"Google генерацијата" нема потреба од класично учење

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407

Памтењето за поголем дел од децата кои одат на училиште веќе станува губење на време, бидејќи потребните информации можат да ги пронајдат само со еден клик на пребарувачот Google или енциклопедијата Википедија, тврди Дон Тапскот, автор на бестселерот Викинорникс.

Тој вели дека во моментов подобар пристап би бил наместо со класичните методи, децата да се учат на развивање на креативните способности и примената на информациите кои им се достапни 24 часа во денот.

- Наставниците веќе не претставуваат фондација на знаењето, туку веќе одамна таквата титула ја носи интернетот. Децата би требело да ја учат историјата со што подобро би ја сфатиле ситуацијата во која што живеат, но не е потребно да ги знаат сите детали.

Доволно би било да знаат од кога и до кога траела Втората светска војна, но нема потреба да навлегуваат во детаљи. Доволно би било на пример да знаат од кога до кога траела војната, а воопшто е е потребно да учат од кога до кога се одвивала некоја битка. Едноставно можат да се прилагодуваат во секој момент и кога тоа им е потребно информацијата ќе можат веднаш да ја пронајдат, вели Тапскот.

Тој додава дека неговиот пристап по никоја основа не може да се окарактеризира како анти-учење, туку треба да се сфати како приготвување на децата за поинаква иднина од оваа во која живееме сега.

- Тоа можеби би можело да биде добро и за масовната економија, но децата не се припремаат добро за дигиталната доба која доаѓа и предизвиците кои истата ги носи, заклучува тој.

Во основно, па и во средно, најнапорни ми беа часовите по историја. Требаше да се „набубаат“ еден куп небитни информации од туѓа историја, кои после 5 дена и онака се забораваат. Зошто? Не велам дека не треба да се учи и почитува туѓата, но деталите навистина се непотребни. Пофино би било тоа „умствено силување“ да се насочи во други активности. На образовниот процес одамна му е потребна промена. Не можам да сфатам зошто сеуште младината се подготвува за професии/ситуации кои не постојат или изумираат.

Дали се согласувате со ваквите ставови, мислејќи на тоа дека децата се преоптоварени со (релативно) небитни детали во образованиот процес? Дали е навистина потребно да се памтат секакви информации, кога истите веќе ни се достапни на интернет „со еден клик“?

Не велам дека треба да се исфрлат предметите и активностите кои го поттикнуваат младиот човек на самостојно здраво размислување и креација, но дека во ова време на глобално преплавување со информации - треба да го олабават од „бубаторските“. Кое е ваше мислење?
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Цел живот ова го викам ама кој да ме слушне...

Едно 70 % од податоците што ги има по учебниците во основно и средно нема никогаш да ми затребат во животов, а и да ми затребат сигурно нема да се сетам на нив бидејќи сум ги бубал во осмо туку пак ќе го консултирам чичко гугл или некој за кој знам дека сигурно го знае тоа што ми треба.

Јас го поддржувам чичково, апсолутно е во право, ако се прашувам јас треба и цели предмети да се укинат али... Ете на пример во трета гимназија одбираш општ смер и пак ти даваат да учиш физика и хемија. Па и математика...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Само прашање е кој се тие 70% што нема да ти затребаат, за секого се различни.

Кон Ацид..од кај ја извади сликата, јес да се комјутерите постари и погломазни но јасно од неа се гледа како во една училница треба да се спроведе компјутеразицијата.
 
Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Гугл ќе не направи глупи и ќе ги уништи квизовите.

Битно ми го има пингвинчето.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Луѓето во процесот на образование и воспитание примаат секакви видови на образование и воспитание, меѓутоа корисно е да се стремат кон оние процеси кои ги тераат да мислат, донесуваат одлуки, расудуваат, решаваат проблеми.
Не велам дека ова со Гугл е некоја лоша идеја, но прашање е дали и колку ќе ги тера учениците да размислуваат со своја глава и да се развиваат умствено? Ако вака продолжи ова со компјутеризација, наредните генерации нема да знаат ни да пишуваат рачно.

Во врска со ова заземам неутрален став, затоа што имам еднакви причини и "за" и "против".
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Образовниот систем ни е застанат некаде во 18ти век, нема никакви реформи долго време. Ако почнат реформи сигурно нема да почнат во МК туку во некој поразвиени земји. Колку што сум читал веќе се развиваат проекти за нов начин на образование во кое ќе се учат децата своето размислување да го насочуваат кон што поефикасно пребарување на нет а помалце оптоварување со небитни работи. За неколку децении ќе се исфрли комплетно рачното пишување, јазичната бариера ќе се пробие со разни софтвери...

Ако ја најдам статијата ќе ја постирам
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Луѓето во процесот на образование и воспитание примаат секакви видови на образование и воспитание, меѓутоа корисно е да се стремат кон оние процеси кои ги тераат да мислат, донесуваат одлуки, расудуваат, решаваат проблеми.
Не велам дека ова со Гугл е некоја лоша идеја, но прашање е дали и колку ќе ги тера учениците да размислуваат со своја глава и да се развиваат умствено?
Мене сеуште не ми е јасно како ќе ме поттикне на размислување некоја небитна информација за битка во 1674 година во Австрија, која нема да ми помогне во ниту една животна прилика. Може беспотребно да ме замори, а не да ме поттикне на било што. Доколку се укаже потреба да дознаам нешто повеќе околу тоа, секако, во секој момент можам да го најдам на интернет.
Ако вака продолжи ова со компјутеризација, наредните генерации нема да знаат ни да пишуваат рачно.
Мене па не ми е јасно што е толку страшно тоа. Секако, побитно е да знаеш некој програмски јазик, отколку „краснопис“ со моливче. Лично јас, користам пенкало само кога треба да се потпишам. Во банка на пример. Да не треба да напишам писмо со пенкало и да го испратам некаде? Не. Речиси се иде преку електронска пошта. Многу посрамно е да не знаеш што значи CC и BCC отколку да не знаеш да „везеш“ со молив и пенкало. Дури и писмата што идат по влекачка пошта, претходно се напишани на тастатура...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Мене сеуште не ми е јасно како ќе ме поттикне на размислување некоја небитна информација за битка во 1674 година во Австрија, која нема да ми помогне во ниту една животна прилика. Може беспотребно да ме замори, а не да ме поттикне на било што. Доколку се укаже потреба да дознаам нешто повеќе околу тоа, секако, во секој момент можам да го најдам на интернет.

Мене па не ми е јасно што е толку страшно тоа. Секако, побитно е да знаеш некој програмски јазик, отколку „краснопис“ со моливче. Лично јас, користам пенкало само кога треба да се потпишам. Во банка на пример. Да не треба да напишам писмо со пенкало и да го испратам некаде? Не. Речиси се иде преку електронска пошта. Многу посрамно е да не знаеш што значи CC и BCC отколку да не знаеш да „везеш“ со молив и пенкало. Дури и писмата што идат по влекачка пошта, претходно се напишани на тастатура...
Па тоа се едни причините поради кои јас сум "за" да се имплементира овој начин на учење. Ме нервира тоа што учиме на школо на пример еве по Историја на некој што му ги исекле рацете во 1345. Има многу поважни работи на кои треба да не научат, ама како што кажа Декс, системот ни е заглавен во 18 век.
За поттикнувањето на размислување целев кон најраното воспитание, забавиште енд стаф, кога треба да се научи детето да биде самостојно и да се грижи самото за себе, а ако успее тоа некако да се изведе со компјутер, тоа би било одлично.
И јас не сум толку по пишувањето на хартија, затоа што имам ужасен ракопис и дури ни самата не си го разбирам на моменти, но и да се потпишеш треба да знаеш да пишуваш, нели? :) Еве, слично се случува во нашава држава, им наместија компјутери на професориве, за полесно да им биде на сите, и на нив и на нас, ама еве до каде стигна идејата. Не ги обучија за работа со нив. Компјутерите се веќе раскршени, некои куќишта се сосема голи, се` е испоукрадено од нив. а живите се палат само за тетрис. Во секоја училна недостасуваат по минимум 3 компјутери, и ако ти се верува и монитори фалат.

