Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.488
- Поени од реакции
- 5.965
Не, не е патетично да признаеме дека сме луѓе, дека постоеше еден човек што сите нè обедини и нè натера барем за миг да ја почувствуваме љубовта и вербата што тој ја имаше кон човештвото.
Со секој нов коментар на темава ми се насолзуваа очите. Никогаш не го запознав лично, со неверување ја примив веста и не пуштив солзи цел ден, сè до моментот кога ја слушнав изведбава. Избегнувам да го слушам често, да објавувам или да пишувам што и да е во врска со него, само повеќе се зголемува тагата, најчесто само молчејќи изразувам почит. Еве, овој пост му го посветувам нему.
Колку и да се кул циничните и ироничните коментари во ситуацијава само ја покажуваат бесчувствителноста. Од друга страна и трескањето од земја ми е несфатливо. Тоше не е ангел, Тоше беше обичен ЧОВЕК (во вистинската смисла на зборот) и беше прескромен за да би го прифатил таквиот назив, знам дека болката е преголема и величењето негово е донекаде океј, сè додека не премине во безначајна патетика и обид за внимание и профитирање, а за жал и тоа се случува.
Тој и самиот рече, не сакам да ми спуштате капа долу, сакам само да се гордеете со мене.
Со текстов целосно се согласувам.
Почивај во мир, голем човеку!