Nouvelle Vague

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
:(

Џој Дивижн ти се најомилен бенд, но ти се допаѓаат овие бљувотини?

:facepalm:

Дали можеш овој човек, со неговата епилептична болка да го поврзеш со ова срање?


Ако можеш, бескрајно си далеку од Џој Дивижн...
Мешаш стилови Ставрогрине... не се споредуваат два различни стила и да избираш што е подобро.
 
L

Ligeia

Гостин
Nouvelle Vague e француски музички состав чии основачи се музичарите Marc Collin и Olivier Libaux. Нивното име е игра на зборови, што значи “ нов бран ” на француски и "bossa nova" (нов тренд) во Португалија.

За овој албум Marc Collin ќе каже: “ Идејата ми беше да добиеме нова димензија на песните, а под тоа подразбирам Карибите измеѓу 1940 и 1970

Песните се продуцирани и изведени на (како велат критичарите) шармантен и лукав поп начин, а сето тоа зачинето со францускиот секси стих.
Немав време да реплицирам утрово.:)
Forrest секоја чест за начинот на кој пишуваш за бендовите,искрено многу ми се допаѓа и мојот лајк на овој пост е за темелната обработка на бендот и свежината во текстот.Very,very nice.(y) But...морам да се согласам со @Ставрогин; и @Biafran Jet Set.За болдираното:

1.(пасос) Не ми се допаѓаат баш заради нивното име кое не е во реален сооднос со она кон кое се насочиле да го презентираат и одберат како етикета на бендот.Под ''игра на зборови'' или еве ''нов бран''подразбирам бенд чија поезија и уникатност удира шамари по неосвестената маса и ги збунува идиотите кои не се разбираат во музика.Само нивното име ги прави патетични бидејќи е несоодветно со преработките кои ги пласираат и ги подбуцнуваат дури и вчерашните глувтари да паднат во заблуда дека случајно се кул и се разбираат во музика.

2.Не постои нова димензија на нешто што е ставено како жиг на една епоха.Да го преработиш Џој Дивижн за релакс третман е навистина сквернавење.Како да го отсечеш тој жиг од кожата на уметноста и да го прилепиш на друго тело.Грдо.Фејк.А Карибите ми ја реметат целата меланхонија која ме натерала да го ставам цд-то од New Order во системот и да го притиснам копчето play.

3.Не се шармантни,но се лукави.Со пласирање на лигави женски вокали и целиот тој гламурозен франсе-парижан свет по кој лудуваат младите во Gossip Girl печалат слава но ги снемува по секоја песна пуштена на радио и не оставаат траги зад себе.Нешто како провев при отворен прозорец.Шармантно всушност делуваат жените а не музиката.:P Ех,а само кога ќе се сетам кога бев детиште,како ревносно му ја порачував Love will tear us apart на бившиот и му ја пеев со иронична насмевка додека му се заканував со средниот прст...Денес кога ќе ја слушнам во изведба на Nouvelle Vague тек сега во мене се буди суицидното чувство.:D

Се разбира ова е само мое мислење и ги почитувам туѓите вкусови.Нека има музика.:)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мене Joy Division ми се најомилен бенд и New Order исто така ама и покрај тоа ми се допаѓаат и верзиите на Nouvelle Vague на Love will tears apart и Blue Monday. Не можеш да кажеш дека песните се уништени затоа што не се, баш таа преработка им дава поинаков призвук поради што и двете верзии се убави на свој начин.
И друга работа, Ian Curtis беше само фронтмен на Joy Division, а јас подеднакво ги ценам и останатите членови на бендот кои створиле и сеуште творат одлична музика... истите тие дале одобрение за преработка на нивните песни :).
Кој бисер.

Он. Не ми прават ќејф.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom