Треба да гледаме да не останат некои сами во лигата и плус да има бар за два-три клуба простор доколку се јави некој сред сезона.
2x20 со исто играчи и во прва и во втора лига. Рандом распоредени, без разлика на јачината на тимот
Мали лиги. Во прва лига ние старите активни членови, во втора лига оние новите што ни се знаат ни се познаваат. Не е фер.
Во лига со 10 луѓе зашто да играат анонимуси меѓу себе? Ако е за мала лига ќе си соберат другари па поинтересно ќе им е.
Нека ти е јасно, додека дојде време тие да играат во прва лига, веќе активни играчи нема да има тука!
Гледаш во KW. Дојдовме до едно ниво, имаш пари, а нема што да купиш со нив. Кој држи добар играч сигурно нема да го продаде.
И тука ќе е така. 30тина тимови секој по 3ца ѕвезди да купи на почеток и уште 3-4 во текот на сезоната веќе нема да има интересни играчи за продажба.
Па за брзо време ќе се бара нова партија, со можеби уште послаби тимови, или балканска лига нешто.