- Член од
- 6 мај 2014
- Мислења
- 647
- Поени од реакции
- 1.184
Мислам дека правиш една идеалистичка грешка, ги преценуваш луѓето. Никогаш нема да има критична маса. Народот денес во Америка, од материјален аспект, живее сосем солидно. Во овие неколку векови постоење на Америка, постигнат е фасцинантен успех на тоа поле. Наследниците на протераните од Европа, на авантуристите, на отпадниците од секаков вид, живеат живот за кои нивните претци сонувале. Мислиш дека ќе се замараат со тоа што владата го донесла Патриотскиот Акт? Оние кои ќе настрадаат заради тој закон се минорна бројка за да ги вовознемират удобно заспаните. Од друга страна, оние кои знаат колку е саатот, сфаќаат дека на овој свет отсекогаш имало луѓе кои лажат, и луѓе кои се излажани, па ја користат првата прилика да завршат во првата група. На тој начин се создава еден слој на добро ситуирани интелектуалци смремни во секој момент да ја бранат моментната состојба.Следното прашање е зошто е тоа така?
Одгворот е во социјалниот инжинеринг.
Маркетингот им е јак, и суптилен. На сите нивоа го има, од таму каде веднаш упаѓа во очи, па до таму каде е вешто затскриен во разноразни филмови, и што се не што ширум светот го извезуваат како „култура„.
Има луѓе што се свесни, ете и Карлин го спомна ама и многу други, но тоа што засега го нема е: критична маса на тие што се свесни. Затоа не е безполезно разговарањето на оваа тема, со блиски, со познати и со непознати... па еве и на интернет форуми.
За воља на вистината, и со сета должна почит кон Карлин, тоа што пред се беше stand up комедијант е и причината зошто не го разбираат озбилно... иако кажува многу паметни работи.
Во негова чест: http://www.youtube.com/watch?v=6_zwB6GLpo4
Ништо никогаш нема да се промени, времето на големите револуции е одамна поминато.
Последно уредено: