Kindle

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
International нема реклами.
Разликата е во гаранцијата, и може да ти прави проблеми да купуваш книги директно од него ако немаш амерканска ИП.
Како што кажав напрај си математика и види дека ќе ти испадне поефтино директно да си го нарачаш овој од 109 долари, отколку да се зафркаваш со посредници.

За другото неможе да се жалиш многу многу оти ние сме Македонија,и добиваме што добиваме, теоретски и филозофски споредби со Америка не водат никаде, врти сучи ние плаќаме поскапо.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Поефтиниот...
дечко не следиш муабет а? само да се постирало...
International нема реклами.
Разликата е во гаранцијата, и може да ти прави проблеми да купуваш книги директно од него ако немаш амерканска ИП.
Како што кажав напрај си математика и види дека ќе ти испадне поефтино директно да си го нарачаш овој од 109 долари, отколку да се зафркаваш со посредници.

За другото неможе да се жалиш многу многу оти ние сме Македонија,и добиваме што добиваме, теоретски и филозофски споредби со Америка не водат никаде, врти сучи ние плаќаме поскапо.
Ја мислам дека најдов кој да ми донесе од америка 79 доларниот така да ако нишо не испадне, ќе иам во предвид :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
За купување од европа и таа варијанта ја размислив, ама фината е што kindle 4 во европа го нема на англиски освен ако немаш некој од Aнглија. Сите други се со мени на јазик на држaвата.
Решлив проблем, се менува фирмверот (софтверот). Едино ако земеш модел со тастатура, истата ќе е обележана со азбуката на јазикот на државата... што и не е некој проблем искрено. На времето Комодоре и Амига купувавме исклучиво со германски тастатури но тоа не го намалуваше задоволството на користење на уредот, посебно кога ќе сфатиш дека нема други алтернативи... :)
--- надополнето: 31 декември 2011 во 20:17 ---
...може да ти прави проблеми да купуваш книги директно од него ако немаш амерканска ИП... врти сучи ние плаќаме поскапо.
Ова се решава со користење на американски прокси сервер. Но која е логиката да му даваш пари на некој кој не само што не ти дава поевтина цена според твојот домашен пазар, туку ти ги продава книгите и поскапо од американскиот пазар.

Едноставно БЕСПЛАТНО си симнуваш пиратирана литература од нет.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.517

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Хммм, 60 долари (нов е 80!) со 35 долари шипинг со УСПС (американската пошта)... се заедно за 95 долари.

Премногу звучи добро за да не е сомнително. Не гледам каде заработува дечково со оглед дека нов Киндл4 со реклами е 80 долари... освен ако нема некој дил со Амазон на вратени и репарирани примероци.

Пробај па кажи ни како ќе испадне... :)

Само едно предупредување. Да знаеш УСПС пратка треба да стигне преку нашава пошта... што значи дека најверојатно нема ни да ти стигне. Магично ќе ја снема пратката кога ќе пристигне во главна пошта во Скопје... Многу пати се има случено ова на многу луѓе.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Абе му напрај бедови ептен сега, иначе зашто да ја снема? Јас како што знам ти пратки директно ти ги носат на врата дома е сега ако не те најдат дома тогаш заглавува во пошта.
Нели имаш и тракер за пратката кај е што е како е? На крај краева ако нема бегање од тоа да ти ја снема пратката во пошта ќе си барам брза испорачка за што ќе платам повеќе.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.517
Досега не ми се случило да ми снема пратка, без разлика дали е порачана од eBay или друга веб страна... Имало секакви вредности, од 2 до 100 евра од прилика... Ништо не ми донесле дома, само ми стигнува белешка дека она што сум го купил ми е пристигнато и треба да си го подигнам во рок од пет дена од пошта, доколку не го подигнеш го враќаат назад... Е сега за ова со ценава искрено и ја се замислив, макар да овој што ги продава има 100% positive feedback :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Убаво де, вие двајца сте првите што се фалите со искуствата со нашата Пошта. Само работата е што јас за секој од вас знам по десетици други случаи кои во повеќе наврати биле буквално ограбени од поштарите.

Да, после првиот пат кабает сите плаќаат осигурана пратка... но тука спасот е само за рефунд на средствата (или некогаш само дел од средствата). Крадците не ги занима што Пошта ќе плати одштета, они секако си ќаруваат.
Имам да ви понудам случки како на пример Zidian тапани, осигурана пратка која се губи по доаѓањето во Македонија, сандак со тапани висок метар и седумдесет широк два метри... изгубен! :D Чеканo беше пола година за поврат на средствата, иако случајот беше чист како солза.
Или рамка од Canyon скап точак која е пратена на сервис во Германија, од каде е вратена нова рамка, која исто се губи по пристигањето во Македонија. Е тука малку се заеба дечкото, зошто тој ја плаќаше поштарината и натаму и наваму па мораше да ја осигура пратката во нашата пошта... кое осигурање после испадна дека било само на 50евра, а рамката кошта 2.800 евра (Canyon точаци, гуглајте ги ако не ми верувате). Го изиграа пријателот и со кражбата на рамката и со осигурањето.

Имам уште еден куп вакви случаи во последнава деценија (ова со рамката беше пред нецела година дена)... ако на вас не ви украле ништо, тогаш или сте налетале на неколкуте службеници во пошта што не крадат (редок, загрозен вид) или работите што сте ги нарачале не ги занимале крадците. Изборот им е голем, и тие не земаат сешто.

Во случај да мислите дека се шегувам, верувајте дека сум сериозен. Купување на било каков поинтересен предмет со праќање преку домашнава пошта е како руски рулет ама обратно, со пет полни места за куршум и еден празен.

Колку и да кошта UPS/FEDEX/DHL платете си и ќутете, разликата во поштарина преку нашата пошта не е вредна за вашите живци, време и пари.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 23:44 ---
Нели имаш и тракер за пратката кај е што е како е? На крај краева ако нема бегање од тоа да ти ја снема пратката во пошта ќе си барам брза испорачка за што ќе платам повеќе.
Тракер за пратката???
Во Пошта??

Мухахахахахаха... или се шегуваш или не си од Македонија или никогаш во живот не си нарачал ништо вредно преку наша пошта. (последната варијанта воедно те прави и глуп, ако веќе даваш опасни совети на туѓа сметка за нешто што немаш појма)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Тракер за пратката???
Во Пошта??

Мухахахахахаха... или се шегуваш или не си од Македонија или никогаш во живот не си нарачал ништо вредно преку наша пошта. (последната варијанта воедно те прави и глуп, ако веќе даваш опасни совети на туѓа сметка за нешто што немаш појма)
Зашто се правиш неписмен кога не си, м? Рекова јас за нашава пошта? Кога нарачуваш од било каде и компанија како UPS, DHL и ними слични обавезно има тракер на пратката односно ја следиш на нет каде е и што е и кога би требало да влезе во мк.
Пример сличен имам на добар другар нарачуваше батерија за apple лаптоп и си ја следеше каде е и кога би требало да стигне кај нас.
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Убаво де, вие двајца сте првите што се фалите со искуствата со нашата Пошта. Само работата е што јас за секој од вас знам по десетици други случаи кои во повеќе наврати биле буквално ограбени од поштарите.

Да, после првиот пат кабает сите плаќаат осигурана пратка... но тука спасот е само за рефунд на средствата (или некогаш само дел од средствата). Крадците не ги занима што Пошта ќе плати одштета, они секако си ќаруваат.
Имам да ви понудам случки како на пример Zidian тапани, осигурана пратка која се губи по доаѓањето во Македонија, сандак со тапани висок метар и седумдесет широк два метри... изгубен! :D Чеканo беше пола година за поврат на средствата, иако случајот беше чист како солза.
Или рамка од Canyon скап точак која е пратена на сервис во Германија, од каде е вратена нова рамка, која исто се губи по пристигањето во Македонија. Е тука малку се заеба дечкото, зошто тој ја плаќаше поштарината и натаму и наваму па мораше да ја осигура пратката во нашата пошта... кое осигурање после испадна дека било само на 50евра, а рамката кошта 2.800 евра (Canyon точаци, гуглајте ги ако не ми верувате). Го изиграа пријателот и со кражбата на рамката и со осигурањето.

Имам уште еден куп вакви случаи во последнава деценија (ова со рамката беше пред нецела година дена)... ако на вас не ви украле ништо, тогаш или сте налетале на неколкуте службеници во пошта што не крадат (редок, загрозен вид) или работите што сте ги нарачале не ги занимале крадците. Изборот им е голем, и тие не земаат сешто.

Во случај да мислите дека се шегувам, верувајте дека сум сериозен. Купување на било каков поинтересен предмет со праќање преку домашнава пошта е како руски рулет ама обратно, со пет полни места за куршум и еден празен.

Колку и да кошта UPS/FEDEX/DHL платете си и ќутете, разликата во поштарина преку нашата пошта не е вредна за вашите живци, време и пари.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 23:44 ---

Тракер за пратката???
Во Пошта??

Мухахахахахаха... или се шегуваш или не си од Македонија или никогаш во живот не си нарачал ништо вредно преку наша пошта. (последната варијанта воедно те прави и глуп, ако веќе даваш опасни совети на туѓа сметка за нешто што немаш појма)
Пратка до 100-200 евра мислам дека нема да се замараат многу.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 19:20 ---
Кога збориме за македонската состојба, горното е само делумно точно.

Додека се согласувам со задоволството на читање од печатена книга и убавината на полните полици, реалноста е дека во Македонија ги нема барем три четвртини од книгите кои би сакал да ги прочитам следни. Тие што ги има се најчесто со ужасен превод, обиди се да најдеш во оригинал некои од омилените книги па види и сам што направиле со преводот (нормално, ако го знаеш јазикот на авторот).

Поентата на муабетот ми е дека, ако можам да бирам дали да читам нешто на електронски читач... или вооппшто да не го читам за да чекам некоја од издавачките куќи кај нас да се смилува да направи (лош) превод, тогаш за мене изборот е јасен.

Морам да кажам дека додека не пробате да прочитате нешто од квалитетен електронски читач како што е киндл, не знаете точно за што зборувате. Позајмете читач на неколку часа од пријател па вратете се и напишете што мислите тогаш...:)
Сакав да те прашам нешто за Kindle-vo али гледам си оневозможил опцијата за праќање на порака, имаш мејл или нешто..
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Зашто се правиш неписмен кога не си, м? Рекова јас за нашава пошта? Кога нарачуваш од било каде и компанија како UPS, DHL и ними слични обавезно има тракер на пратката односно ја следиш на нет ...
Момак, ај терај си работа. Читај малку пред да ја грабнеш тастатурата да пишуваш.
Одговараш на мој пост кој е директно над твојот и во него пишува:
Само едно предупредување. Да знаеш УСПС пратка треба да стигне преку нашава пошта... што значи дека најверојатно нема ни да ти стигне. Магично ќе ја снема пратката кога ќе пристигне во главна пошта во Скопје... Многу пати се има случено ова на многу луѓе.
Ако прочиташ прво наместо да скокаш како прле пред магаре, ќе видиш дека збориме за УСПС а не за „UPS, DHL и слични„.

УСПС значи United States Postal Service, и пратките пратени преку нив стигнуваат во нашата пошта затоа што УСПС нема експозитури надвор од САД како што Македонски Пошти немаат експозитури надвор од Македонија.

Ајде сега кажи фала на образованието и друг пат прочитај за што збориме пред да рипаш. :)

--- надополнето: 7 јануари 2012 во 20:20 ---
Сакав да те прашам нешто за Kindle-vo али гледам си оневозможил опцијата за праќање на порака, имаш мејл или нешто..
Си пробал да ми напишеш нешто на профил, а тоа ми е оневозможено. Пробај преку Сандаче да пратиш приватна Порака до мене.
Или уште подобро прашај си тука па да можат и други да прочитаат, тоа е поентата на форумите. ;)

Пратка до 100-200 евра мислам дека нема да се замараат многу....
Не биди сигурен, се што им изгледа интересно си ставаат во џеб. Пошта нема механизам ни интересирање да го спречи ова... се случува со децении.

Јас преку нашава пошта не нарачувам ништо освен некои електронички бесплатни семплови и слични ситници за кои знам дека нема да ги заинтересира или не ми е многу гајле дали ќе дојдат или нема. Интересен и убав геџет како 4та генерација Киндл ридер, толку предизвикувачки за лепливите прсти не би нарачал ни под разно преку мак. пошта.
Што е најлошо ќе го стопат пошто ќе им личи на таблет и кога ќе видат дека не е „како Ајпад„ ќе го продадат на некој за 500 денари. :)
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Си пробал да ми напишеш нешто на профил, а тоа ми е оневозможено. Пробај преку Сандаче да пратиш приватна Порака до мене.
Или уште подобро прашај си тука па да можат и други да прочитаат, тоа е поентата на форумите. ;)
Не е можно, кога кликам на профилот не постои опција за праќање на порака, во новиов xenforo тоа е единствената опција што постои за контакт. Ако сакаш ти мене контактирај ме прв па така ќе можам да ти одговорам.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.517
Аман бе, прашај тука нека ти одговори, за сите да видат. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom