Од Втора Лига до титула,
Евертон е новиот КЕЛ Шампион
Eвертон не успеа да го победи Интер на Гудисон Парк, но ремито од 2-2 беше доволно за освојување на титулата во Кајгана Европа Лигата. Карамелите имаа неколку "меч топки" во претходните кола, и конечно на едно коло пред завршувањето на втората сезона од КЕЛ, против сеуште актуелниот шампион успејаа да ја осигурат својата прва титула во ова натпреварување.
Најголеми заслуги за овој историски успех на тимот на Евертон одат на сметка на менаџерот
@ManUtdChampions, кој го презеде клубот минатата сезона, додека тие се наоѓаа на 7мото место од Втората КЕЛ Дивизија. Чемпионс прво успеа да го обезбеди 6тото (последно) место кое води во бараж разигрувањето, за после со малку повеќе среќа и 2 победи на пенали да го фати последниот воз кон Првата Дивизија. Периодот меѓу 2те сезони го искористи да ги донесе играчите кои веќе му беа на листата на трансфер желби уште додека беше во ПСВ и со заслувања како Модриќ, Матуиди, Де Брујн, Пишчек, Барзаљи и Гаитан успеа да склопи одлична 11торка, која подоцна ја издоминира Кајгана Европа Лигата. Чемпионс на интервјуто после денешниот натпревар му се заблагодари и на екс-тренерот на Евертон,
@Makaron, кој во тимот ги донесе Кристијано Роналдо и Дибала, играчи без кои сигурно успехот на Карамелите не би бил возможен.
Иако им падна формата на последните неколку меча, и немаат победа веќе 4 кола по ред, двете инзвонредни серии од 8 победи и 14 меча по ред без пораз беа клучот за освојувањето на титулата. Чемпионс за наредната сезона вели дека ќе одат на одбрана на круната, иако признава дека конкуренцијата станува се посилна и дека не очекува уште поинтересна сезона во Кајгана Европа Лигата.