Nouvelle Vague

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
nouvelle_vague.jpg

Nouvelle Vague e француски музички состав чии основачи се музичарите Marc Collin и Olivier Libaux. Нивното име е игра на зборови, што значи “ нов бран ” на француски и "bossa nova" (нов тренд) во Португалија. Тоа се однесува истовремено и на новиот бран од 60-тите години на култниот француски филм, чии насловни и носечки теми ги реинтерпретирале во стилот на bossa nova манир.

На својот прв албум издаден 2004 година едноставно наречен Nouvelle Vague, составот носи класични нумери New Wave, но ги изведуваат во нов аранжман (bossa nova style). На реализација на проектот учествува цела плејада на пејачи од Франција, Бразил и Њујорк, како би биле на висина на задачата и како кавлитетно би одговориле на барањата кои пред нив ги поставуваат XTC, Modern English, The Clash, Joy Division, Tuxedomoon…

Песните се продуцирани и изведени на (како велат критичарите) шармантен и лукав поп начин, а сето тоа зачинето со францускиот секси стих.

Едноставната и уникатна изведба и квалитет кои го понудиле, на големо го изнеле моќните женски вокали кои ги изведувале песните на себе својствен и автентичен начин. Концептот бил одма прифатен од бројната публика ширум светот, кои добиле поново шанса да уживаат во хитовите од осумдесетите, но сега во нов (подобар уај ноат) манир.

nouvelle-vague-2.jpg

Значи у шо е финтата? Тие разработиле една идеја до совршенство, а тоа подразбира основната мелодија од секоја песна во интерпретација на тотален анонимус пејачка, но пејачки кои дотогаш никогаш не ги слушнале punk, rock или new wave оригиналите. На тој начин се создава нов сосема оригинален cover кој наидува на големоо воодушевување кај вистинските аудиофили, но и те како добро минува и кај вистинските џезери и старата гарда на панкери. Комплетниот проект (покрај двоецот Collin – Libaux) е остварен со осум жени (шест Французинки, Бразилка и Американка).

Во 2006 година го издаваат новиот, втор по ред албум Bande A Part (Bande à dio), кој ги вклучува верзиите на "Ever Fallen in Love (With Someone You Shouldn't've)" by Buzzcocks, "Blue Monday" by New Order, "The Killing Moon" by Echo & the Bunnymen, "Don't Go" by Yazoo and "Heart of Glass" by Blondie. Албумот наидува на големо воодушевување кај музичките гурмани и набргу достига милион продадени носачи на звук.

За овој албум Marc Collin ќе каже: “ Идејата ми беше да добиеме нова димензија на песните, а под тоа подразбирам Карибите измеѓу 1940 и 1970. Баш како што за претходниот албум имав визија во глава за млади Бразилки кои на бреговите на Рио ја пеат “ Love Will Tear Us Apart ”, така и за овој проект во главата имав младич кој на гитара ја свири “ Heart of Glass ”на брегот во јамајканскиот Кингстон . “
Овој албум е мешавина од поп, реге, боса нова со призвуци на салса и сето тоа направено на француски начин.

f0c501697f2fbe3251acbdb7dd6.jpg

Многу имиња од светот на музиката со голема симпатија гледале на нивната фантазија и изразиле желба да и самите бидат дел од приказната, што ги потикнало водачите на проектот (Marc Collin и Oliviera Libaux) на логичен чекор - прифаќање на соработката.Така се роди едноставно наречениот "3 Nouvelle Vague" албум на кој гостуваат легендарните Ian McCulloch (Echo&the Bunnymen), Terry Hall (Specials/Fun Boy Three), Barry Adamson (Magazine) и други.

Во третиот албум, еволуирале и го надоградиле својот препознатлив пристап: bossa nova ja запознава америка(на):)

У декември 2010, го објавуваат Best of 2010, компилација у две верзии. Првото CD ни носи 15 нумери, додека второто содржи ретки до тогаш необјавени песни.

[AllCDCovers]_nouvelle_vague_bande_a_part_2006_retail_cd-front.jpg

Се потрудив од ваму и таму да ја склопам нивната биографија и тоа се накратко Nouvelle Vague, составот чија музика се топи со нив на сцена. Кога ги слушам имам чувство како да добивам некоја слоумошн варијанта на времето или подобро речено копче за враќање и ресет на минатото. Варено вино и музика која пука од емоции – мислам класика нели? У нивната музика се чувствува влијанието на Collin од The Cure и Joy Divison, али таа ретро амбалажа едноставно те опива. Како што велат и самите зарем можеш после ужасен ден да ја чуеш “ Love will tear us aparat” и да останеш тажен?

- НЕ!

Друго шо ме бендисува кај нивните настапи е шо има таква вибрирачка атмосфера од размена на интензивни чувства, шо сум ги гледал неколку пати како нивните вокалистки пукаат на сцена, завршувајќи ги песните во солзи и покрај тоа што ги имаат милион пати изведувано.

Јас си ги сакам!

Еднаш, Marc Collin изјави дека е време да почнат да создаваат своја музика. Едвај чекам!

Ова дека морам иначе сите песни би им ги постирал.

Препорака: Си ги пушташ и спремен си да им се препуштиш на брановите и нивната магија.




 

Attachments

Milovoe

деЧак со оЗЛОгласен СмешаК
Член од
13 декември 2009
Мислења
90
Поени од реакции
24
Од моментот кога Too Drunk To F*ck ми се избаци во препораки на ЈуТуб (одамна), ми се засфиѓа и во истиот момент све што најдов преслушав од нив. Одлична музика во секој случај, и стварно на настапите има некој посебен vibe...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Секоја врста на преработка на нечие туѓо дело имплицира одредена креативна импотентност на оној кој ја прави преаработката. Кај овие се работи за комбинација на креативна импотентност и безобразлук. Еве го на пример оригиналот на Joy Division:


Преслушајте ја песната во целата нејзина големина и драматичност. Еве јас потоа оваа беда од преработка:


Едna потполно непотребна глупост. Јас лично после слушањето на двете верзии се чувствувам како после капење во чиста вода некој да ме пикнал во базен полн со говна, и ми се наметнува само едно прашање:

Зошто воопшто постои вакво срање???

Побрзо би слушал Цеца, која е дно на дното, отколку ваква "музика"...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Мислев дека сум единствен наоколу кој има мислење какво што треба за овие мунгосиве па се подзамислив малку да не е нешто проблемот до мене, меѓутоа Ставрогин арно објасна се'.

Многу јако е и впечатливо, што фановите на Нувел Ваг ептен при срце си ги имаат и си ги сакаат песните ко Too Drunk to fuck или God Save the Queen, а не ни слушнале за Дед Кенедис или недај Боже за Секс Пиштолите.
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Зашто, креативна импотентност кога во музиката, а и уметноста воопшто, секој краде од секого, се е ремикс на ремикс. Многу малку се оние што внеле нешто сосема невидено дотогаш. Испаѓа дека сите се импотентни.
Може некој да направи ново дело и да биде тапа, и после да дојде некој да го ремиксира и да биде закон. Можда првиот имал доволно креативност да го содаде првото дело, а тој што го ремиксирал да има доволно креативност да го направи десет пати подобро.
Ама не, тој што го направил оригиналот е покреативен.(y)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Си мислев да не реплицирам пошо се е прашање на вкус, али зар навистина Nouvelle Vague ги доживате само како бледа копија на оригиналот? Ма не е можно. Јас од секогаш сум ја величел големината на оригиналите, али Nouvelle Vague и нивната музика звучат проклето добро(барем за рилекс). И кога ги слушам никогаш не ја правам таа паралела како звучи оригиналот, зашто Nouvelle Vague не ми ни оставаат простор за тоа.Впрочем и ко ќе подразмислам они не ни создаваат музика, они тргуваат со чувства. Затоа шшшшшшт:)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Поентата на God save the Queen не беше ти да се релаксираш, ниту некој да „тргува со чувства“.

Него, да, за вкусови не се расправа.

На прасињата што да им ставиш во копанката ке изедат. Поготово ако тоа го видат на Виејџуан.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Си мислев да не реплицирам пошо се е прашање на вкус, али зар навистина Nouvelle Vague ги доживате само како бледа копија на оригиналот? Ма не е можно. Јас од секогаш сум ја величел големината на оригиналите, али Nouvelle Vague и нивната музика звучат проклето добро(барем за рилекс). И кога ги слушам никогаш не ја правам таа паралела како звучи оригиналот, зашто Nouvelle Vague не ми ни оставаат простор за тоа.Впрочем и ко ќе подразмислам они не ни создаваат музика, они тргуваат со чувства. Затоа шшшшшшт:)
Проклето добро? За рилекс?

:pos:

Јан Кертис, творецот на Love will tears apart, се самоуби. Сид Вишс исто замина во вечните ловишта. Мислиш дека тие правеа музика за две Француски ороспивчиња да ги уништуваат нивните песни и да прават музика за рилекс, или за кулирање на плажа, додека расеано се гледаш наоколу во газиња и цицки?

Сакаш да се релаксираш? Земи некоја тупс тупс ју лов ми ај лов ју, бади он д флор, мјузик ис д ленгвич музика, и затупувај се до мила воља...

Греота е Кертис, греота се Sex Pistols...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мене Joy Division ми се најомилен бенд и New Order исто така ама и покрај тоа ми се допаѓаат и верзиите на Nouvelle Vague на Love will tears apart и Blue Monday. Не можеш да кажеш дека песните се уништени затоа што не се, баш таа преработка им дава поинаков призвук поради што и двете верзии се убави на свој начин.
И друга работа, Ian Curtis беше само фронтмен на Joy Division, а јас подеднакво ги ценам и останатите членови на бендот кои створиле и сеуште творат одлична музика... истите тие дале одобрение за преработка на нивните песни :).
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Мене Joy Division ми се најомилен бенд и New Order исто така ама и покрај тоа ми се допаѓаат и верзиите на Nouvelle Vague на Love will tears apart и Blue Monday. Не можеш да кажеш дека песните се уништени затоа што не се, баш таа преработка им дава поинаков призвук поради што и двете верзии се убави на свој начин.
И друга работа, Ian Curtis беше само фронтмен на Joy Division, а јас подеднакво ги ценам и останатите членови на бендот кои створиле и сеуште творат одлична музика... истите тие дале одобрение за преработка на нивните песни :).
:(

Џој Дивижн ти се најомилен бенд, но ти се допаѓаат овие бљувотини?

:facepalm:

Дали можеш овој човек, со неговата епилептична болка да го поврзеш со ова срање?


Ако можеш, бескрајно си далеку од Џој Дивижн...
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Помирољубиво е ми се чини у фудбал фан зоната:) Ставрогин; и Biafran Jet Set; многу бе некако наапани на Nouvelle Vague. Проблем можеби у мојата перцепција е шо можеби ко ги слушам, едноставно ги слушам и не се оптеретувам со оригиналот . Впрочем нивната музика ја доживувам како сосема нова приказна. Или тоа е проблем у вашата перцепција? Јас си ги сакам и Џој Дивижн и Секс Пистолс, али Nouvelle Vague не ги доживувам како сквернавење на нивното дело. Никогаш не сум го сакал тој натпреварувачки дух во музиката па нештото или ми се свиѓа или не. Се обидувам да не рангирам. Nouvelle Vague не ви се свиѓаат ОК, али мислам дека сте брутални кон нив.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Помирољубиво е ми се чини у фудбал фан зоната:) Ставрогин; и Biafran Jet Set; многу бе некако наапани на Nouvelle Vague. Проблем можеби у мојата перцепција е шо можеби ко ги слушам, едноставно ги слушам и не се оптеретувам со оригиналот . Впрочем нивната музика ја доживувам како сосема нова приказна. Или тоа е проблем у вашата перцепција? Јас си ги сакам и Џој Дивижн и Секс Пистолс, али Nouvelle Vague не ги доживувам како сквернавење на нивното дело. Никогаш не сум го сакал тој натпреварувачки дух во музиката па нештото или ми се свиѓа или не. Се обидувам да не рангирам. Nouvelle Vague не ви се свиѓаат ОК, али мислам дека сте брутални кон нив.
Не разбра многу што ти се кажува, а?

Нема врска, сакај си ги ти сите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom