Tутанкамонова клетва

Член од
17 април 2008
Мислења
62
Поени од реакции
1
па тоа клетвата што е, нели местото не е ислувтирано долго времеи доста бактерии останале внатреи затоа умирале луѓето
истото и јас го мислам и плус тогаш имало триста разни болести кои ете останале во затворените простории цели 3000 години.Е сега од таа болест по 3000 години само можи да откријате какви ќе бидат последиците т.е. како ќе влиае тоа врз лујѓето
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
325
Поени од реакции
0
Знам само дека секој кој ке влезел во гробницата на тутанкамон ке умре со мистериозна смрт за брзо време
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
citav nekade deka na vlezot na grobnicata pisuvalo "Срмтта на брзи крила ќе дојде до секој кој ќе го допре фараоновиот гроб.“
i posle toa harbert vinlok gi proucuval zivotite na site 26 luge koi bile tamo koga se otkrila grobnicata 6 umrele vo tek na edna dekada, 2 na sveceno otvoranje na sarkofagot i huard umrel od nekakvo krvarenje

moe mislenje e
grobnicata E PROKOLNATA
p.s. ako egipjanite mozele da napravat ogromni piramidi vo pravec na zvezdite zosto ne bi mozele da frlat kletva
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Знам само дека секој кој ке влезел во гробницата на тутанкамон ке умре со мистериозна смрт за брзо време
Така така....сиромаштијата нема со шо да се теши па ајде и рафаело бонбончињата ги напраи канцерогени :tapp::tapp::tapp::tapp:

Овие митови се создадени од конкурентска природа....така да тој шо може да си дозволи да отиде до Египет слободно нека се прошета и нека види што значело цивилизација пред 4000год. , а не тука да се замара со рајата што фаќа се здраво за готово и шири дезинформации....

Абе ви викам не јадете рафаело бонбочиња канцерогени се :nesvest::nesvest::nesvest::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не знам колку е вистина ова но сепак ќе го кажам.

Еден линиски брод во 1912 година пловел преку Атлантикот со скапоцен товар-египетска мумија.Тоа било телото на пророчницата на Тутанкамоновиот тест Аменхотеп IV.На еден орнамент што бил најден крај мумијата стоела пораката:"Разбуди се од сонот што го сонуваш и ќе ги победиш сите што се против тебе".
Поради својата вредност мумијата не била чувана во бродскиот склад туку во одделението зад командниот мост на кој стоел капетанот.Тој бил Ернест Смит,заповедник на бродот што бил гордост на компанијата "Вајт стар".Делумно и поради неговата грешка бродот удрил во леден брег и потонал со 1.513 патници.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Не знам дали за овде ова али ќе го пишам ...


Тутанкамон исчезнал од музејот во Каиро за време на големите демонстрацииОсумнаесет скапоцени предмети од голема уметничка, историска и археолошка вредност биле украдени од Египетскиот музеј во Каиро, соопшти египетскиот министер за култура и главен државена археолг, Захи Хавас.

Меѓу украдените предмети била и статуата на Тутанкамон од позлатено дрво од периодот на Осумнаесттата династија, како и неговата биста. Од музејот исчезнале и статуите на фараонот Ехнатон, на кралицата Нефертити, и уште неколку помали статуи кои се наоѓале во саркофагот на моќниот фараон Тутанкамон.

Кражбата била откриена при контрола на музејските простории, а се претпоставува дека скапоцените предмети биле украдени на 28 јануари, на денот на големите демонстрации во главниот град на Египет.

Во Египетскиот музеј, сместен на главниот плоштад во Каиро, се чува најголемата колекција на древни египетски антиквитети во светот. Во музејот има околу 136.000 изложени експонати и уште 100.000 предмети кои се наоѓаат во подземните складишта.

линк тука
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Значи, кога ќе се спомне мумија не потсеќа на Египет, иако ако расчепкаме малку по медиумите ќе видиме дека мумии и процеси на мумифицирање постоеле секаде на картата на светот, на сите континенти дури во некои племиња и ден денес се практикува тоа, најчесто го мумифицираат телото на поранешниот водач на племето и го чуиваат како заштитник на населбата! Е сега, приказниве со смртоносниве клетви на египќаниве..... логично е мумифициран леш што лежи во циментирана соба која што незнае за сончев зрак во лавиринт во некоја пирамида во која што има различни течности кои со текот на стотици години смениле којзнае колку форми и привлекле илијадници бактерии и се и сешто, да направат лош прием на некој што после толкав период влезе внатре и не гледам ништо мистериозно во сето тоа.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
аман веке....па колку се стари телата има 100 посто некои бактерии .....а тоа што напишале , па нормално ке напишат , знаете колку ограбувачи на гробници имало тогаш , а тутанкамон имал бајаги вредни работи....
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Проклетството на Тутанкамон

Повеќе од 20 лица починале на мистериозен начин по отворањето на гробницата на фараонот Тутанкамон, а еден историчар тврди дека за некои од тие смртни случаи е виновен англискиот окултист Алистер Кроули.

Историчарот Марк Бејнон ја напиша книгата „Лондонска клетва: Убиство, црна магија и Тутанкамон во Вест Енд во 1920-тите“, во која ја изнесе теоријата која го поврзува Кроули и жртвите на „Клетватата на Тутанкамон“, пренесува британскиот весник „Телеграф“.

По големиот пронајдок на гробницата на Тутанкамон во 1922 година, во текот на следните десет години на неприроден начин починале многу кои биле поврзани со тоа откритие.

Кроули, кого многумина го сметаат за прв човек што почнал да го шири сатанизмот, под влијание на староегипетската религија, кабалата, учењата од исток и алхемијата, го основал филозофското учење Телема.

Бејнон тврди дека Кроули лично го погодило сквернавењето на гробницата и дека бил бесен поради тоа, па тоа му било мотив за некои од убиствата.

Историчарот смета дека во смртта на седум лица кои починале во Лондон, а кои се поврзани со откритието на гробницата, бил замешан Алистер Кроули. Според мислењето на Бејнон, Кроули бил виновен за смртта на Раул Лавдеј, египетскиот принц Али Камел Фахми Беј, Обри Херберт, Ричард Бетел, Лорд Вестбери, Едгар Стил и сер Ернест Волис Баџ.

Раул Лавдеј, кој починл истиот ден кога била отворена гробницата на Тутанкамон и археологот Хауард Картер влегол во неа, бил следбеник на Кроули и тој ден пиел крв од мачка жртвувана во еден ритуал. Бејнон тврди дека Кроули намерно го отрул.

Египетскиот принц Али Камел бил убиен од една од неговите сопруги, Французинката Мари Маргерит во лондонскиот хотел „Савој“, за која Бејнон вели дека Кроули и таа биле љубовници и дека ја наговорил на злосторство. Принцот Камел бил убиен набрзо по посетата на гробницата на фараонот.

Обри Херберт, полубрат на Лорд Карнавон (главен финансиер на експедицијата за ископување на гробницата на Тутанкамон) починал од труење во тек на забарски потфат, а Бејнон мисли дека Кроули и Мари Маргерит биле вмешани и во ова убиство.

Ричард Бетел, Картеровиот личен асистент починал во кревет во ексклузивен клуб кој Кроули често го посетувал. Иако на почетокот се сметало дека се работи за срцев удар, најдени се докази кои укажуваат на тоа дека некој го задавил.

Набрзо по Бетел, животот го загубил и неговиот татко лорд Вестбери, кој наводно се фрлил од седми кат, а Бејнон вели дека е веројатно оти некој го турнал. Вестбери чувал неколку артефакти најдени во гробницата, кои му ги подарил син му.

Едгар Стил, кој бил задолжен за артефактите најдени во гробницата, починал по операција на стомакот, а Бејнон тврди дека зад неговата смрт стои повторно Кроули.

Сер Ернест Волис Баџ, египтолог и пријател на лорд Карнавон, бил задолжен за прикажување на артефактите во Британскиот музеј во одделението за египетски и асирски антиквитети. Тој бил пронајден мртов во својот кревет во 1934 година, а Бејнон смета дека не се работело за природна смрт. Според него, постојат докази за тоа дека Баџ и Кроули заедно се занимавале со разни окултни ритуали.

Бејнон исто така зборува и за поврзаноста на Џек Мевосек и Алистер Кроули. По прочитаните книги и дневници на Кроули, Бејнон заклучил дека со окултизмот бил опседнат и Џек Мевосек и дека неговите убиства се инспирирани од убиствата во Вајтчепел.
- Додека ги истражував овие случаи, името Алистер Кроули повторно се појавуваше. Постојат многу докази кои го поврзуваат со тие настани. Голем дел од неговата религија се темели на староегипетската митологија, поради тоа отварањето на гробницата тој го сметал за сквернавење. Јас само го составив мозаикот од тие делови, изјави Бејнон за британските медиуми.
Интересна мистерија.Сега случајно или не кој знае... :D
http://brkajrabota.mk/vesti/svet/11144-krouli-vinoven-za-kletvata-na-tutankamon
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Египет е стара култура, стара цивилизација место со многу духовност, мистика и знаења. Кога Турците овде закопувале злато со проклетство многу нормално Египјаните тоа да можат да го направат на нивниот најбитен човек фараонот. Донекаде и со причина го направиле тоа кога ке размислам. Пирамидите помеѓу другото се и гробници на фараоните. Тоа е така затоа што пирамидата е најсовршена форма под која најдобро протекува космичка енергија Египјаниве тоа си го изградиле за да им се разбранува (расширува) космичка енергија е сега која е логиката да на такво место закопуваат фараони... Порано секаде па и во Египет за да биде некој избран за главна личност кој ке ја води државата требало да биде најспремен според некој си критериуми и во Египет било така али како и во Тибет и повеќето источни култури и овде најголемите советници на Фараонот односно најмудрите и највозвишените луѓе духовно го избирале поточно го препознавале наследникот кој е најдобро да ја води државата затоа што е благослов да ја води државата. Епа не е ни малку случајност такви луѓе што препознаваат и одбележуваат некој сигурно е тоа поради вибрацијата на таа личност односно енергијата што ја зрачат фараоните е многу битна и силна па кога би ги закопале во пирамида и кога тоа би го појачале со космичка енергија добиваат нешто фантастично и беспрекорно корисно. Колку биле паметни. Е сега ако они биле добри и свети луѓе зошто овде клетва... Замислете нешто толку вредно и битно некој да дојде да го растури и уништи за да се прослави себеси. Клетвата односно проклетството што го направиле е заштита против која ке неможат на никој начин да се одбранат истражувачите пардон уништувачите кои ништо не знаеле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom