E-bankinng, искуства?

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
се согласувам... македонија можда касни со развој и економија, ама по техниката и тие прашања ги следиме во чекор сите збиднувања... во бугарија и србија не знаеа што се банкомати кога кај нас ги имаше... истото и со ова, не верувам дека МК е далеку од ова прашање... може да биде и за2 или за помалку години... од тоа зависи само дали на некоја банка ќе и се допадне да го воведе или не... типувам на тутунска или комерцијална банка... можно е и стопанска банка.. тие 3 банки се водечки кај нас и они први воведуваат технологија и техника...

еве јас (мислам дека претходно се изјаснив, ме мрзи да читам) користам и-бенкинг на тутунска со токен- електронски потпис... они први го воведоа тоа... задоволен сум од начинот на функционирањето, а плус користењето на е-банкингот е поевтио одколку на шалтер да идеш и тоа со цени од по 30 денари рњзлика за секој платен-реализиран вирман. значи на шалтер е поскапо, не рачунајки и времето изгубено чекајки во ред-колона, како и бензинот да отидеш до МАТИЧНАТА експозитура да подигаш извештаи и изводи... вака се имам на нет... се што ми треба...
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
226
Поени од реакции
85
дали може токен од една банка да се користи и за други или уникатни се тие и секоја банка го дава посебно?
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Ме интересира која банка има најповолна понуда за e-банкинг кај нас. Ми треба за проверка на состојбата на сметката и повремено по некоја трансакција. Гледав во Уни банка каде моментално имам трансакциона и оваа е понудата. Токенот е 1500 ден., месечна претплата 200 ден. Како е кај другите банки, Тутунска, СТБ?

Поздрав и однапред фала.
 
во охридска моментално има промоција и токен даваат бесплатно
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
вотутунска се плаќа токенот и тоа од сметка ти ги зимаат, а месечна претплата има од 99 денари па нагоре... различни пакети има т.е. неколку... таа со нај мала претплата и нај мали услуги има...
 
Член од
19 јули 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ме интересира која банка има најповолна понуда за e-банкинг кај нас. Ми треба за проверка на состојбата на сметката и повремено по некоја трансакција. Гледав во Уни банка каде моментално имам трансакциона и оваа е понудата. Токенот е 1500 ден., месечна претплата 200 ден. Како е кај другите банки, Тутунска, СТБ?

Поздрав и однапред фала.
ИК Банка не наплаќаат за увид на сметката. Само поднесуваш барање за издавање на ussername i pass. За електронско банкарство (плаќање) работат со дигитално потпишување со сертификат. за физички лица 50 денари трошок. Нема токени.

--- надополнето ---

вотутунска се плаќа токенот и тоа од сметка ти ги зимаат, а месечна претплата има од 99 денари па нагоре... различни пакети има т.е. неколку... таа со нај мала претплата и нај мали услуги има...
ИК Банка за физички лица наплаќа доколку имаш само плаќања во месецот над 10.000 денари, за следење е бесплатно.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
јас мислев дека се прашува за правни лица, а не за физички.. значи она што го пишав со цените за тутунска е за правно лице, не за физичко... за физичко лице преглед на интернет т.е. увид во сметките сите што ги имаш се комплетно бесплатни... е сега, не користам плаќање преку интернет за гфизички лица, брат ми користи а и он е во тутунска исто, како што сум го разбрал порано, исто така не се наплаќа ама баш ништо... за физички лица...
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Институциите не признаваат е-општество

Пред некој ден во 8.30 имав закажано за пасош на синот. И тоа по итна постапка, бидејќи редовната беше за 10/2011година!? Но, наидов на проблем; службеникот не ми ја признаваше уплатата од 4.500 ден. затоа што не била извршена на шалтер на некоја банка, туку преку електронското банкарство. Иако испечатениот лист хартија е директно од електронскиот систем на Стопанска банка, на кој стојат сите детали за извршената успешна трансакција, службеникот не сакаше ни да го погледне, зошто „не е сивиот мал образец“. Појдовме со сопругата и синот кон повисоките инстанци. Прво, советничка, која исто така не сакаше воопшто да разговара, ниту да го погледне листот, со зборовите: „како така ви текнало да плаќате електронски“? Потоа отидовме кај началничката за управни работи, која беше на состанок, па по 30-ина минути не' прими. Истото образложение: тие не работат со електронски уплати, зошто прво не сме прашале, немала одобрение од повисоките инстанци да прима такви потврди и слично. Последното нејзино беше дека нема да ја прими потврдата и да одиме да си уплатиме повторно преку шалтер и уплатница ПП50, а за веќе уплатените пари да си бараме поврат од банката!?

Јас се јавив потоа во Стопанска банка и тие ме упатија во најблиската експозитура да напишам уплатница, а тие ќе ми ја заверат. И така по 2 часа шетање по ходници и банки, застанавме на ред за сликање, кое по мала расправија со другите што чекаа за тој термин, се заврши. Па нели државата се рекламира за е-општество? А самите државни органи не сакаат да прифатат е-трансакции. Морам да напоменам дека пред 2 години вадев пасоши за мене и за двете деца и сите плаќања ги направив преку е-банкарство. Тогаш ми ги прифатија потврдите за плаќање.
 
fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51

Лелее. дури за 10/2011 во редовна процедура. :uvo: Абе овие не се нормални, Е- банкарство му е шпанско село. Јас за хостирање веб страна уплајќав во Стопанска и на шалтерот госпожата ми вели што е ова во цел за доанака и напишав за хостирање веб страна, Само се насмеа ко и објаснив, Абе секакви неквалификувани по институцииве , а ние малку од малку што разбираме од е-банкингов и другиве слични работи, ќе си седиме дома.
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
зошто „не е сивиот мал образец“
Сивиот мал образец има печат од банка, а листот хартија кој си го имал нема. За да биде важечки, треба да има печат, а не мора да е „баш“ синиот образец по мое. Или евентуално ако вработениот на шалтер има компјутер пред него, кој според внесените име презиме и матичен може во реално време да ја провери сметката на таа институција, и да види дека си платил, тогаш ќе нема потреба ни од сивиот, ни од црниот, ни од црвениот. Но пошто тој како вработен сигурно нема таква информација (реално време пристап до сметка), затоа се уплатниците (заверени со печат од банка).

Ако ме прашуваат мене, за уште „поелектронски“ да биде, треба да стават апаратчиња за плаќање со картица, на лице место да платиш. Така и сметка ќе ти издаде :) Колку пати се имам нервирано што во пошта немаат...
 
Види, кој е тој маж што ќе оди со фалсификуван лист во полиција за да изваде пасош? Веќе истиот/наредниот ден ќе проверат дека те нема во уплатите од банката, и ќе си добиеш кривична пријава за фалсификат + ќе добиеш пасош..... никогаш.

Исто еве го законот за податоци во електронски облик
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Не е работата за маж не маж, факт е дека одиш со непотврдено плаќање, факт е дека шалтерските работници мора (по пропис) да ти бараат такви документи. Не може тој на жими мајка да ти ги земе барањата. Еве да земиме обратна ситуација. Јас одам со ист лист ко твојот, ама фалсификат. Како прво, никој (ама верувај никој) освен некои тетки од администрација во скопје или што знам кој, нема увид во состојбата на сметката. Јас се си мислам дека таа е бунар, во кој ти уплаќаш, и се заборава тоа во некои си извештаи од уште 1 милион народ кој може ке уплатат во ист ден (хипотетички). Никој нема баш тебе да те провери, дали си лажел. Со сините ливчиња, тие имаат доказ дека си платил во банка (не дека тие не можат да се фалсификуваат). И никој не седнува да спојува 2 со 2 дали сите уплатници се уплатени. Тоа ќе биде најдосадната работа на светот.

За се има решение за да биде по електронски пат, но нема желба или финансии. Може да се стави бар код на тој листот од електроското, кој со специјален читач може да се верифицира (баркодот да биде комбинација од датумот на уплата, матичен твој (или за поголема заштита енкриптиран матичен) и сметка на примач исто енкриптирана), така да софтверот на читачот да каже дали е во ред или не е. (Пр, го даваш листот на шалтер, го мава на читач и на компјутер му излегуваат горенаведените информации. ако пробаш да турниш фалсификат со баркод од млеко, ќе излези кравата Милка на екранот и ќе почни да мука на цел глас).

Друго решение е плаќање со картичка. Така нема да се трудиш дома да пишуваш сметки, да се логираш, па немало интернет, па која е сметката на министерството итн. Едноставно, одиш на шалтер, чим ги имаш сите документи, ти вика „на тука дечко удри го пинот“ и готово.

И трето (и мислам дека вакво нема да имаме ни за 10 години) е да се логираш со матичен број и име и презиме на сајтот на МВР, кликаш на Барања - Пасош - Итна постапка, ако евентуално немаш регулирано пр. државјанство ти вика Прво треба да кликнеш на Барања - Државјанство, па после дојди на оваа страна, и одиш, пополнуваш податоци кај што треба (мислам дека повеќето податоци ги имаат, може и нема да има потреба од внесување нови), сискаш Испрати барање, те носи на страна за плаќање, само внесуваш картичка, и плаќаш. Ти пишува дојдете за 10 дена во МВР на шалтер 4 во Битола, доколку сакате да промените локација, кликнете Одбери точка на подигање. .... И си одиш, добар ден, за мене има некој пасош? Има, „изволте“. Нит на шалтер да се нервираат со тебе дали си носел или не си носел уплатница, нит ти да чекаш заедно со уште 10 запотени пред тебе.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
две збаелешки.....хе,хе.....
прво:не за 10 , ами за 110 нема шанса а за тоа од погоре? :)
второ: кога ќе го има, ќе трчаш на шалтери, нема да има запотени....ќе биде чисто и мирисно , а тебе ќе ти треба да се видиш и поразговараш со ЖИВ ЧОВЕК:)
 
fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
Дали некој имал досега проблем со е-банкингот на СБ. Во смисла да неможи да ја види состојбата на сметката. Јас пред некој ден отворив и после извршената прва трансакција, за 90 денари сметка ми беа одземени сите ( до душа само 500д. ставив) колку за проба. И како да знаев дека ќе имам проблем па не ставив повејќе пари. Денес проверив во банката, парите си стојат, но јас од дома неможам да ги видам , ми дава салдо 0.00 ден. Совет?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Па кликни на „состојба на сметка“. Ќе ти направи refresh и ќе ја добиеш реалната сума на сметката.

И јас сум тазе со e-banking на СБ. Еве платив две-три сметки за струја,парно и вода. Телекабел немаат, имаат само Кабелтел за кабловска.

Многу е глупаво пополнувањето на ПП-30 образецот. Нема пример од слика од сметка да се кажи кои броеви се внесуваат. Скапав кршење телефони по ЕВН, Водовод (до 3 се на работа) и Топлификација да ми објаснат што треба да се внеси. Пак ми е така...несигурно ама убаво е што може да се извади извештај за платени сметки и ако праат проблеми има le passe :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom