"Google генерацијата" нема потреба од класично учење

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
!
Исто така реално гледано материјалот што се учи по математика е ок, и треба да се учи... до 4 одделение. Се натака се глупости... ок, можеби и не се глупости, али дефинитивно немаат никаква примена во секојдневниот живот и нема да ти служат за ништо, освен ако нејќеш да работиш како професор по математика или шознам шо друго би можел...
Не не,ти штотуку не го постираше ова.

Значи според тебе,детето уште во четврто одделение треба да знае дали ќе биде новинар/економиста/научник/механичар и сите други професии.
Вау,вие бликате од идеи и креативност за подобрување на државата.

Дали ти Јован имаш воопшто некаква претстава што математика се учи до четврто одделение?

Така,тебе нека ти ја гради архитект куќата со математика до 4то одделение.
Ако случајно градиш фабрика,машински инженери со четврто одделение нека ги дизајнираат машините.

Just splendid,веќе светот е подобро место:pipi:
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Сега гледам некои работи се сменети, па и гимназиите воведуваат насоки и струки, но тоа е добро, бидејќи популарноста на стручните училишта падна па сите сакаат гимназија. Вака и волкот сит и овците на број.
Незнам како било порано но ете и сам кажа...

Поделбата се прави во 3-та година.
Прва и втора сите го учат истото, а од 3-та треба да се определиш дали ќе си доктор, правник, сликар или нешто четврто.

Муабетов ми е, кога јас сум одбрал општ смер, сигурно нема да станам доктор или научник од областа на нуклеарната физика :helou:

Не не,ти штотуку не го постираше ова.

Значи според тебе,детето уште во четврто одделение треба да знае дали ќе биде новинар/економиста/научник/механичар и сите други професии.
Вау,вие бликате од идеи и креативност за подобрување на државата.

Дали ти Јован имаш воопшто некаква претстава што математика се учи до четврто одделение?

Така,тебе нека ти ја гради архитект куќата со математика до 4то одделение.
Ако случајно градиш фабрика,машински инженери со четврто одделение нека ги дизајнираат машините.

Just splendid,веќе светот е подобро место:pipi:
Океј, во право си за тоа али еве што кажав...
Исто така реално гледано материјалот што се учи по математика е ок, и треба да се учи... до 4 одделение. Се натака се глупости... ок, можеби и не се глупости, али дефинитивно немаат никаква примена во секојдневниот живот и нема да ти служат за ништо, освен ако нејќеш да работиш како професор по математика или шознам шо друго би можел...
Знам што се учи до 4то и мене тоа ми е доволно (сериозно, доволно ми е) за моето егзистирање на планетава...

Знам да бројам, собирам, одземам, множам, делам, па и плус некои работи се учат... ехееееее, море и повеќе од доволни ми е...

Во право си за тоа дека во 5то неможеш и не треба да знаеш што ќе си али реално гледано за човек кој нема да работи нешто од тоа што ти го наведе, за секојдневниот живот му е доволно она што ќе го научи по математика до 4то.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Математиката освен што ќе те научи да сметаш ти го подобрува и размислувањето, едноставни е гимнастика на мозокот те тера логички да размислуваш. Може сите предмети да се отфрлат буквално сите но математиката никогаш нема да ја тргнат
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Знам што се учи до 4то и мене тоа ми е доволно (сериозно, доволно ми е) за моето егзистирање на планетава...

Знам да бројам, собирам, одземам, множам, делам, па и плус некои работи се учат... ехееееее, море и повеќе од доволни ми е...

Во право си за тоа дека во 5то неможеш и не треба да знаеш што ќе си али реално гледано за човек кој нема да работи нешто од тоа што ти го наведе, за секојдневниот живот му е доволно она што ќе го научи по математика до 4то.
Пак не му даде одговор, од каде ќе знаеш со 10 години што сакаш да бидеш? :(.
Тебе можеби ти е доста да собираш, да одземаш, елементарни знаења, но некој во иднина можеби ќе сака да продолжи на ФЕИТ, ПМФ. Ама и да признаеме, на предметите што се учат во основно не им се обрнува многу внимание. 80 % од тоа што го научив, јас го научив во средно.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Пак не му даде одговор, од каде ќе знаеш со 10 години што сакаш да бидеш? :(.
Тебе можеби ти е доста да собираш, да одземаш, елементарни знаења, но некој во иднина можеби ќе сака да продолжи на ФЕИТ, ПМФ. Ама и да признаеме, на предметите што се учат во основно не им се обрнува многу внимание. 80 % од тоа што го научив, јас го научив во средно.
Океј, реков... во право е за тоа... признавам :)

Инаку, јас да ти признаам, да не беше професорката во основно англиски а не ќе знаев да кажам, зш та во средно појма си немаше...

А за коментарот на декстерче... и ти си во право али математиката претставува и најголемиот проблем за учениците... барем кај мене најмногу кецови секогаш имаше по математика... мислам дека е еден од најомразените предмети... Не сите ги влечат, или им одат природни науки :helou:

Јас математика на пример до 4то имав 5ка и бев најдобар во одделение... :pipi:

После од ко почнаа тие потешките ствари започнав надолу, надолу... и во средно имав константен кец, така да не очекувајте да кажам нешто позитивно за математика :pos:
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Прво, деталите кои не можеш да ги сфатиш не значи дека се глупи, второ, Дон Тапскот, од ова што јас прочитав не зборува за никакво механичко учење, односно за она кое ти си го увртел во глава.

Дон не сака ништо да каже, не е тоа поетски текст, туку научен проект, и сака да каже едноставно дека професорите веќе го немаат авторитетот на сезнајковци, бидејќи реално тоа не се, Гугл е. Па нивната улога полека се губи во образувањето на младината. Тема слична отворив во истиов подфорум.

Исто така, од кажаното личи како никогаш да не си земал во рака роман, па затоа и не знаеш како функционира преведувањето. Механичко преведување или буквално, не се користи никаде и никогаш, освен во итни случаи каде нема време за професионалци.

Сине, како да ти објаснам, не се работи за учење од гугл за да бидеш паметен на форум, туку за копи пејст, што не те прави паметен. И дека гугл има и позитивни страни е факт, само не верувам дека ќе дискутираме понатаму...

Вака...

Ако прочиташ погоре:

Памтењето за поголем дел од децата кои одат на училиште веќе станува губење на време, бидејќи потребните информации можат да ги пронајдат само со еден клик на пребарувачот Google или енциклопедијата Википедија, тврди Дон Тапскот, автор на бестселерот Викинорникс.

Тој вели дека во моментов подобар пристап би бил наместо со класичните методи, децата да се учат на развивање на креативните способности и примената на информациите кои им се достапни 24 часа во денот.
Дон не само што го спомнува механичкото учење туку и се спротиставува на таквиот пристап. Наместо механичко меморизирање т.е. памтење вели да се оди на покреативен пристап.

Потоа, изгледа не разбра дека се обидувам да го кажам тоа што тој го вели со други зборови што е еден вид на толкување и се прави постојано на научните текстови. Всушност, забележа дека ти само што го направи тоа во твојот пост?

Дон не сака ништо да каже, не е тоа поетски текст, туку научен проект, и сака да каже едноставно дека професорите веќе го немаат авторитетот на сезнајковци, бидејќи реално тоа не се, Гугл е. Па нивната улога полека се губи во образувањето на младината. Тема слична отворив во истиов подфорум.
Значи ми велиш дека моето толкување е погрешно а твоето е правилно.

Инаку за преведувањето, под механичка работа подразбирам работа во која има мала или никаква креативност. И не реков дека се применуваат туку сосема е можно да почнат да се применуваат. Невозможно е со денешната технологија сосема да се заменат човечките преведувачи (оние кои преведуваат документи итн) меѓутоа верувам дека во иднина колку машините стануваат поинателегенти толку овие типови на работа ќе исчезнуваат.

Тоа што го спомна за преведувачи на романи и песни во право си, заборавив на таквиот вид на преведување во кој пак има поголема доза креативност...

Ова со копи-пејст не го разбрав, прво зборуваш за генерации кои учат од Гугл па потоа копи-пејст, може некој пример да дадеш да видам што конкретно мислиш?
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ова со копи-пејст не го разбрав, прво зборуваш за генерации кои учат од Гугл па потоа копи-пејст, може некој пример да дадеш да видам што конкретно мислиш?
Мислам дека мислеше конкретно за употреба од интернет на интернет...

На пример јас одам на Википедија, копирам текст и го пастирам на форумов и изигравам паметен без притоа да научам нешто од текстот... туку само механички да напрам ctrl+c и ctrl+v
 
D

drle

Гостин
Според мене овој систем на чичково некако не ми штима. Што ќе се случи доколку некој одлучи некои информации на Интернет да ги претстави како тој што сака и цела планета ќе игра по негово (дека сите ќе учат од Гугл и никој ништо нема да памти и да се замара). По не така долг период одкако ќе ги исфрлиме професорите од нашиот живот сите ќе се потпираме на интернетот и полека по полека ќе станеме негови робови и само ќе правиме копу пасте и нема да се замараме додека ја правиме таа процедура. И што доколку некој ги измени информациите и ние така ќе си копираме не замарајќи се и по некои 100-ина години кога ќе нема кој да се спротистави на недоверливоста на податоците светот ќе си тера според лаги и според тоа како некој сакал а не според вистинската ситуација.:uvo:
 
Историјата ја пишуваат победниците... интернетот моќниците... јебига... мислиш се што си го учел по историја на пример е вистина...?

А и не е баш така ко шо викаш ти, ти сега претстави иднина во која сите се глупи и чекаат на 10мина паметни кои ќе пишуваат по интернет тоа што нив ќе им текне а овие дебиливе слепо ќе веруваат...
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
3
Поени од реакции
1
Ме заинтригира темава и решив да се регистрирам и да напишам нешто.

Јас сум машински инжинер и потрошив 17 години од мојот живот додека стигнав до дипломата (од забавиште до крај). Сигурен сум дека многу од работите што ги учев нема да ги искористам во животот, но тоа не го сметам за изгубено време. Често пати во животот ќе се сретнеш со проблеми кои треба да ги решиш и тогаш доаѓа до израз тоа "изгубено" време, веднаш знаеш каде да побараш или прочиташ за да го решиш тој проблем. Голем број од предметите кои се учат се гимнастика за мозокот и тоа те прави поспособен за брзо и логичко размислување и донесување одлуки во животот.

Интернетот (Google, Wikipedia и сличните сервиси) не е вистинска замена за училиштето. Обично добиваш готови информации за кои не си се потрудил да ги обработиш (освен неколку кликови по web-страните) и тоа те прави ментално ограничен. Исто така, интернетот е медиум на кој сеуште секој може да пишува што сака без тоа да се преконтролира од некого, па тоа ти доаѓа како да застанеш на Камен Мост и чичкото кој ги врти кибритчињата да ти објаснува за изводи и интеграли и ти да му веруваш.

Единствен начин за напредок на личноста, а со тоа и на човештвото како целина е љубопитноста и сомнежот во секоја информација која ја добиваш. А тоа можеш да го правиш само ако си го извежбал доволно мозокот за да можеш да приметиш дека нешто не штима и да го корегираш тоа.

Затоа училиштето треба да биде основа за знаењето на секоја личност, а интернетот само сервис за надополнување на базата која си ја создал при школувањето.
 
Не знам дали си го гледал филмот Wall-E, во тој филм е точно прикажана ситуацијата во која би се наоѓале во иднина (тука посебно е интересен делот во вселенскот брод и начинот на живот) доколку би се потпреле на технологијата, а не на самите нас како најинтелегентни суштества на планетава.

П.С
Студирам информатика и тоа програмирање, струка во која интернетот е алфа и омега, но сепак се трудам нештата да ги научам колку што можам повеќе и самиот да изнаоѓам решенија.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мешате две работи. Едно е што образованието не ни штима (да, треба реформи, на пример: во трета година гимназија, значи откако веќе ќе си одбере подрачје ученикот, да не учи веќе физика/историја...т.е тоа што не му е потребно),во право сте, ама сосема друго е тоа што го предлага Дон, тој вели: оставете ги книгите и училиштата, учете само за тоа што ве интересира на интернет.
И нормално дека не е правилно.
Како тогаш ќе знам што навистина ме интересира?
Човек мора неколку години, колку и да му е потребно, да се образува со сите предмети, па дури потоа откако ќе увиди што подразбира што и дали тоа му оди од рака, да одлучи што сака да учи.
Како тогаш ќе се продлабочат виугите во мозокот?
Човек не тупи мозок кога учи нешто што сака, освен ако тоа подразбира многу обемен материјал. Некој спомна поим - мозочно силување, токму тоа е потребно за продлабочување на виугите на мозокот.
Како тогаш ќе се проверува знаењето?
Како тогаш ќе знам дали е точно сето тоа што го читам?
Како тогаш ќе знам на што точно да се осврнам кога при рака ми е огромна и хаотична база на информации?

Ме заинтригира темава и решив да се регистрирам и да напишам нешто.
Јас сум машински инжинер и потрошив 17 години од мојот живот додека стигнав до дипломата (од забавиште до крај). Сигурен сум дека многу од работите што ги учев нема да ги искористам во животот, но тоа не го сметам за изгубено време. Често пати во животот ќе се сретнеш со проблеми кои треба да ги решиш и тогаш доаѓа до израз тоа "изгубено" време, веднаш знаеш каде да побараш или прочиташ за да го решиш тој проблем. Голем број од предметите кои се учат се гимнастика за мозокот и тоа те прави поспособен за брзо и логичко размислување и донесување одлуки во животот.
Интернетот (Google, Wikipedia и сличните сервиси) не е вистинска замена за училиштето. Обично добиваш готови информации за кои не си се потрудил да ги обработиш (освен неколку кликови по web-страните) и тоа те прави ментално ограничен. Исто така, интернетот е медиум на кој сеуште секој може да пишува што сака без тоа да се преконтролира од некого, па тоа ти доаѓа како да застанеш на Камен Мост и чичкото кој ги врти кибритчињата да ти објаснува за изводи и интеграли и ти да му веруваш.
Единствен начин за напредок на личноста, а со тоа и на човештвото како целина е љубопитноста и сомнежот во секоја информација која ја добиваш. А тоа можеш да го правиш само ако си го извежбал доволно мозокот за да можеш да приметиш дека нешто не штима и да го корегираш тоа.
Затоа училиштето треба да биде основа за знаењето на секоја личност, а интернетот само сервис за надополнување на базата која си ја создал при школувањето.
Одлично кажано!
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Се согласувам со чичкото шо изјавувал.
Битно е да се знае шти вика Првата Светска војна кога започнала и кога завршува општа култура. Абе како што вика Јован 70 можи и 80% што учиме нема да ни е потребно во животот што сега ако по Историја ми вика доселувањето на Словените во Македонија бла бла бла и понатака во животот што ке ми треба ова доселување на Словените, многу е глупо јас го подржувам чичкото.
Подобро што ти треба од интернет ке најдеш доволно колку да знаеш, а не да ти трупат материјал глупости.

пс- по Историја имам 1. :kesa:
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162

A koj si pak ti da mi kazes mene sto ke mi treba vo zivotot a sto nema da mi treba?
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
За сите кои мислат дека природноматематички предмети не се потребни еве мало предавање:

Ако била математиката доволна до 4 одделение :

1. Ќе седевте сега на свеќа бидејќи обична сијалица користи наизменична струја (треба синус и косинус да се знае)

2. Ќе бевте неиспрани бидејќи нема да има машини за перење алишта
(тие работат со помош на микропроцесори кои работат со помош на Ц програми базирани на математички операции 0010010001010А,01001А010)

3. Ќе ладевте пива во подрум ,немаше да има фрижидери ( работат со помош на сензори за температура и гасови за ладење за кои се потребни знаење од физиката и хемијата, а и без струја и така не работат.

4. Немаше да имате ни обични аналогни телефони , а па камоли дигитални па дури и мобилни за кои потребни се знаења од повеќе области пред се висока метематика, електротехника,електроника итд.

5. Тој што не го цени значето на матетатиката и сите природно математички науки треба да користи магаре за превозно средство,гулаби за мобилно комуницирање , и животинско крзно или волнени работи за облекување. (за производство на џинс фармерки е потребна математика)

Ако се прашувам јас , би ги дуплирал часовите по математика и останатите п.м.н а за тоа би ги направил музичко,ликовно,географија,историја како изборни незадолжителни предмети. Би ги укинал фабриките како економски,правни, филолошки,филозовски,педагошки кои продуцираат застој на македонската еконовија и фалц производи.

Светот гледа ЛЦД во боја телевизори а ние упорно произведуваме црно-бели телевизори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom