Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Barclays Premier League

Нова сезона,нова тема.Гледање,нервози,сеири на Спортклуб (+) или пред компјутер на стримови :)

Премиер лигата е англиска професионална фудбалска лига. Таа е на врвот од англискиот фудбалски систем, и е примарно фудбалско натпреварување во Англија. Во неа се натпреваруваат 20 клубови, од кои последните 3 идната натпреварувачка сезона се натпревурваат во понизок ранг на натпреварување. Премиер лигата е корпорација од 20 тимови, кои се акционери. Сезоната трае од август до мај, во која клубовите играат 38 кола. Премиер лигата е спонзорирана од банката Баркли и поради тоа таа официјално е позната како Баркли Премиер лига.
Натпреварувањето формирано како ФА Премиер Лига на 20 февруари 1992 е продолжение на Фудбалската Прва дивизија, која беше оформена во 1888. Набргу Премиер лигата стана најгледана лига во светот. Исто така таа е и најисплатливата лига на светот со вкупни приходи на тимовите од ок. 1.93 билиони фунти во сезоната 2007/08. Таа е и рангирана на првото место според Уефа ранкингот на лиги, базиран на достигнувањата на клубовите во последните 5 години, пред Шпанската Ла Лига и Италијанската Сериа А.
Досега во оваа лига се натпреварувале 43 клубови, од кои само четири ја освоиле титулата: Манчестер Јунајтед,Блекбурн Роверс,Арсенал и Челзи. Актуелен шампион е Манчестер Јунајтед, кој во сезоната 2010/11 ја освои својата 19та титула, повеќе од кој било друг клуб во ова натпреварување(заедно со Англија Прва Лига,порано).

Ќе се натпреваруваат 20 екипи и тоа :





















Освен по сето ова,што ја прави најдобра и најитересна лига во светот,оваа лига може да се пофали дека ги има двајцата најлојални менаџери кон еден клуб.Едниот е

Sir Alex Ferguson којшто во Манчестер Јунајтед е веќе 25 години,од 6 Ноември 1986. И
Arsene Wenger којшто во Арсенал е веќе 15 години,од 1 Октомври 1996.

Останува да видиме за околу 1 година кој тим ќе го подигне овој пехар


пс:се извинувам за жолтите цртки кај стадионите,но мора да биде така.А да имаше можност повеќе од 20 слики во еден пост ќе беше поубав воведот.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990
Навивачки сакам Ливерпул да ја освои. Ама, мислам дека Манчестер си е владетел во Англија, уствари факт е дека е владател, а мислам дека ќе остане да владее уште и нема да ме чуди ако си ја освојат 20тата титула во ПЛ.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Оваа сезона ќе биде најверојатно и највозбудливата и најнепредвидливата сезона.
Манчестер ЈУнајтед направија неколку одлични трансфери, Ливерпул се доста зајакнати (уште одбраната да ја реформираат и топ се кис4е), интересно ќе биде што ќе направи Челзи со новиот тренер, но не очекувам премногу од нив поради пасивноста на трансфер пазарот, уште Арсенал и Манчестер Сити се тука кои можат да му ги поматат сметките на Фергусон.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Одиме на титула !!! :icon_mrgr:
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Многу нормално!
Бендтнер ќе биде прв стрелец сезонава во Премиер Лига со 50 гола во 25 утакмици.
И штета што Клиши ни отиде , инаку ќе имаше 25 АААсистенции :)
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Сега за сега ако се погледнат играчите мислам дека Манчестер Јунајтед е без конкуренција. Челзи не купи ништо, очекувам Дрогба и Лампард да имаат уште послаби сезони, Торес да си биде исто дрво и така натаму и така натаму... Манчестер Сити направи две катастрофални грешки: не го отпушти Манчини и го купи Клиши, па така и оваа година нив не ги вбројувам во кандидати за титулата. Ливерпул стандардно - 4-то место за нив би било ко да го освоиле светот. Арсенал имаше три би рекол фантастични трансфери летово (го купи Жервињо а ги продаде Клиши и Денилсон), па ако им пораснале мудата колку-толку очекувам тие да направат најголеми проблеми оваа сезона на Ферги.

И да, очекувам Чичарито да биде најдобар стрелец, а Јанг најдобар асистент. Се надевам дека нема да ме разочараат во очекувањата. : )
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Манчестер има конкуренција бре......не сте небесен тим...летате..ама ќе паѓате
:icon_mrgr:
 
P

PewDiePie

Гостин
Ливерпул,тренерот им се погоди,играчи купија(уште лев бек)оддамна немаат освоено и мислам дека ќе бидат опасно мотивирани сезонава.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.601
Поени од реакции
10.253
Кој мислам дека ќе го освои - М. Јунајтед
Кој сакам да го освои - М. Сити
За кој ќе навивам - за да фатам спортска
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Реално гледано оваа сезона ќе биде една од најинтересните. Очекувам голема битка за титулата.

Ние и тоа како сме фаворити за тронот, но тоа не може да значи ништо имајќи во предвид што може да се случи во текот на целата сезона. Доведовме 3 одлични засилувања и очекувам брза нивна адаптација, а до крајот на трансфер периодот можат да се доведат и уште неколку засилувања знаејќи ги плановите на Ферги.
Ливерпул оваа сезона очекувам да биде еден од конкурентите за титулата затоа што Кени докажа дека е одличен тренер, а исто така доведе и неколку квалитетни засилувања кои сигурно ќе го подобрат нивото на играта на тимот, а најмногу од нив очекувам да се издвои Адам затоа што докажа минатата сезона дека е одличен фудбалер.
Челзи сеуште го има истиот играчки кадар, но сега не знам како Вилаш Боаш ќе се справи со притисокот и стилот на фудбал во Англија. Сигурно е дека се работи за одличен тренер, но лигата во Португалија и оваа во Англија се разлика во светлосни години. Ќе видиме дали ќе го следи примерот на Сколари или пак Мурињо...
Арсенал ова лето како што кажа некој пред мене направи 3 топ трансфери. Го доведе Жервињо кој е фантастичен фудбалер и беше една од главните алки на Лил при освојувањето на титуалата минатата сезона во Франција, а успеа да се раздели со Клиши кој според мене е еден просечен лев бек, како и Денилсон кој не е константен во својата игра. Сега се зависи од тоа дали Фабрегас и Насри ќе го напуштат клубот. Сигурно ако си заминат дека Венгер ќе доведе замена за нив, но што ќе се случи останува да видиме.
Манчестер Сити за чудо не потроши некоја астрономска сума на некој трансфер ова лето. Го доведе Клиши и Стефан Савич. Црногорецот е добар фудбалер, но прашање е како ќе се адаптира во Премиер лигата, и дали воопшто ќе добива некаква шанса покрај големата конкуренција во одбраната на тимот. Ако си оди Тевез е тек тогаш не очекувам нешто големо од Сити затоа што нападот се на се не им изгледа воиграно без Тевез. Џеко некако делуваше загубен во вториов дел од сезоната, Балотели е супер фудбалер но неговиот темперамент не може да биде скротен од страна на Манчини така да очекувам пак битка за 4 место, но дали ќе го остварат тоа останува да видиме.
Тоа е според мене се на се низ кратки црти...Очекувам интересна борба и да ја одбраниме титулата. А на темава да се продолжи со добра дискусија и без никакви провокации и кавги меѓу членовите.
Спортски поздрав!
 
G

Gray Foxx

Гостин
Викаш блокбастер ќе ја напраат?
Па оти не ја освои Ливерпул 2009 па да ни избегаат за две и да биде поинтересно? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom