Сега погледнав како изгледа креирањето на game world.
Предлог.
- Ако сме помалку од 20 играчи, играме во една дивизија
- Со повеќе од една дивизија да одиме ако има над 21 пријавен. Формат 2х12, 2х14 итн, во зависност од бројката на пријавени.
- До 16 екипи ако сме, по 3 екипи нека влегуваат во прва лига. 4 екипи нека влезат ако сме по 18-20 клуба во дивизија.
- Плеј-оф нема. Не е фер некому цела добра сезона да му пропадне во еден натпревар.
- Тимови, по желба на играчот. Избира од предложените, или предложува негов клуб ист или послаб од претходно набројаните тимови.
- Репутација на менаџер - небитна. Секој може да игра во лигата.
- Економија по default е на normal. Нивоата одат poor, normal, strong, rich, very rich. Јас сум за подобра економија. Верувам никој не сака да оди во загуба со пари.
- Повреди, суспензии нека има
- SMFA нека ги надгледува трансферите, да нема другарски бизниси
- Може да се вклучуваат и играчи во трансферите
- Може да се купуваат играчи и од менаџираните и од не менаџираните тимови
- Нема ограничување на играчи по години и рејтинг и националност за трансфер
- Трансфер период нема. Може во било кое време да тргуваме
- Менаџерите нека не може да добијат отказ
- Менаџерите мора да се логираат во рок од 10 дена
- Почетен буџет 100 милиони
- Почнуваме со default sqads на тимовите