E-bankinng, искуства?

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Вака, отворив е-банкинг во Халк и во Детали на сметка ги забележав резервирани и расположиви средства.
Ме интересира која е улогата на резервираните средства и што значат истите.
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Резервирани се оние кои се симнати од картица, ама се уште не се прокнижени. Расположиви се оние кои ги имаш на користње.
На пример, плакаш со картица во Веро, износ 2150 денари. Ти ги кинат од картица и ги водат како Резервирани додека не се прокнижат во меѓубанкарско работење ( 1-3 дена)
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Јас почнав со користење на отп токен од СТБ ама една работа не ми е јасна значи зошто неможе да го смениш името на уплатувачот ? Значи јас ако сакам да платам данок на имот или таксени марки пак треба да чекам ред во банка затоа што генијалците не смислиле дека тоа треба да се менува малку е нелогично ова исто ко да дојдам на шалтер и да ми каже , а не чим уплатниците не се на твое име неможеш да ги платиш да си дојде тој сам лично:facepalm:
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339

Затоа што ОТП токенот не е ништо друго освем дигитален потпис.. и не можеш да потпишеш налог во туѓо име..
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Затоа што ОТП токенот не е ништо друго освем дигитален потпис.. и не можеш да потпишеш налог во туѓо име..
Ама затоа уплатници може да потпишеш во туѓо име? Пак ќе кажам не е логично тоа ама ај нека им биде.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Институциите не признаваат е-општество

Пред некој ден во 8.30 имав закажано за пасош на синот. И тоа по итна постапка, бидејќи редовната беше за 10/2011година!? Но, наидов на проблем; службеникот не ми ја признаваше уплатата од 4.500 ден. затоа што не била извршена на шалтер на некоја банка, туку преку електронското банкарство. Иако испечатениот лист хартија е директно од електронскиот систем на Стопанска банка, на кој стојат сите детали за извршената успешна трансакција, службеникот не сакаше ни да го погледне, зошто „не е сивиот мал образец“. Појдовме со сопругата и синот кон повисоките инстанци. Прво, советничка, која исто така не сакаше воопшто да разговара, ниту да го погледне листот, со зборовите: „како така ви текнало да плаќате електронски“? Потоа отидовме кај началничката за управни работи, која беше на состанок, па по 30-ина минути не' прими. Истото образложение: тие не работат со електронски уплати, зошто прво не сме прашале, немала одобрение од повисоките инстанци да прима такви потврди и слично. Последното нејзино беше дека нема да ја прими потврдата и да одиме да си уплатиме повторно преку шалтер и уплатница ПП50, а за веќе уплатените пари да си бараме поврат од банката!?

Јас се јавив потоа во Стопанска банка и тие ме упатија во најблиската експозитура да напишам уплатница, а тие ќе ми ја заверат. И така по 2 часа шетање по ходници и банки, застанавме на ред за сликање, кое по мала расправија со другите што чекаа за тој термин, се заврши. Па нели државата се рекламира за е-општество? А самите државни органи не сакаат да прифатат е-трансакции. Морам да напоменам дека пред 2 години вадев пасоши за мене и за двете деца и сите плаќања ги направив преку е-банкарство. Тогаш ми ги прифатија потврдите за плаќање.
Мене истото ми се случи пред месец дена кога отидов да ја обновам личната карта. Платив електронски за да не се шетам по пошта и слично, но службеникот во полицијата не ми го призна испечатениот лист и ми рече да отидам до банка да ми стават печат и потпис дека е валиден испечатениот налог и да се вратам тогаш. Така и направив, во НЛБ Тутунска проверија дека налогот е реализиран и ми го потврдија со печат и потпис. После службеникот ми рече дека сега се смета за валиден налог, штом има потврда од банката. Значи треба сите да знаат дека во полиција и такви институции не се признаваат само испечатени налози црно на бело, мора да имаат потпис и печат од банката за да бидат прифатени како валидни, во спротивно ќе имате проблеми, а можно е и двапати да плаќате за истата услуга.[DOUBLEPOST=1435878782][/DOUBLEPOST]
Ама затоа уплатници може да потпишеш во туѓо име? Пак ќе кажам не е логично тоа ама ај нека им биде.
Кој ти рече дека уплатница можеш да потпишеш во туѓо име? Тоа само ако имаш некој близок во банката или ако евентуално не приметат дека не е истата особа на чие име е налогот. Во спротивно ќе ти побараат твоја сметка од банката или лична карта за да потврдат идентитет и да запишат матичен број. Мене ми се има случено неколку пати досега да треба да платам рата за кредит на име на мајка ми па одма гледаат дека на уплатницата пишува женско име и презиме а машко врши уплата. Одма прашуваат за роднинска врска и ми бараат лична карта за да потврдат идентитет и да запишат матичен број на уплатницата. Ако одбиеш да соработуваш и да дадеш лична карта едноставно нема да ти биде реализирано плаќањето и готово.

Единствено во туѓо име се потпишува ако си застапник или одговорно лице во некоја фирма или правен субјект за да можеш да вршиш уплата/исплата на дневен промет и слични плаќање, но со претходно потпишан договор помеѓу тебе како вработен и правниот субјект/фирмата. Истиот тој договор пожелно е да биде заверен на нотар и потоа од истиот се доставува копија заедно со барање за овластено застапување на правниот субјект во банката, па дури тогаш можеш ти во име на фирмата да потпишуваш уплатници.
 
Последно уредено:

Сум платил 100 уплатници за данок и таксени марки кои не биле на мое име па ни во една банка не ми побарале лична карта да споредат матичен . Во однос на пасош или лична карта па само со картичка или смс можеш да платиш за услугата директно во мвр.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Сум платил 100 уплатници за данок и таксени марки кои не биле на мое име па ни во една банка не ми побарале лична карта да споредат матичен . Во однос на пасош или лична карта па само со картичка или смс можеш да платиш за услугата директно во мвр.
Епа тогаш тоа е пропуст на банката, односно на службеникот кој ти ја вршел уплатата. Мене секогаш ми барале документ за идентификација.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Не е пропуст на банката. Има лимит. Ако не грешам, во Комерцијална беше окулу 1000 денари.
До тој лимит, уплатата оди директно, за поголем износ мине преку трансакциска, а за тоа мора да му барат дикумент за идентификација.
Највероватно уплакал ситна сума, па затоа не му побарале документ.
 
Член од
20 јануари 2019
Мислења
32
Поени од реакции
54
Дали некој има искуство со блокирање на токен од КИБС со 3 пати згрешување на пинот? Како оди процедурата за деблокирање?

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom