Ристо Бомбата митс Суперхикс, арејнџ’д бај д уан енд онли Виклер Скај
Интересен колектив од 8 момци од Белград.
Нивниот албум го имам во телефон веќе месец и кусур.
На претходното работно место ги тероризирав колегите со Буѓав Лебац.
Ајт една мала рецензиичка на целиот албум
1. Птичји грип 0:27
Уште од интрото се слуша дека се шегобијци. Моја лична претпоставка е дека за следниот албум ќе имаат интро свински грип
2. Буѓав лебац 3:27
Сите ја знаете, нема ништо да коментирам
3. Ибро 4:15
Рокенрол узврача ударац
На класична рок мелодија стихови карактеристични за српскиот фолклор
4. Ракија 4:30
Раааааааакију воооолим да пиииијем
Ода за ракијата отствирена на хармоника и пијано
добро, и останати инструменти. Не ми паѓа на памет дали досега некој го опеал овој пијалак во песна, меѓутоа не верувам дека некој има напишано волку емотивна песна за ракијата
„Волим, волим, волим,
Волим да је пијем,
Наџите је све чу
Све чу да вас бијем“
5. Ана 2:29
Слушнете го пратечкиот вокал на почетокот пред да почне строфата
Јас го приметив после 2 недели слушање и умрев од смеење.
Песнава ја имам пуштено на еден куп Ани, и на сите им се има допаднато
Најубава песна посветена на несовршеноста на една девојка што ја имам слушнато досега. Веселиот дух на бендот и дава на песнава една посебна енергија.
6. Ратујемо ти и ја 4:02
Уште една љубовна песна со мнооооогу наобични стихови. Контрасти на сите страни, во секој стих, за на крај љубовта да надвладее.
7. Синдром лидера мале странке 2:01
С.А.Р.С.-ов начин да се изрази незадоволство од политичката состоба во Србија, но и пошироко. Генијална социјална тема.
8. Дебели лад 4:07
ААААА блажоини ме фркет што би рекле охриѓани.
Лесен реге ритам, длабока философска тема изразена преку 3-4 стихови. Социјална тема пак. Ќе издвојам неколку стихови:
„Неке граде владе, да се лакше краде
Неке биљке саде, а тречи их ваде“
Верувам дека би му била една од омилените песни на Fаbullous178 R.I.P.
9. Ѓуричко 3:05
Песна за спознорите и спонзорушите. Чиста вистина, искрено исплукана низ песна.
10. Будим се 3:40
Најбавната мелодија на албумов. Повторно социјална тема. Гостување со рецитал на Виклер Скај.
11. Зубарка 4:57
Моја зубарка је жена са мером,
Маторку бољу у животи ниси видео
И сисе и дупе и ноге ко Шерон
Кад би ми дозволила радо би је скид’о
Плус сево ова испеано на неколку начини
Бендов клоца газови
12. Буѓав лебац (DJ Rahmanee RMX) 4:31
Најпознатата тема ремиксирана од страна на еден од најдобрите српски drum&bass ди-џеи, и воедно пријател на Биклер Скај.
Се на се, еден од најдобрите албуми што ги имам слушано.