И да се имплементира ова, како прво нашата култура не е до таму стигната, а како второ ќе се јават комуњарите и ќе почнат да мелат дека децава помалку учат денес, што е тоа цело време на компјутер, ние порано повеќе учевме и слично, што изузетно ме нервира.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Цел живот ова го викам ама кој да ме слушне...

Едно 70 % од податоците што ги има по учебниците во основно и средно нема никогаш да ми затребат во животов, а и да ми затребат сигурно нема да се сетам на нив бидејќи сум ги бубал во осмо туку пак ќе го консултирам чичко гугл или некој за кој знам дека сигурно го знае тоа што ми треба.

Јас го поддржувам чичково, апсолутно е во право, ако се прашувам јас треба и цели предмети да се укинат али... Ете на пример во трета гимназија одбираш општ смер и пак ти даваат да учиш физика и хемија. Па и математика...
Кај најде да ги спмнеш нај небубаторските предмети за кои не треба многу учење на памет а самите предмети го подржуваат и птикнуваат логичкото размислување и баратање со неколкуте информации кои ти се доставени, што во основа е исто и со тоа што е наведено во оригиналниот текст, дека повеќе ќе се поттикнува баратњето и примената на дадените информации.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мене сеуште не ми е јасно како ќе ме поттикне на размислување некоја небитна информација за битка во 1674 година во Австрија, која нема да ми помогне во ниту една животна прилика. Може беспотребно да ме замори, а не да ме поттикне на било што. Доколку се укаже потреба да дознаам нешто повеќе околу тоа, секако, во секој момент можам да го најдам на интернет.

Мене па не ми е јасно што е толку страшно тоа. Секако, побитно е да знаеш некој програмски јазик, отколку „краснопис“ со моливче. Лично јас, користам пенкало само кога треба да се потпишам. Во банка на пример. Да не треба да напишам писмо со пенкало и да го испратам некаде? Не. Речиси се иде преку електронска пошта. Многу посрамно е да не знаеш што значи CC и BCC отколку да не знаеш да „везеш“ со молив и пенкало. Дури и писмата што идат по влекачка пошта, претходно се напишани на тастатура...
Тоа Ациде друже е како и поентата на рачното сметање по математика и знаење таблица множење на памет. Исто важи и за пишувањето со моливче. Тоа се основи кои мора да се знаат, бидејќи без нив мозокот ќе закржлавува.

Затоа и интернет зависниците се “многу паметни“ особено по форумиве, а во живо не знаат да збора да скрстат, бидејќи гугл ги решава сите нивни проблеми. Плус информацијата не значи и интелигенција, како што не значи и познавање Ц++ писменост.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22

Памтењето за поголем дел од децата кои одат на училиште веќе станува губење на време, бидејќи потребните информации можат да ги пронајдат само со еден клик на пребарувачот Google или енциклопедијата Википедија, тврди Дон Тапскот, автор на бестселерот Викинорникс.

Тој вели дека во моментов подобар пристап би бил наместо со класичните методи, децата да се учат на развивање на креативните способности и примената на информациите кои им се достапни 24 часа во денот.

- Наставниците веќе не претставуваат фондација на знаењето, туку веќе одамна таквата титула ја носи интернетот. Децата би требело да ја учат историјата со што подобро би ја сфатиле ситуацијата во која што живеат, но не е потребно да ги знаат сите детали.

Доволно би било да знаат од кога и до кога траела Втората светска војна, но нема потреба да навлегуваат во детаљи. Доволно би било на пример да знаат од кога до кога траела војната, а воопшто е е потребно да учат од кога до кога се одвивала некоја битка. Едноставно можат да се прилагодуваат во секој момент и кога тоа им е потребно информацијата ќе можат веднаш да ја пронајдат, вели Тапскот.

Тој додава дека неговиот пристап по никоја основа не може да се окарактеризира како анти-учење, туку треба да се сфати како приготвување на децата за поинаква иднина од оваа во која живееме сега.

- Тоа можеби би можело да биде добро и за масовната економија, но децата не се припремаат добро за дигиталната доба која доаѓа и предизвиците кои истата ги носи, заклучува тој.

Во основно, па и во средно, најнапорни ми беа часовите по историја. Требаше да се „набубаат“ еден куп небитни информации од туѓа историја, кои после 5 дена и онака се забораваат. Зошто? Не велам дека не треба да се учи и почитува туѓата, но деталите навистина се непотребни. Пофино би било тоа „умствено силување“ да се насочи во други активности. На образовниот процес одамна му е потребна промена. Не можам да сфатам зошто сеуште младината се подготвува за професии/ситуации кои не постојат или изумираат.

Дали се согласувате со ваквите ставови, мислејќи на тоа дека децата се преоптоварени со (релативно) небитни детали во образованиот процес? Дали е навистина потребно да се памтат секакви информации, кога истите веќе ни се достапни на интернет „со еден клик“?

Не велам дека треба да се исфрлат предметите и активностите кои го поттикнуваат младиот човек на самостојно здраво размислување и креација, но дека во ова време на глобално преплавување со информации - треба да го олабават од „бубаторските“. Кое е ваше мислење?
Денешниот наставен систем е прилично ист со оној на почетокот на индустриската револуција кога потребни биле луѓе за извршување на механички работи во фабриките.

Како ќе кондиционираш такви луѓе? Едноставно, им правиш ментална подготовка, ги ставаш во институции наречени училишта опкружени со 4 ѕидови во кои мораат да прават механички работи.

Земи учебник, меморизирај, кажи го пред професорот.
Земи лопата, научи како да ракуваш, чисти.

Што е заедничко?
И двете се механички работи. И за двете не е потребно некое креативно размислување.

Мислам дека Don Tapscott мислеше дека наставниците не се веќе фондација на знаењето во смисла на предавање на факти кои се учат механички (од што се состои 99% од нашето образование). Секако би можеле да помогнат во креативното размислување.

Acid, како што гледаш повеќето од оние "механички работи" како...превод од еден јазик на друг, правење на патишта и друго пополека се заменуваат со целосно автоматизирани машини. За неколку години веројатно нема да биде потребна и човечка интервенција (освен надзор и менаџирање кој веројатно ќе може да го извршува еден човек).

Светот полека оди кон т.н. creative economy во која креативноста и иновативноста се повеќе се цени а се она што е механичко се автоматизира.

Тоа Ациде друже е како и поентата на рачното сметање по математика и знаење таблица множење на памет. Исто важи и за пишувањето со моливче. Тоа се основи кои мора да се знаат, бидејќи без нив мозокот ќе закржлавува.

Затоа и интернет зависниците се “многу паметни“ особено по форумиве, а во живо не знаат да збора да скрстат, бидејќи гугл ги решава сите нивни проблеми. Плус информацијата не значи и интелигенција, како што не значи и познавање Ц++ писменост.
Не разбирам зашто до такви глупи детали. Читање пишување и сметање се основи и немаат врска со ова што Дон Тапскот го зборуваше за механичкото учење.

Гугл не ги решава сите проблеми едноставно е како една голема дигитална библиотека од која можеш да дознаеш информации за она што те интересира.

Ова дека интернет зависнициве биле многу паметни некако не штима. Гугл е огромен извор на информации а дали ти ќе избереш да ги ставиш во глава или да ги оставиш таму и да зависиш од Гугл е твој избор. Гугл има повеќе намени а ти наведе една негативна...сигурно знаеш дека има и милион други позитивни.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
KaiTekk напиша:
Не разбирам зашто до такви глупи детали. Читање пишување и сметање се основи и немаат врска со ова што Дон Тапскот го зборуваше за механичкото учење.
Прво, деталите кои не можеш да ги сфатиш не значи дека се глупи, второ, Дон Тапскот, од ова што јас прочитав не зборува за никакво механичко учење, односно за она кое ти си го увртел во глава.
Kaitekk напиша:
Мислам дека Don Tapscott мислеше дека наставниците не се веќе фондација на знаењето во смисла на предавање на факти кои се учат механички (од што се состои 99% од нашето образование). Секако би можеле да помогнат во креативното размислување.

Acid, како што гледаш повеќето од оние "механички работи" како...превод од еден јазик на друг, правење на патишта и друго пополека се заменуваат со целосно автоматизирани машини. За неколку години веројатно нема да биде потребна и човечка интервенција (освен надзор и менаџирање кој веројатно ќе може да го извршува еден човек).
Дон не сака ништо да каже, не е тоа поетски текст, туку научен проект, и сака да каже едноставно дека професорите веќе го немаат авторитетот на сезнајковци, бидејќи реално тоа не се, Гугл е. Па нивната улога полека се губи во образувањето на младината. Тема слична отворив во истиов подфорум.

Исто така, од кажаното личи како никогаш да не си земал во рака роман, па затоа и не знаеш како функционира преведувањето. Механичко преведување или буквално, не се користи никаде и никогаш, освен во итни случаи каде нема време за професионалци.
Kaitekk напиша:
Ова дека интернет зависнициве биле многу паметни некако не штима. Гугл е огромен извор на информации а дали ти ќе избереш да ги ставиш во глава или да ги оставиш таму и да зависиш од Гугл е твој избор. Гугл има повеќе намени а ти наведе една негативна...сигурно знаеш дека има и милион други позитивни.
Сине, како да ти објаснам, не се работи за учење од гугл за да бидеш паметен на форум, туку за копи пејст, што не те прави паметен. И дека гугл има и позитивни страни е факт, само не верувам дека ќе дискутираме понатаму...
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Кај најде да ги спмнеш нај небубаторските предмети за кои не треба многу учење на памет а самите предмети го подржуваат и птикнуваат логичкото размислување и баратање со неколкуте информации кои ти се доставени, што во основа е исто и со тоа што е наведено во оригиналниот текст, дека повеќе ќе се поттикнува баратњето и примената на дадените информации.
Незнам како знаењето на сите елементи од периодниот систем или знаењето на знаците за сите можни киселини како и нивното образување напамет ќе ме поттикне на нешто...

А и примеров е конкретен... сум одбрал општа насока гимназија, тоа значи дека НЕЈЌАМ да учам предмети што би требало да се учат во природен смер!
Исто така реално гледано материјалот што се учи по математика е ок, и треба да се учи... до 4 одделение. Се натака се глупости... ок, можеби и не се глупости, али дефинитивно немаат никаква примена во секојдневниот живот и нема да ти служат за ништо, освен ако нејќеш да работиш како професор по математика или шознам шо друго би можел...
 
Морам да се вмешам и тука. Дали Јоване знаеш зошто толку многу се ценети гимназијалците и зошто старите коа ќе им кажеме дека сме се запишале у гимназија викаат „Ааа, алал вера, ќе биде чоек од тебе“? Затоа што се верува дека гимназијалците се попаметни, бидејќи принципот на образување на децата во гимназија вели дека не се знае каде ќе се запишат по средното училиште и заради тоа мораат да бидат спремни по секој предмет како да учат стручно училиште. Ако учиш за средно медицинско, се знае дека на факс ќе продолжиш за доктор. Ама ако учиш гимназија, те спремаат и за доктор, и за правник, и за сликар и за се`.

Сега гледам некои работи се сменети, па и гимназиите воведуваат насоки и струки, но тоа е добро, бидејќи популарноста на стручните училишта падна па сите сакаат гимназија. Вака и волкот сит и овците на број.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom