Дечки, мојата ситуација:
Имам под 30 год, женет со мало дете, средно техничко - електро (автоматика и сметачка техника), работам но "нормално" не по струката, како продавач и сум со 8 годишно раб. искуство како продавач во трговија (retail salesman)...
Полагав ИЕЛТС тест пред скоро 2 години и извадов 7.5 на General. (Ова оти планиравме да одиме во аус преку мое запишување на курс, стручен во телекомуникации или нешто во врска со електро смерот и компјутерската техника, се распрашавме скоро се, само не се нафатија нашите роднини таму со образложение дека после тој курс, слободно можат да не вратат назад, демек дојдовте да учите, завршивте, повелете назад)
Жена ми со Педагошки факултет, воспитувачка...англиски слабо. Вработена и таа како продавачка со 10 годишно раб. искуство.
Бевме во Австралија туристички на 3 месеци, не бендиса вкрај, средено, законот е закон и се поштова, работа имаше, платите доста повисоки од кај нас во мк (1 час = $20....8 часа=$160, што би рекле 1 ден работа во аус = половина месечна плата во мк), цените во шопинзите прифатливи и за наши услови, зборам за облека, електроника и сл. нешто поскапо овошјето, зеленчукот ама со таа плата во аус доста пристапна.
Сакаме да одиме да живееме таму, голема предност би ни била тоа што жена ми има сестра таму, така да би живееле кај неа некое време дури не се снајдиме, значи нема да плаќаме кирија што би значело многу.
Е сега битен е начинот, најмногу ни го предлагаат горенаведениот начин, како најлесен и најсигурен да се оди таму, ама тоа значи учење и работа...по мојата пресметка со тоа време што е дозволено а тоа е part time се вадат пари онолку колку што треба за да запишиш семестар на факс и не останва многу...мора да се работи и на црно за нешто екстра...а тоа е дополнителен ризик, ако те фатат, назад во мк и бан за аус.
Втор начин е преку skilled immigrant, да се пронајдам во струка што им треба на аус, па сакаме преку sponsored visa и доволно поени да се квалификуваме... е сега за се треба доста пари ама си велиме дека се исплаќа и дека за 1год или нешто повеќе ќе ги вратиме и да почниме од нула нагоре...по искуството од таму еве за нецели 5 год. едни другарчиња тау си купија место и сега градат куќа..
Ако некој пробал на некој од овие начини добро би било да го сподели своето искуство. Кажете ваше мислење за овој случај.
Значи, сакаме да одиме, тоа сигурно, таму имаме и роднини и пријатели доста, бевме, видовме, го поживеавме тој начин на живот, се вклопивме за тие 3 месеци.. we want to get back.