BucketHead

chimera

୧༼ಠ益ಠ༽୨
Член од
17 август 2014
Мислења
39
Поени од реакции
91
Темава! *Fanglrling intensifies*:vozbud:
Секогаш кога ќе дадам шанса на други гитаристи, правам паралела со Бакетхед и по некое време турам пепел на другово. :unsure:

Нешто поомилено (нек иде во спојлер, да не се фати многу):
Не знам дали е оваа претходник или некоја издолжена импровизација на Nottingham Lace, но е феноменална.

И уште ова. Бедес воведни 40 секунди, епски саундтрак.
Читам на почеток, Слеш оставил преголеми чевли....можеби за Ешба. Слеш го сакам, и јес да стекнал култен статус, но има каде-каде поограничен стил, имагинација и способности од Кофоглав.
Лично се вреѓам за него. :oops:
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.654
Поени од реакции
21.063

С има препознатлив стил и за тој стил он е алфа и омега ... па дури и кодот на облекување со капата и косата мислам нема кој не го ископира вклучуваајчи го и кофата ... од друга страна музиката на кофата е ок но ја нема онаа енергија која ја пренесува С со гитарта па макар и ограничена ... дали е тоа гнр, слеш (снејкпит ) велвет или слеш со мајлс кенеди !!!!
 
Или Слеш со Ферги и Слеш со Ријана. :confused:
Да не се разбереме погрешно, никој не му го оспорува талентот, но споредбите назад што се правеле, немаат смисла. Токму тоа, Слеш има препознатлив стил, а има и Бакетхед, а тоа се сосема различни стилови - привлечен гитарист кој го застапува sex, drugs & rock'n'roll имиџот во сиот свој сјај, прифатлив за пошироките маси, наспроти авангарден тип што се крие зад маска и свири експериментален рок каде четири стила може да се сменат во рок од две минути со цел да доловат поента како што тоа би направил текст на една песна. Многу нормално дека едниов ќе трча низ сцена и ќе флертува со публиката, со него има и придружба која игра подеднаква улога ко него, а тука се вложувани и илјадници, ако не и милиони на изведби и сценски ефекти...додека Бакетхед кога е сам - сам прави она што другиве го прават ко група. Ова ко во зборовите на Коста Бургов: ...позади секој пеач стое менаџерски тим, а позади Коста сам си стое. :D
За техниките да не навлегуваме, единствено Гибсонот ги спојува. Факт е дека Кофица е повеќе шредер, but a damn good one. Но не значи дека не е емотивен и/или енергичен, туку само дека не е преслушан доволно.
Што знам, еве мене ова ми е прилично енергично ко за самец на скромна сцена, и таман си ја доловува суштината на насловот. По движењата очигледно ужива, па сега што не му гледаме фаца и не покажува тетовирано тело...

Нејсе, топла вода е тоа погоре, туку, со што го копира(л) Бакетхед Слеш во стилот? :eek: Стилот на свирење им е различен во интергалактички размери. Тоа што Бакет го беше „наследил“ Слеш во ГнР, значи дека автоматски ги наследи и песните, нормално е дека тогаш морал да балансира за да задржи автентичност и на песите, и своја. Вака инаку, неговиот имиџ е инспирација од Halloween филмовите, поточно белата маска на Маерс, а кофата е рандом додаток кој случајно му паднал на памет дури јадел, па ете, си се свидел ко таков.
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.654
Поени од реакции
21.063
баш ова е муабетот , ова што го свири сум го слушнал кај 500 други гитаристи пред уопште да се појави бакетхед. никој не вика дека не знае да управува со инструментот и дека не е технички поткован но ... има некој фаци кој се пробија во рок музиката со сопствен стил кој кога прв пат се свирел бил уникатен. хендрикс, пејџ, агнус, кит, ван халенм стиви реј,зек вајлд етц .... сите кога се појавиле биле уникатни не биле копиранти и оставиле впечаток на рок сцената ... бакет е веќе видена приказна !!!!
Инаку да кога сам со себе соработуваш си ограничен, слеш има соработувано со ријана и ферги но и со леми ози и остала хардкор багра ... кофата е друга приказна !!!!
инаку дури ни гибсон не им е заедничко пошто она што го компонира слеш го прави на хенд мејд Les Paul гитари од 1980 специјално направени за него !!!
 
Лелеј, извичнициве. :confused:
А Ле Пол од кој производител е? И белата на Бакет e custom и потекнува од таму.
И пардон, али Слеш во 1980та мало морген што добивал специјално направени гитари од ваков гигант.
Не решивме што е муабетот - дали дека Б го копира С, ама не е енергичен ко него, или Б е општо веќе видена т.е. слушната појава...ама нема везе.
Може и си во право, не велам не. Јас вкупно можеби и немам преслушано 500 гитаристи, а камо ли слични на него...пред него. :icon_mrgr: Ако почнеме со кругот кој врз кого имал влијание, крај ќе нема. Хенрдикс и Пејџ од Б.Б. Кинг и Чак Бери, Вајлд од нив двајца...така им се генерациите подредени, па помалку или повеќе, раснеле со таа музика, ама тоа е веќе оф топик.
Преслушај го подетално, прочитај за него, неговите соработки...тој си има кажано кој влијае(л) врз неговата музика. Вака повеќе добивам впечаток на заколнат Слеш фан кој баш и не е запознаен со Бакетхед, туку го гледа само ко конкуренција на миленикот, а така нема простор за дискусија.
Бев таква пред некоја година, па решив да го преслушам подобро за да повлечам цврста паралела и докажам дека Слеш (ми) е подобар. И еве ме сега.
Слеш го преслушав, мање-више, за Бакетхед не знам ни дали сум до пола, секогаш наоѓам нешто ново.

Да не си одам со празни раце од темава, еден од поомилените албуми.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2015
Мислења
7
Поени од реакции
3
Насловов на темава би требало да се вметни во категорија на Религија а не во музика ,пошто Bucket е ипак жив Бог...:zver:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom