Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.094
- Поени од реакции
- 57.469
ЕмЕлЕс, или едноставно "Америчка лига" е највисоката по ранг лига во Соединетите Американски Држави и Канада. Лигава е во постојана експанзија, па така во моментов ја сочинуваат 29 екипи, 26 од САД и 3 од Канада. Од сезонава во МЛС се придружи и новооформената екипа на Сент Луис Сити, а од сезоната 2025 оваа лига ќе го добие и својот 30ти натпреварувач, фудбалскиот клуб од Сан Диего.
Поделени се во 2 конференции, источна составена од 15 клубови, и западна од 14 клубови. Во регуларниот дел од сезоната секој клуб игра 34 натпревари. Клубовите од источната конференција играат по 2 натпревари меѓу себе и уште 6 натпревари против клубови од западната конференција.
Западната конференција бидејќи има еден клуб помалку, играат 2 натпревари меѓу себе, 1 или 2 екстра натпревар против клубот од својата конференција и уште 7 или 6 напревари против клубови од источната конференција.
Од оваа сезона има промена во плејоф форматот.
Најдобрите 9 клубови од двете конференции влегуваат во финалната фаза од натпреварувањето. По 7 екипи директно се пласираат, а 8мо и 9то пласираната екипа од секоја конференција игра по 2 натпревари меѓусебно за влез во најдобрите 16.
Тие пак влегуваат во фаза “на 2 добиени”. Поделени до парови кои ќе играат до 3 натпревари меѓусебно и екипата која ќе добие 2 оди во конференциските полуфиналиња. При нерешен резултат веднаш се пристапува на изведување пенали, нема продолженија 2х15.
Полуфинале. Да, не се 4, туку се 8 екипи. 4 играат полуфинале на источната конференција, 4 на западната. Се игра само еден натпревар и при нерешен резултат се враќаат регуларните 2х15 минути и пенал серијата.
Победниците влегуваат во финалињата на двете конференции каде што правилата се исти.
Победниците пак од двете финалиња на крај ќе се сретнат меѓусебно во така наречениот МЛС Куп (или Ауди МЛС Куп). Со тој натпревар и завршува сезоната
Кој се се натпреварува оваа лига?
- Источна конференција
Релативно млад клуб во лигава. Се придружи сезоната 2017та, а веќе наредната сезона успеваат и да ја освојат лигата благодарение на неверојатниот учинок на Венецуелецот Жозеф Мартинез и ѕвездата на Њукасл, Мигел Алмирон. Уште од формирањето на клубот на голот го имаат искусниот голман и долгогодишен репрезентативец на САД, Бред Гузан. Во моментов најдобар играч им е Аргентинецот Тиаго Алмада. Млад играч, на кого му се предвидуваше блескава иднина и веројатно преселба во европскиот фудбал, но сепак од минатата сезона реши да го облече дресот на Атланта Јунајтед.
Charlotte
Уште една новајлија во лигата. Ова им е нивна втора сезона во најдобрата лига во Северна Америка. За сега без некој успех во лигата и во моментов се надвор од зоната што носи во финалната фаза. Пољаците Јожвиак и Свидерски, заедно со Англичанецот Ешли Вествуд се најзначајни имиња во овој клуб.
Chicago Fire
Тим што не се менуваше многу во последниве сезони и меѓусебното познавање на играчите веројатно им даде предност за да извадат добри резултати. Моментално се на 8мото место што е далеку подобро од тоа што се очекуваше од нив. Најпознато име во клубов оваа сезона е Џердан Шаќири.
Cincinnati
Повторно релативно нов клуб во лигава со солидни резултати, но барем за сега без трофеј. Дали сезонава би можеле да дојдат до првиот? И тоа како! Овој клуб е прво место во источната конференција со 8 бода предност и според број на поени општо најдобри во целата лига.
Без некои звучни имиња од европскиот фудбал, но битно име врзано за овој клуб е дефинитивно аргентинецот Лусијано Акоста, кој е воедно и најефикасниот играч во клубот и втор стрелец во МЛС во моментов.
Columbus Crew
Клуб од Охајо, што е дел од МЛС уште од нејзиното формирање. Двократен освојувач на истата (2008ма и 2020та). За сега играат солидна сезона, но тоа што е загрижувачки за нив е што останаа без својот најдобар играч Ерменецот Лукас Зеларајан кој се придружи на екипата од Саудиска Арабија, Ал Фатех. Како негова замена е купен Диего Роси од Фенербахче.
D.C. United
Уште еден клуб што е тука од самиот почеток на америчката лига. ДиСи Јунајтес воедно е и најтрофејниот клуб во МЛС. За нас фановите на европскиот фудбал веројатно клуб познат по настапите на Вејн Руни. После неколку сезони поминати во Дерби Каунти, Руни се враќа како менаџер на ДиСи Јунајтед, а за свои “ученици” ги има Бентеке и Матеуш Клих
Inter Miami
Нов клуб, кој ја игра само својата 4та сезона. Но, веројатно еден од најпопуларните клубови во моментов. Не само поради еден од сопствениците, Дејвид Бекам, туку и поради еден од најдобрите играчи на сите времиња Лионел Меси, кој ќе има сериозна задача во продолжените од сезоната, да ги одлепи од последното место во источната конференција. Ако судиме според последниве куп натпревари што се одиграа за време на клубската пауза, присуството на Меси дава сосема друга слика за овој клуб, па така што не се сомневам дека ќе се кренат во остатокот од сезоната.
Предводник на оваа екипа е поранешниот тренер на Барселона Тата Мартино, а покрај Меси, во составот повторно ќе ги има и Жорди Алба и Серхио Бускец.
Друштво на поранешните каталонци ќе им прави и Жозеф Мартинез (играчот што го спомнав кај Атланта), втор по најмногу постигнати погодоци во една МЛС сезона.
Montréal
Еден од трите канадски клубови, но без значителен успех. Предвидувањата се дека и оваа сезона ќе останат без место во плејоф рундата. Најпознат играч им е некогашниот популарен деструктивец во Премиер лигата, Кениецот Виктор Вањама.
Nashville SC
Во МЛС влегоа во исто време со Интер Мајами, но и те како сериозен играч. Го имаат еден од најдобрите играчи во лигата, Хани Муктар, кој е прв стрелец и втор асистент во моментов. Последно се засилија и со Сем Сариџ, така што за мене се едни од посигурните патници во плеј оф рундата.
New England
Уште едни од “основачите” на МЛС. Клуб со одлични резултати, многу финалиња но ниедна титула.
Последниве 4 сезони нивни предводник е Брус Арена, можеби еден од најголемите познавачи на америчкиот фудбал. Човек со 10 финалиња и 7 титули во лигава.
New York City
Клубот познат по Манчестер Сити, Давид Виља и Андреа Пирло. 10 години се дел од МЛС, а за прв пат до титулата дојдоа сезоната 2021
New York RB
Еден од клубовите на Ред Бул групацијата. Започна во МЛС уште од нејзиното формирање како New York/New Jersey MetroStars, за во 2006та година да бидат купени и ребрендирани во Њу Јорк Ред Булс.
Иако имаат големо искуство во лигава, за сега се без освоена титула.
Orlando City
Клуб со доста млади талентирани играчи (главно од Јужна Америка), кои за сега пружаат солидни резултати. Во МЛС се од 2015та година, а најпопуларни беа веројатно по настапите на бразилецот Кака.
Philadelphia Union
Играат одлична сезона благодарение на ефикасната офанзивна линија. Без некои ѕвезди во тимот, но сепак Филаделфија важеа за едни од фаворитите за првото место во источната конференција, иако во овој момент предноста која ја стекна Синсинати делува недостижна за нив.
Toronto
Вториот канадски клуб во МЛС и освојувач во сезоната 2017та кога во своите редови ги имаа Џози Алтидор, Мајкл Бредли и најголемата ѕвезда тогаш во Торонто, Себастијан Џовинко.
Сезонава тоа треба да се Федерико Бернардески и Лоренцо Инсиње, но играат очајна сезона и се на предпоследно место со 19 бодови. А многу веројатно ќе завршат и последни, бидејќи се поизвесно е дека Интер Мајами ќе излезе пред нив.
- Западна конференција
Трета сезона во лигава со генерално добра игра. Оваа сезона се предводени од дуото Аргентинци кои беа и соиграчи во Зенит, Себастијан Дриуси и Емилијано Ригони.
Colorado Rapids
Тука се од почеток, освојувачи во 2010та година, но играат очајна сезона. Последно пласирана екипа на западот со само 19 бодови. Го немаат Меси, па би требало таму и да си останат до крај.
Dallas
Или Далас Брн како што започнаа во 1996та. Просечна екипа од Тексас, што при толку сезони се уште не успеаа да дојдат до МЛС трофејот. Од пред неколку денови во овој клуб пристигна поранешниот играч и вистинска легенда на Реал Мадрид, Асиер Иљараменди
Houston Dynamo
Помладиот и поуспешен клуб од Тексас. Двократен освојувач на МЛС. Во моментов во борба за едно од плејоф местата, за што би требало да им помогне мексиканецот Хектор Херера.
LA Galaxy
Најпопуларниот фудбалски клуб од Америка од “мое време”. И за тоа повторно виновник е Дејвид Бекам. Покрај Бекам, дресот на овој клуб го носеа и Златан Ибрахимовиќ, Роби Кин, Стивен Џерард, Џовани Дос Сантос, а последниве неколку години дресот на Лос Анџелес Галакси го носат и Чичарито, Даглас Коста, Рики Пуч... Дефинитивно клуб што знае како да ги привлече големите имиња од Европа.
Клуб каде што пола од својата кариера ја мина и еден од најпознатите американски играчи, Лендон Донован.
Омилен клуб на сите членови на Хербалајф.
Los Angeles
Еден од најуспешните “младинци” во лигава. Актуелен шампион во МЛС.
Во своите редови веќе 6та сезона го имаат мексиканецот Карлос Вела кој го држи рекордот за најмногу постигнати погодоци во една сезона. Од минатата сезона на овој клуб се придружи и легендата на италијанскиот фудбал, Џорџо Киелини
Minnesota United
Еден од помладите и еден од понеинтересни клубови во лигата. Во моментов се надвор од плејоф зоната. Местото таму ќе го бараат со помош Тиму Пуки кој од летово го облече дресот на Минесота.
Portland Timbers
Ај да не речам фан, али може омилен клуб од лигава. Познати по Тимбер Џим, подоцна и Тимбер Џој, маскотите на клубот кои имаа традиција при секој постигнат гол со моторна пила од огромен трупец да отсечат еден дел. Али за мене прав дрвосеча во клубов беше Нет Борчерс, кој им помогна и до првата титула да стигнат во својата историја во сезоната 2015та. Годинава играат прилично лоша сезона.
Real Salt Lake
Не толку истакнат како јак клуб, иако имаат една титула во својата историја. Боите на овој клуб ги брани и Даниел Мусовски, кој требаше да биде македонски репрезентативец. Сезонава има постигнато 5 погодоци. Негов соиграч е поранешниот играч на Евертон, Брајан Овиедо.
Seattle Sounders
Еден од поквалитетните клубови во западна конференција. Веќе неколку сезони по ред вадат добри резултати. Триото Лодеиро, Рудиаз и Морис напред се покажа како доста ефикасно. Иако годинава се уште не ги видовме во право светло.
Со само 29 погодоци во 24 натпревари, успеаа да се најдат на одличното 4то место и тоа пред се ради фантастичната одбрана. Со 23 примени погодоци Сиетл се најдобрата екипа во овој сегмент во западната конференција
SJ Earthquakes
Уште една од 10те “основачи” на МЛС, со добри резултати во раните 2000ти, но не и сега. 6тото место кое го имаат во моментов е главно поради одличната форма на аргентинецот Еспиноза.
Sporting KC
Канзас Сити Визардс, или од 2010та година Спортинг Канзас Сити. Моментално надвор од плејоф зоната, но има играчи кои знаат да пружат добра партија. Најголема легенда во клубот им е поранешниот американски репрезентативец Греам Зуси кој целата кариера ја помина во овој клуб. 37 години има и преку 300 настапи за Канзас Сити.
St. Louis City
Дебитантот во лигата кој успеа да ги изненади сите. Моментално се првопласирана екипа на западот со што речиси сигурно им е обезбедено местото во плејоф уште сега. Најголемо име во клубот е поранешниот голман на Дортмунд, Роман Бирки
Vancouver Whitecaps
Третата канадска екипа во МЛС, со просечни или подпросечни настапи, без титула до сега. Австрискиот репрезентативец Алесандро Шопф и шкотланѓанецот Рајан Голд им се најважни играчи во составот.
А можев само линк да оставам сами да си видите, ама ајде да се пише нешто да ја личи темава.
Уствари на кого му е гајле за лигава освен на каталонците и мене што играм треторазредни фантази лиги?