Game of Thrones

Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
You stand in the presence Of Daenerys Stomborn of House Targaryen, rightful heir to the Iron Throne, rightful Queen of the Andals and the first men, protector of the seven kingdoms, the mother of dragons, the Khaleesi of the Great Grass sea, the Unburnt, the breaker of chains..

This is Jon Snow

:pos::pos::pos::pos::pos: се изнасмеав

Иначе гледам пишувате како прв пат да сфаќате дека Олена го отру Џофри. Не се сеќавате на сцената со Марџери кога и вели нешто у стил зар мислеше дека ќе те оставам на тоа чудовиште. Секако со помош на Литлфингер(мислам)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.869
Поени од реакции
24.365
Бев на одмор до вчера и денес успеав да ги изгледам сите 3 епизоди од новава сезона.
Wow! Права Game of Thrones сезона, полна со политички игри и интриги. Кога заврши 6та сезонава мислев во новава дека ќе им прават gang bang на Ланистерс, ама многу добро ја тераат сега за сега сезонава. Не се знае ништо, летаат глави на кралеви на сите страни, секој на секого нож во грб му забива и Серси стои со насмевка над сите. Многу ми се свиѓа што покрај политичките игри скоро во секоја епизода има акција. Само нека продолжат со ваков квалитет, и тој недостаток на 2 епизоди што ја смалија сезонава и наредната воопшто нема да се забележи.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.962
Сите знаеме кој го уби Џофри и како, може оние само што ради реда ја гледаат и не знаат што гледаат уствари. Јакото беше кај женава што можеше многу потешко да помине, си одбра најлесен начин за умирање, притоа и го спопика уште еднаш на Серси пред умирање за оваа да се јаде што не може да ја убие уште еднаш, далеку посурово. Олена кралице, арно твојот лик не го упропастија до крај.
Инаку, Серси е дефинитивно родена за одмазда кутрата. Се што правеше до лани беше тоа што се сексаше со брат и, а сега мозокот и фантазијата ја носат ептен во мрачни измачувања и тортури. Круната на глава и овозможува да си ја открие скроз пореметеноста и иако до некни сакав да ја убијат, сега мислам да поживее, интересна е. Гуд риданс од оние глупачине од Дорн, сега знаеме дека веќе дефинитивно нема да ги гледаме.

Денииии, умри аманннннн!!! Ако треба уште пола минута од серијава да трошат за нејзе да ја претстават со тие 10000 титули што ги има, ќе се утепам. Досадна, глупа, нарцис. Не ја можам. Џон, не и го виткај коленото на глупата.

А овој Брен пак кој фактор се прави. Апла глуп момент со Санса. Сем инаку е најпредвидлив лик во серијава. Секогаш знаеш што ќе направи. Сем не го исчукаа во стражата иако сите го мразеа на почеток. Сем преживеа над ѕидот. Сем, кој е тотално неспособен со меч и борење, успеа да ја исчува Гили и бебето колку, 4 сезони веќе? Сем уби Шетач. Сем чита една книга и наоѓа решение за како да се спаси човештвото од Шетачите. Сем од прва лечи опасна болест, нешто што на многумина пред него не им успеало. Ако треба еден да преживее и да седне на тронот, my money is on Sam. :D

Искрено очекував Серси и Џејми да пропаднат одма оваа сезона. Со сите овие на спротивната страна од нив, не им гледав многу надеж. Сепак, се исплатело да го слушаш татко ти цел живот, ко што кажа Серси. Ќе биде интересно наредните епизоди, работите многу брзо се свртуваат сега.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Абе какво сега кажување за Џофри, мислам дека уште истата сезона се даде до знаење дека Литлфингр и Олена го убија, ова беше само директно кажување за да ги повреди Ланистерс one more time.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.559
Поени од реакции
21.396
Искрено очекував Серси и Џејми да пропаднат одма оваа сезона. Со сите овие на спротивната страна од нив, не им гледав многу надеж. Сепак, се исплатело да го слушаш татко ти цел живот, ко што кажа Серси. Ќе биде интересно наредните епизоди, работите многу брзо се свртуваат сега.
Исто и јас али не очекував Тирион да биде лоботомиран додека патуваа од Есос кон Драгонстоун. Плус Еурон игра со читови.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Абе какво сега кажување за Џофри, мислам дека уште истата сезона се даде до знаење дека Литлфингр и Олена го убија, ова беше само директно кажување за да ги повреди Ланистерс one more time.
The Poisoning
"You don't think I'd let you marry that beast, do you?"
―Olenna Tyrell to Margaery Tyrell

Иначе епизодава дополнително зајакнува што кажав прошлата епизода.
Ја ослабнаа (калиси) за да може Џон Сноу кога ќе отиде да биде од корист и Калиси да прифати сојуз.
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Во случај да се однесуваше на мене.. Не би рекол дека ја гледам туку-така не би рекол дека и нешто кој знае што ми значи серијава.. но знам што гледам ;) Муабетот ми беше дека збориме за тајм гап од 3 години ( се случија една копа работи, фала богу Џофри не беше најбитен во серијата) и дека јако беше доловено тоа што конечно им го спопика.

И ја го делам мислењето за глупачките од Дорн :pos: но злобно беше :/

Е шо и ослабнаа на Калиси? Цело време потенцираат дека може да го земе Кингс ландинг кога сака, мислам дека се беше добро изведено и на место со оглед на тоа што андед се доволно непознат антагонист не е ослабната воопшто. Крај краева, Џон не отиде во Драгонстон за да прави војна со неа.
 
Последно уредено:

Како шо и ослабнаа?
Олена умре.
Eларија и ќерка и ги фатија.
Грејворм падна во заседа.

Што и остана нејзе?
Дивјаците и змејовите.
Нишо нема да постигне со нив.

Bonus: - 10та секунда
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Сите отидоа со Грејворм? Ако да тогаш го јаделе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.495
Поени од реакции
79.649
Овој го ослабнале, за оној да може ова-она.
Големините на војските во серијава немаат никакво значење, раздалечините исто. Едноставно војските, битките, појавувањето на ликовите и нивните дејствија, немаат благе везе со тоа што е возможно и кој од кого треба да изгуби, а кој од кого е послаб. Тие се случуваат исклучиво во функција на заплетот, така како што е подобно за заплетот, приказната.
Примери за ова има миљон.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Овој го ослабнале, за оној да може ова-она.
Тие се случуваат исклучиво во функција на заплетот, така како што е подобно за заплетот, приказната.
И што кажа сеа различно од мене?
Намерно писателите имаат направено на данерис војските да губат за да нема веќе сојузници и да мора да се здружи со Џон. Овие работи се случија зашо така е “подобно за заплетот, приказната“
Самиот трејлер од следата епизода што го линкував ти го докажува тоа.
Али битно се напраи попаметен од мене.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.495
Поени од реакции
79.649
Да, целта ми беше да се напраам попаметен од тебе.
Пошто тоа е исполнето, im outta here!
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.660
Поени од реакции
1.543
https://quartermaester.info/

Дечки зошто не ми го отвора сајтов, до пред некое време го отвараше, сега ми јавува некој Јава еррор (се работи за мапа на Ессос и Вестерос).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom