Со моменталните цени на храната ( и своја храна да имаш ) е неисплатливо,освен ако не планираш да отвориш фарма во која што ке имаш од 800 до 1000 зајци. Води сметка не е само да го земеш и да го затвориш во кафез и да чекаш малечки,два пати дневно храна и толку.
Заебани се за чување, кафези по димензии за машки приплодни единки ти треба барем еден квадрат по грло, женки 750 до 150 см кубни по грло зависи која раса ке ја чуваш, објектот на локација треба да биде прозори свртени кон исток,вентилација, вакцини ( матичните грла мораш да ги вакцинираш една вакцина е 50 евра и тоа само во србија можеш да ги најдеш ),лекови , посебна храна,не поднесуваат влага не поднесуваат нечистотија.,дезинфекции , дератизации. Ако планираш бизнис да правиш само со јачмен пченка и пченица ништо не правиш.
Па ако ти се погоди лоша година како оваа од 300 окотени да ти останат 50 а таман си ги дотерал до кило, многу се нежни . Не можеш да ги пушташ да се парат кога сакаш, ти можеш но на температури повисоки од 30 степени мажјаците се стерилни,есено време е влажно,паразити болести колку сакаш не трпат влага ке се окоти таман ке ги одвоиш од мајка им може да се случи се да поцркаат, или недај боже да се навлажнат малите се до едно отидоа. Ги пушташ да се парат октомври ноември, чекаш да не фатат јаки студови фатија ли минусни температури ако не грееш отидоа, и да останат живи се што ке изедат трошат на загревање, прираст минимален.
Влезе ли еднаш болест во објектот немаш друг избор освен све да ги уништиш и да започнеш повторно од почеток.
Ги напаѓаат паразити,стаорци ги ништат малите. Не земај одма некоја раса почни со мелези бидејки се по отпорни, и колку за занимација аматерски терај најмалку две три години да видиш како ке ти оди.
Друг битен момент, кој и да дојде а зајачко зајачко убаво ова она, кога ке му спомнеш пари сите губат интерес и некако не јадат зајачко,и не им се даваат пари. Ке дојде некој прекупец ке ти земе 200 300 кила месо треба да го чекаш за пари, кафани мафани ресторани ке однесеш ти вели потврда од кланица, потврда од ветеринар, уште да ти побара потврда дека не бил зајакот на трки, а кога ке му ја кажеш цената дека со сите салтанаци тој што ја бара не е 280 денари туку е 300 350 еј па не ми се исплати скапо е, а тие ги продаваатт по 4500 5000 денари. Кога се ке собереш ке видиш дека само тој што ги чува освен што дреме по 8 до 12 сати со нив ( мораш како деца да ги гледаш ) сите останати имаат ќар,тебе ти останува маката и ако бидеш среќен да извадиш за храната за оние три четири зајака во месецот ти што ке ги изедеш да ти бидат на 0.