехе.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Работата на гробницата почнала доста мирно. Картер 5 ноември открил портал означен со Тутанкамовото име и веднаш пратил телеграма до Карнарвон, кој тогаш се наоѓал на семејниот имот во Англија: „Конечно дојдов до чудесно откритие во долината. Величенствената гробница со нечепнати печати. Го чекам вашето доаѓање опоравен. Честитам.”

23 ноември Карнарвон и неговата ќерка, г-ѓа Евелин Херберт стигнаа во Луксор, така што Картер можел да се врати на работата. По три дена напорна работа, работниците го расчистиле преминот во должина од 10 метри кој водел до гробницата. Напнатоста станувала се поголема како што се приближувал моментот на вистината. Во книгата на Картер „Тутанкамонова гробница”, напишана следната година со Артур Мејсом од Музејот на уметноста Метрополитен (Њу Јорк), јасно се гледа драматичноста на овој момент:
Конечно стигна одлучувачкиот момент. Рацете ми се тресеа додека правев мал отвор во горниот лев агол... тестови со свеќа се користеа како превентивна мерка против можни опасни гасови, а потоа малку прошитувајќи го отворот ја ставив свеќата и малку ѕирнав внатре. Лорд Карнарвон, г-ѓа Евелин и Календер (мој стар пријател) стоеја нестрпливо покрај мене да ја чујат пресудата. Во почетокот не гледав ништо, топлиот возфух кој излегуваше од одаите беше како закана, можеше да ја изгасне свеќата, но кога моите очи навикнаа на таквата светлина, поединости од одајата почнаа полека да изникнуваат, чудни животни, статуи и злато - насекаде се ширеше сјајот на златото. За миг - најверојатно на другите тоа им се виде како вечност - просто онемев од чудење, а кога лорд Карнарвон, не можејќи веќе да ја издржи напнатоста, нестрпливо праша: „Гледаш ли нешто?”, единствено успеав да речам: „Да, чудесни работи.”

Тој ден Картер се сретна со историјата и во нејзе го обезбеди своето место.
Официјалното отворање на гробницата се случи на 29 ноември, во присуство на англиски и египетски поканети луѓе и Артур Мертон, новинарот на лондонскиот Тајмс, чиј извештај, пуштен следниот ден, го натерал целиот свет да зборува за овој настан.
Некое време копањата биле успорени, бидејќи Картер се обидувал да смисли како да продолжи со ова големо откритие. Во текот на декември состави тим од експерти со помош на Музејот на уметноста Метрополитен. Во меѓувреме, новинарски известувачи го поплавија местото, барајќи пристап и разговор за да ги задоволат своите читатели желни за вест. Карнарвон одговорил така што со Тајмс склопил ексклузивен договор.
По божиќната пауза се почнало со каталогизирање на илјада предмети и надгледување на нивното безбедно префрлање. Картер наивно помислил дека тоа ќе трае неколку недели. Всушност, тој таму бил до 1930 година, а самите хартии на кои се напишани предметите сега ја исполнуваат големата просторија на Грифитовиот институт на Оксфордскиот Универзитет.


Грофовата смрт

Но, наскоро ќе дојде до трагедија која ќе го стави во сенка целото истражување. Околу 6 март, Карнарвон е каснат на образот од комарец. Додека се бричел, се пресекол на местото кај што бил боцнат и тоа се воспалило. По неколку дена третман со јод и мирување в кревет, Карнарвон се чувствувал доволно добро за да отпатува во Каиро, каде неговата ќерка се надевала дека потполно ќе се опорави под лекарска контрола. По една недела добил грип, а тровањето на крвта од исекотините прераснало во запаление на плуќата. Картер побрзал да го посети, како што направила и Карнарвоновата жена од Англија и синот од Индија. Новинарите дознале за ова и Карнарвон е ставен на насловните страни.
Додека Карнарвоновиот живот висел на конец, романсиерката Мари Корели се појавила во New York World со веста дека таа му пишала, предупредувајќи го на опасностите кои се можни ако се поремети Тутанкамоновиот мир. Ја кажала и причината за својата загриженост:
Не можам, а да не помислам на опасноста која е можна ако се провали во последното почивалиште на египетскиот крал, чија гробница намерно и свечено се чува, и ако се ураде неговото богатство. Според ретката книга која ја имам... ’Египетската историја на пирамидите’... најтешка казна го следува секој кој ќе влезе во запечатена гробница. Оваа книга напоменува ’различни тајни отрови кои се затворени во кутии на таков начин што оние кои ќе ги допрат нема ни да знаат какво зло ќе ги зафати.’ Затоа и се прашувам дали убодот од комарецот го погодил така тешко лордот Карнарвон.”

Загриженоста која ја изразила Мари се зголемила со полошата состојба на Карнарвон. Многумина ја разгледувале можноста дека фараоновото почивалиште го штитат непознати сили, физички или ментални. Овие стравови кулминирале кога Карнарвон починал ноќта на 5 април.
Следниот ден новинарите го замарале сер Артур Конан Дојл, творецот на Шерлок Холмс, автор на две хорор приказни за мумии иводач на спиритуалистите. Според лондонскиот Morning post тој реагирал вака:
Беше склон во некоја мера да го поддржи мислењето дека за лордот Карнарвон било опасно да влезе во Тутанкамоновата гробница, благодарение на окултни и други спиритуални влијанија. Рече: ’Можеби Карнарвоновата смрт ја предизвикал некој лош дух. Не знаеме кои духови постоеле во тоа време, ниту во каков облик. Египќаните знаеле многу повеќе за тие работи отколку што знаеме ние.”
Следниот ден Дојл објаснил за лондонскиот Daily Express зошто е толку сигурен дека окултните сили ја припремиле Катнарвоновата смрт. Ова не било прв пат тој да види како египетската црна магија масакрира како болест. Негов добар пријател, новинарот Флечер Робинсон (кој помогнал во припремата и пишењето на најголемите случки на Шерлок Холмс, на сличен начин го изгубил животот неколку години пред тоа.).
Робинсон ги истражувал тврдењата дека мумиите на свештениците во Британскиот музеј во Лондон „имаат лошо влијание”. Дојл го убедувал својот пријател да прекине со своите истражувања, но тој продолжил без разлика на тоа и умрел прерано. Како и во случајот на Карнарвон, Робинсоновата смрт настапила како последица од изненадна болест, но Дојл и тука го открил влијанието на мрачните сили:
Непосредна причина за смртта беше тифус, но тоа е начин на кој делуваат духовите кои ги чуваат мумиите. Тие можеа да го поведат г. Робинсон во цела низа ситуации кои би го навеле да добие болест, и така предизвикувајќи ја неговата смрт - баш како во случајот на лордот, човечка болест била примарна причина за смрт.”

Весниците во почетокот ги игнорирале овие сугестии, водејќи се од теоријата на Корели за отровни замки, така што лондонскиот Daily Mail запишал дека комарецот „можеби претходно бил во лековита течност која е најдена закопана со Тутанкамон.” Меѓутоа, професор Перси Њубери, еден од членовите на Картеровиот типм кој ја попишувал содржината на гробницата, ја отфрлил таа идеја. Категорички наведе дека во Долината на кралевите нема комарци, па комарецот најверојатно го каснал Карнарвон во Луксор на Нил, каде престојувал за време на истражувањето.
Но, како што врвеше времето, на површина излегувале и други детали кои Карнарвоновата смрт ја чинеле уште помистични. Доста значаен бил делот во Daily Ehpress дека во моментот на Карнарвоновата смрт снемало струја.
Изненадно се изгасија сите светла во каирската болница, оставајќи ги сите во потполна темница. По неколку минути светлата овторно се запалија, за нагло после тоа да се изгаснат. Оваа чудна случка беше протумачена од страна на оние кои нестрпливо ја очекувале веста како претчувство на злото.”

Во текот на наредните недели се појавиле уште поединости. Целата каирска електрична мрежа не функционирала пет минути во моментот на Карнарвоновата смрт.
Потоа од новоназначениот шести гроф од Карнарвон дошла уште една чудна вест. Тој се јавил дека точно во 2 часот ноќта на 5 април, Сузи, миленициата на неговиот татко, вриснала и паднала мртва.

Toлку успеав да преведам. Има уште, за психо предупредувања, ширењето на клетвата и клетва на клетвата. Ако некој навистина го интересира да прочита да преведувам, ако не џабе да не се мачам:icon_lol:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Психо предупредувања

Сево ова покажувало во правец на окултното: на дело биле чудни сили вон обичниот свет. Две индивидуи осетливи на мрачните сили подоцна откриле дека тие, всушност, го предупредиле Карнарвон да не го чепка фараоновото вечно почивалиште. Читач од дланка Велма пишал дека Карнарвон се консултирал со него непосредно пред заминувањето за Луксор, ноември 1922. Велма бил загрижен поради големите флеки на линијата на животот на неговата рака и се обидел да го предупреди за опасноста која таа ги прорекува.
Видовитиот Кјеро подоцна објавил еднакво значајно откритие во своите мемоари. Додека се наоѓал под контрола на духот на принцезата Макитатон, седмата ќерка на фараонот Ехнатон, напишал итно предупредување до Карнарвон:
Стануваше збор за тоа дека по доаѓањето во Тутанкамоновата гробница не смеел да дозволи да се премести или изнесе од гробницата ни една реликвија. Пораката завршувала со ’ако не ги послуша предупредувањата дека ќе претрпи повреда уште во гробницата - болест од која никогаш нема да оздрави, и дека смртта ќе го земе во Египет.’“

По Карнарвоновата прерана смрт, весниците почнале да изнесуваат откритија дека опасноста не му била позната само на Карнарвон, туку и на целата екипа. И покрај тоа, нивната алчност за слава ги натерала да продолжат не водејќи сметка за сопствената безбедност, криејќи ги предупредувањата кои ги добиле.
Кружеле многу приказни во врска со натписот кој е најден над влезот во гробницата, кој истражувачите го закопале за да не се исплашат нивните работници. Еден загрижен египтолог го превел и ги донел до штампата - „Срмтта на брзи крила ќе дојде до секој кој ќе го допре фараоновиот гроб.“ Карнарвон собрал сили древната клетва да ја замени со плоча на која се наоѓал неговиот грб, додавајќи и обележје на приказната „гордост пред падот“.
Јасно е дека поголемиот број египтолози се обиделе да ја минимизираат секоја помисла на окултни сили кои би им се заканувале надвор од гробницата. Меѓутоа, неколку храбри души им се спротивставиле на своите колеги, велејќи дека приметиле работи кои не можат да ги објаснат. Најистакнат меѓу овие отворени египтолози бил Артур Вајгал, бивш главен инспектор за антиквитети на луксорското подрачје, кој бил специјален дописник на Daily Mirror за време на истражувањето на гробницата. Летото 1923 година објавил книга со сеќавања во која се наоѓало поглавје за „Злобата на старите египетски духови“, пропратено со разни анегдоти: случај за мумијата на свештениците поврзани со Робинсоновата смрт; други „несреќни“ египетски предмети; можни фотографија на духот; и драматични последици од лекомислените обиди за воспоставување контакт со духот на Ехнатон.
Вајгал прераслажал една приказна која посебно се однесува на Тутанкамон - приказна за Картеровиот канаринец. Оваа прекрасна птица песнопојка ја изела кобра, која некако влегла во нејзиниот кафез баш денот кога е откриен влезот во Тутанкамоновата гробница.
Оние кои верувале го протумачиле ова така што духот на новопронајдениот фараон, во својот вистински облик на кралска кобра, ја убил среќата на пронаоѓачот која ја симболизира птицата песнопојка типична за мирот на англискиот дом.“

Вајгал ја завршил расправата за темната страна на египтологијата нагласувајќи ја својата одлучност да ја разгледува оваа спорна тема:
Слушнав најапсурдни бесмислици кои ги кажуваат во Египет оние кои веруваат во злобата на мртвите; но во исто време јас се обидувам да останам отворен кон таа тема.“

Април 1926 година, весниците објавија дека др Даглас Дери од каирската медицинска школа открил нешто чудно за време на прегледот на Тутанкамоновата мумија. На фараоновото лице имало оштетување точно на местото на кое бил фаталниот убод кај Карнарвон. Вајгал за Morning Post вака ја искоментирал таа зачудувачка „коинциденција“:
Иако не можам баш да кажам дека се согласувам со верувањето во ефикасноста на таквата клетва, морам да признам дека некои навистина чудни работи - наречете ги коинциденции ако сакате - се случиле во врска со ископувањата во Луксор.“

Кога и самите египтолози почнале да прифаќаат дека можеби постојат некои зли сили кои делуваат, би можело да се очекува Британскиот музеј да биде затрпан од пакети кои ги праќале загрижените колекционери на египетски старини од страв да не паднат под слична клетва.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Клетвата се шири

По Карнарвоновата смрт настапиле низа трагедии кои можеле да се поврзат со Тутанкамон. Само по неколку месеци, Карнарвоновиот полубрат, полковникот Обри Херберт, умрел од тровање во крвта по полесна операција. Потоа д-р Евелин Вајт, египтолог од универзитетот во Лидс, се убил во такси во септември 1924. Според Њујорк Тајмс тој однел делови од древните книги од еден манастир во Египет и се плашел од последиците. Оставил порака во која објаснува својата ужасна одлука: „Знам дека на мене падна клетвата, иако зедов одмор за овие ракописи да ги вратам во Каиро. Монасите ми рекоа дека клетвата сеедно ќе дејствува. Сега е готово.
Бројот на жртви припишани на вознемирувањето на египетските мртовци нагло пораснал. Џорџ Џеј Гоулд, амерички милионер, колекционер на старини и Карнарвонов пријател, умрел од изненаден грип само 24 часа по обидот да го убеди Карнарвон да му ја покаже гробницата.
26 март, 1926 година, Њујорк тајмс објавил уште една трагедија под наслов „Во Египет подлегна и шестиот ловец на гробови - д-р Мардрус лансира теорија на некои чудни сили.“ Нова жртва бил професор Жорж Бенедит, директор на Египетските старини во Лувр, Париз, кој паднал при посета на гробницата и тогаш „заработил“ запаление на плуќа. Д-р Џ. К. Мардрус, преведувач на Илијада и една ноќ, прашан да ја искоментира оваа случка, не се плашел да го искаже својот страв од окултните сили:
Не станува тука збор за детско суеверие кое може туку-така да се отфрли. Мораме да имаме на ум дека Египќаните, во периодот од 7000 години, за да обезбедат мир на подземниот живот кој треба да им годи на нивните мумии и да ги спречат сите обиди за реметење на нивното почивање, вежбале магиски обреди чија моќ за нив била несомнена. Апсолутно сум убеден дека тие знаеле како на мумиите и околу нив да концентрираат некои динамички сили за кои ние не знаеме скоро ништо.

1934 година Херберт Винлок, директор на Музејот на уметноста Метрополитен, составил импресивна листа „жртви на клетвата, според новинските известувачи“. Винлок, покрај смртта на Карнарвон и неговите двајца полубраќа, и на Евелин Вајт и Жорж Бенедит, ги додал и жртвите: д-р Арчибалд Рид, специјалист рендгенолог, по прегледот на Тутанкамоновата мумија; Артур и Мејс, Картеровиот асистент, умре од запаление на плуќата; Карнарвоновиот секретар, Ричард Бетел, умрел од срцев удар; Бетеловиот татко, лордот Вестбериј, кој извршил самоубиство; едно осмогодишно дете кое го удри мртвачката кола на лордот Вестбериј; принцот Али Камала Фамија, бег од Египет, кој ја посетил гробницата, а убиен е во Лондон; чуварот на Британскиот музеј кој паднал мртов додека ги лепел етикетите на предметите од гробницата; и, навистина иронично, со оглед на неговиот начин на пишување на оваа тема, Артур Вајгал, од грип.
И долго време по смртта на сите учесници во сквернавењето на Тутанкамоновиот гроб, иако сите биле мртви, клетвата и понатаму заземала замав. 1972 година, генералниот директор на Египетските старини, д-р Гамал Мохтар, умрел кога Тутанкамоновото богатство било префрлено на изложба во Англија. 1978 година, лондонскиот News of the world ја обелоденил несреќата која го снашла на екипажот на авионот над Англија кој ги пренесувал Тутанкамоновите реликвии - цел список срцеви удари, повреди и лични трагедии.
Најверојатно и денес се изложуваат на опасност оние кои влегуваат длабоко во оваа материја. 1992 година, историчарот Кристофер Фрејлинг напишал и уредил серија за BBC за влијанието на откритијата на фараонот дете на Западниот свет. Тој наведува цела низа случаи, од кои некои можеле да завршат трагично:
„Светлата изненадно се изгаснаа кога прв пат ја спомнав клетвата додека стоев над Тутанкамоновиот саркофаг со стаклен капак, длабоко во гробницата; гласот наеднаш се пригуши од непознати причини кога почнав коментар покрај златната маска на фараонот во Египетскиот музеј во Каиро; на директорот наеднаш му се влоши состојбата од жолчен камен (волест од која на почетокот на 20-те страдал самиот Хауард Картер) на половина од разгледувањето; пукање на главниот кабел на лифтот во хотелот Каиро каде бевме сместени и драматичното отпуштање на лифтот од 21 кат, со директорот и водичот во него; доста непријатен напад на астма... практично цела екипа добила конјунктивитис откако снимивме ноќна секвенца во Долината на кралицата за (Вајгалов обид) раздвижување на Ехнатоновиот дух.
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
ova za tutankamon imam citano ama ke da se toa nekoji otrovi
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Rules are made to be broken, curses are made to be realeased!!!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Клетвата на Тутанкамон - измислица!

Повеќето од сведоците што присуствувале на отворањето на гробницата на Тутанкамон во далечната 1922 година доживеале длабока старост. Ова е адгументот на австралискиот научник Марк Нелсон, со кој тој уште пред две години ја соборува теоријата за клетвата на Тутанкамон, која се сметала за причина за смртта на многумина кои присуствувале на отворањето на гробницата пред 85 години.
Нелсон тврди дека митот за клетвата го создале конкурентските весници кои биле исклучени од пронајдокот на столетието, кога ексклузивните права му биле дадени на лондонски Times. Тимот од 25 лица што ја отворил гробницата го предводел археологот Хауард Картер, но откако по само неколку седмици починал спонзорот на целата акција, лордот Карневон, буквално е родена легендата за клетвата.
Весниците во тоа време пишувале дека во гробот била испишана клетвата дека „смртта на брзи крила ќе дојде кај секој оној што ќе го загрози мирот на кралот“, иако за постоењето на ваков натпис нема никаква официјална потврда. Нелсон смета дека ова е мит, бидејќи ги нашол датите на смртта на сите што присуствувале на отворањето на гробницата. Сите тие во просек живееле по седумдесет години, што според Нелсон само кажува дека нема простор за шпекулации за било каква клетва.
 
Член од
5 април 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
14
Повеќето од сведоците што присуствувале на отворањето на гробницата на Тутанкамон во далечната 1922 година доживеале длабока старост. Ова е адгументот на австралискиот научник Марк Нелсон, со кој тој уште пред две години ја соборува теоријата за клетвата на Тутанкамон, која се сметала за причина за смртта на многумина кои присуствувале на отворањето на гробницата пред 85 години.
Нелсон тврди дека митот за клетвата го создале конкурентските весници кои биле исклучени од пронајдокот на столетието, кога ексклузивните права му биле дадени на лондонски Times. Тимот од 25 лица што ја отворил гробницата го предводел археологот Хауард Картер, но откако по само неколку седмици починал спонзорот на целата акција, лордот Карневон, буквално е родена легендата за клетвата.
Весниците во тоа време пишувале дека во гробот била испишана клетвата дека „смртта на брзи крила ќе дојде кај секој оној што ќе го загрози мирот на кралот“, иако за постоењето на ваков натпис нема никаква официјална потврда. Нелсон смета дека ова е мит, бидејќи ги нашол датите на смртта на сите што присуствувале на отворањето на гробницата. Сите тие во просек живееле по седумдесет години, што според Нелсон само кажува дека нема простор за шпекулации за било каква клетва.
i jas mislam taka bidejki ova veke so ovie prokletstva
 
Член од
9 февруари 2008
Мислења
211
Поени од реакции
7
Jas mislam deka nema nikakva kletva samo izmislici za da se plasi narodot
 
Член од
17 април 2008
Мислења
62
Поени од реакции
1
Па мое мислење тука нема никаква клетва порано имав читано за ова али не ми текнува каде ... ќе се обидам да најдам ќе пастирам.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
па тоа клетвата што е, нели местото не е ислувтирано долго времеи доста бактерии останале внатреи затоа умирале луѓето
 

Kajgana Shop

На врв Bottom