Soccer Manager (Kajgana World)

  • Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
За кога било, сеедно ми е.

Да се дешават нешто. :D
Додека се свежи сеќавањата xD
P.S не може во сабота пробав за Среда не можам да те најдам те нема на листсата ПСВ е тука ама не и ПСЖ да не имаш договорени ?

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Додека се свежи сеќавањата xD
P.S не може во сабота пробав за Среда не можам да те најдам те нема на листсата ПСВ е тука ама не и ПСЖ да не имаш договорени ?

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Кузнајт, можам да закажам за следната сабота.
Иначе ај да напрајме некој дил, иам некои играчи за шиткање.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
Кузнајт, можам да закажам за следната сабота.
Иначе ај да напрајме некој дил, иам некои играчи за шиткање.
Тешко некако не сум заинтересиран за трансфери моментално. (Во стил на менаџееот на Јуве ова хаха) шала на страна составив солидно тимче искрено и некако не ми се за размени а ни за шиткање. Што имаш да понудиш, и уште побитно што бараш xD

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Тешко некако не сум заинтересиран за трансфери моментално. (Во стил на менаџееот на Јуве ова хаха) шала на страна составив солидно тимче искрено и некако не ми се за размени а ни за шиткање. Што имаш да понудиш, и уште побитно што бараш xD

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Сиригу, Мота, Лавеци, Лукас.
Овие се 100% за продажба, сите други се на работ.

А барам дефанзивец.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
Сиригу, Мота, Лавеци, Лукас.
Овие се 100% за продажба, сите други се на работ.

А барам дефанзивец.
Оф и јас сум тенок на таа позиција кога стигнав Чорлука да ми е замена ама и не е толку лош хаххаха, ајде утре ке ти пишам за сигурно што како сеа го исклучив лаптопот да не зборувам на празно.

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
5та победа по ред и 13 натпревари без пораз за мојот Наполи овој пат против Лацио на гости кои не шутнаа ниту еднаш кон голот на Наполи . 0-4 победа по два гола на Габиадини и Торе за зацврстување на првата позиција со + 9 во однос на второпласираниот Евертон и останува единствена екипа без пораз .
Како бонус е новото засилување Баланта од Ривер одличен млад играч ( уште подобар на фм16) .
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
5та победа по ред и 13 натпревари без пораз за мојот Наполи овој пат против Лацио на гости кои не шутнаа ниту еднаш кон голот на Наполи . 0-4 победа по два гола на Габиадини и Торе за зацврстување на првата позиција со + 9 во однос на второпласираниот Евертон и останува единствена екипа без пораз .
Како бонус е новото засилување Баланта од Ривер одличен млад играч ( уште подобар на фм16) .
Видиш не ми текна на него а на ФМ15 ми беше алфа и омега во Монако а тука го заборавив тотално човекот :/

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Свонси повторно несреќен, Баерн го доби германското дерби

swansea.jpg

Eкипата на Свонси се врати со поен, но сепак разочарана од своето гостување на Стемфорд Бриџ. Лебедите, после брзиот гол на Гризман, успејаа да го свртат резултатот во своја корист и само 3 минути ги делеа од победа, кога Вилијам Каваљо спаси поен за Челзи. Втор пат во недела дена Свонси губи поени во последните моменти од натпреварот, и тоа на дуели со Баерн и Челзи.

Баерн Минхен беше убедлив во дербито против Дортмунд. Не дека е некое изненадување со оглед на формата на двата тима, но со резултатот од 4-1 Баварците потврдија дека ќе бидат сериозни конкуренти за титулата. Сепак, на врвот останаа исти работите, бидејќи и Барселона и Манчестер Јунајтед рутински си ја завршија работата.

Зенит ја забележа најголемата победа ова коло, а Клинт Демпси повторно блескаше. Неговиот хет-трик, заедно со головите на Прието и Џовинко ја комплетираа петардата што ја изеде Бенфика во Ст. Петербург. Реал победи трет пат по ред, а ПСЖ и Арсенал ги поделија поените.

Резултати:
rezultati 1.jpg


Табела:
tabela 1.jpg
tabela 2.jpg

Во втората лига Наполи продолжи со победничката серија, а Селта Виго го победи Евертон на Гудисон Парк. Шалке не успеа да го искористи киксот на карамелите и одигра само 2-2 со Фиорентина. Новиот тренер на Тотенхем почна со убедлива победа против Ајакс, со голови на играчите кои ги донесе претходните 2-3 дена. Човек на колото беше Чарли Остин, кој со својот хет-трик му донесе победа од 3-1 на Саутемптон.


Табела:
1. Наполи - 32
2. Евертон - 23
-----------------------------------------
3. Шалке - 22
4. Саутемптон - 19
5. Шахтјор - 18
6. Лион - 17
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Две утaкмици сo бaрсa еднo пo другo - двa пoрaзи и двa ЦРВЕНИ кaртoни. Пoсле тoлку кoлa немaв НИЕДЕН црвен кaртoн дoбиенo, дури и жoлт реткo :cautious::cautious:
Уефaлoнa(n) :place:
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2015
Мислења
203
Поени од реакции
176
Видно разочаран од поразот против тотенхем, новиот Брајан Клаф успеа да го спреми тимот за следниот меч и со прекрасна игра ги заработи трите бода во својата четврта победа во лигата оваа сезона, а успеа да остане непоразен и на неговиот седми натпревар во лигата. Пред утринскиот тренинг успеавме да добиеме интервју иако тој беше видно мамурен по синоќешната прослава со играчите.
hqdefault.jpg
Live од интервјуто

Како успеавте толку брзо да го рехабилитирате тимот и да го добиете ПСВ?


-Видете, и самите знаете дека тоа против тотенхем беше пријателски натпревар и играчите ги болеше патлакот, не потрошија кондиција и не се повредија. Против ПСВ беше друга приказна, топката се движеше течно, игравме офанзивен фудбал а нашите крилни играчи беа извонредни.

Како ќе го искоментирате настапот на некои поединци во вашиот состав кој што не беше задоволителен?

-Па... Не можам да ви дозволам ниту еден лош збор за Дени Ингс. Тој е едноставно највредниот играч во нашиот состав и е жртва на тактиката. Мислам дека неговото место во тимот е запечатено, а головите и асистенциите ќе дојдат со текот на времето. Дефанзивата сеуште беше ранлива но да не заборавиме дека Шоукрос е повреден па Досон застана како штопер а на десен бек свое деби имаше мојот нов миленик Трипиер така да не можеше подобро.

Знам дека ова прашање е малку медиокритетско и дека сите пишуваат за него, но што мислите за ова издание и првиот хет-трик на Чарли Остин?

-(со тивко пеење) He used to build walls, he used to build waaaalls, Charlie Austin, now he scores goals :D

Што ќе кажете за мечот против Наполи во недела и дали се плашите од прв пораз во лигата?

-Стравот е за машки од понежен пол, ние немаме страв од никого. Поразот веројатно некогаш ќе стигне, но доколку не се плашите од смртта, таа можеби и ќе ве избегне, нели :) Јас таму не одам да јадам пица, мислам, добро, веројатно и тоа ќе биде дел од нашето гостување, а не одам ни да јадам 3-4 парчиња во мрежата. Таму одам да го мотивирам мојот тим да се бори, а кој ќе отиде со мисла дека ќе загубиме ќе биде исфрлен од составот за век и векови.


За крај, кој највеќе се покажа на синоќешната прослава?

- Тоа е срамно да се прашате, дали мислите дека некој би можел да ми го украде шоуто на мене :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom