- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Curtis James Jackson III
100 Million dollar man
Што не може да стори овој човек?
Според многумина најдобриот рапер од новата генерација на рапери кои доаѓаат од Источната страна на Америка. Направи вистински бум со песната In The Club во летото 2003та,оваа песнат стана најслушаната неделна трака на радиата низ светот во историјата на музиката. Неговиот албум Get Rich or Die Tryin беше продаден во 872 000 копии за само 4 дена и стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња. На овој албум се најдоа многу траки кои подоцна стануваа број еден на топ листите насекаде во светот. Подоцна во 2005 тој основа своја прод. куќа G-Unit Records и потпиша договори со Lloyd Banks, Tony Yayo, и Young Buck кои и претходно беа членови на G-Unit а потоа им се приклучи и The Game. Во март истата година тој го издаде вториот студиски албум The Massacre на кој исто така се наоѓаа еден куп хитови. Доказ за тоа е и фактот што 50 Cent е првиот соло артитс кој во една недела имал 3 траки во првите 5 на топ листата тоа се "Candy Shop", "Disco Inferno", и "How We Do". По расправијата со The Game и неговиот отказ тој потпишува со Olivia, Mobb Deep а потоа и со Spider Loc, M.O.P и Young Hot Rod.
50 Cent исто така заработува и милиони покрај од снимање на музика. Тој има своја игра за PS2 и PC играта се вика 50 Cent: Bulletproof, има договор со Reebok и има своја линија на патики G-Unit Sneakers, а исто така има и пијалок Formula 50, и посебна линија кондоми :pos2: машина за пари е човекот. А ќе заборавев исто така пишува и книга а има снимено и биографски филм за него Get Rich or Die Tryin' Во моментов снима филм The Dance во кој има доста познати глумци како Николас Кејџ и Роберт Дениро.
Заклучок:
Откако се расчу веста за него дека бил застрелан 9пати и дека преживеал, 50 Cent стана светска сила во играта на рапот, а воедно и е цар во бизнисот и си прави милиони и милиони и милиони има огромно богатство кое од ден на ден станува поголемо.
едит:
јас само имам едно да кажам за него РЕСПЕКТ!!!