Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.643
Поени од реакции
5.318


Нема потреба од никаков коментар.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Џонтра не заебавај..реално Германската лига е поквалитетна и тука треба само да се молчи и признае..Шалке,Минхенгладбах,пребогатиот Волфзбург,Леверкузен се поквалитетни и подобри екипи од Лацио,Виола,Интер и Милан во овој момент ..плус Германските екипи се физички каде каде поспремни и подобри од Италјанските каде после 70 минута не знаат кај тераат
Се сеќавам Јуве кога доби фудбалска лекција од Баерн ептен актуелни станаа муабетите за Бундес>Сериа А, но чудно е тоа што истата пролет Лацио во ЛЕ ги збриша Борусија Менхенгладбах и Штудгарт, па никој не го искористи тоа во аргумент. Најглупи ми се споредбите на лигите, но барем кога некој го прави тоа треба сите работи да ги земе во предвид, не само тие што му одговараат.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
Ај да не останам покус и јас.
Најпрво за анкетава се разбира гласот отиде за Јуве кој е секако фаворит број 1 и оваа сезона за освојување на лигата. Не ми е јасно како некои Рома ја ставаат пред Јувентус фаворит за освојување на трофејот. Гледајте малку реално на работите и споредете ги составите и индивидуалните играчи. Факт е дека Јуве е класа над Рома, а тоа шо минатата сезона не се очекуваше толку од Рома и не беа под притисок тоа им беше предноста, а и не играа во Европа и утакмици од цикенф
Е сега единствена предност мислам дека ја имаат на тренерската позиција. Дај боже да ме демантира Алегри и да се покаже како што треба и без поголеми потешкотии трофејот да си остане во Торино.
Во трка за скудето не смее да се заборават и Наполитанките. Шансите за да бидат шампиони им се многу мали но не и невозможни. Единствено нешто што го сакам во нивната игра е тоа што на дерби дуелите играат крвнички како да играат финале ЛШ.
Ми се допаѓа играта на Фиорентина и очекувам сезонава да бидат во трк со Наполи за 3та позиција.
За Интер и Милан мислам дека не е потребен коментар, посебно за вториве кои се за жалење последниве 2-3 сезони и пак на стариот не му чуе. Лацио ќе биде исто тука некаде во борба за 5та позиција заедни со миланските екипа.
Доколку си биде се како што треба со составот на Јувентус и ги задржи клучните играчи, најверојатно титулата ќе си остане во Торино.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Малку офф, се извинувам на @Ilumious не требаше неговиот пост туку овој требаше да биде цитиран :)
Калчополи 2005-2006..Оправдано одземена титулата,и оправдано селење во Сериа Б..Еден од местачите бил и Буфон..И за Конте се шушкаше дека местел..
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
И оваа тема се затру со постовите за местење :facepalm:
Според мене не очекува интересна сезона. Јувентуси понатаму е фаворит за скудетото. За Јуве горе доле све се знае, го сменија тренерот, но играчите се тука а и Алегри е далеку од просечен тренер. Рома како што кажа претходно некој пред се треба да докаже дека ланската сезона не била само случајна и доколку е така е сериозен конкурент на Јуве. Очекувам Наполи, Фиорентина и Интер да се борат за третото место. Милан ми е тотална енигма. Што се однесува до мојот Лацио донесени се засега солидни засилувања Де Вриј,Џорџевиќ, Пароло,Баста . Ни фали уште еден партнер на Де Вриј во одбраната и ќе бидеме покриени. Овој состав е способен за ЛЕ а ако ни се наместат коцките, и малку среќа ( иако многу тешко) да се умешаме за трето место. Се ќе зависи и од новиов тренер кој барем според минатото мене не ми влева сигурност, но ова е фудбал и све е можно. Едвај чекам да почне сезонава и се разбира да ги плеснеме Рома :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.847
Поени од реакции
8.693
Значи, да каже некој како Рома била фаворит за наредната година или не прати Сериа А или нема појма од фудбал. Како прво сеуште не е завршил трансфер рокот, од кај знаеме дали Рома нема да продаде некој од клучните играчи или пак Јуве нема да купува јаки играчи, Друга работа, и вака како што стојат работите Јуве со Алегри е повторно фаворит. Сите играчи им се тука, лани со тие играчи не само што се прошетаа низ лигата, туку рушеа и рекорди. Од друга страна имам мал страв кога е во прашање Рома, лани имаше одлична сезона, но треба да се види како ќе започне оваа година.

Јас мое мислење можам да дадам некаде во септември, сега е рано. Сега вака само можам да кажам дека Јуве и Рома двојат од другите екипи и само нив ги гледам како кандидати за титула, со предност на Јуве.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Може некој ќе изненади како што лани изненади Рома ...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Може некој ќе изненади како што лани изненади Рома ...
како бе тоа лани рома изненадила? Па уште од почеток се знаеше дека рома ќе конкурира за првите 3 места, имаа склопено одличен тим.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
како бе тоа лани рома изненадила? Па уште од почеток се знаеше дека рома ќе конкурира за првите 3 места, имаа склопено одличен тим.
Искулирај дека лани ова време се знаело дека Рома ќе заврши 2ро место. (y)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
како бе тоа лани рома изненадила? Па уште од почеток се знаеше дека рома ќе конкурира за првите 3 места, имаа склопено одличен тим.
Тоа се знаеше кога рома сврза првите 10 кола 9 победи, ама пред да почне првенството никој не знаеше ништо , затоа те молам не треси зелени
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom