15 најсвирепи луѓе во светот!

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Пол Пот и Сталин,тие беа најсвирепи...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пол Пот процентуално е најголем (1.9 милиони од 7), а во тотала е Мао Це Тунг без сериозна конкурнција 1949-1976 - 64 милиони...колку двете светски војни заедно...
А јак е и Леополд Први од Белгија, во личната негова колонија Конго 1876-1907 - 12,5 милиони жртви...
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Иди Амин колку уби ?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
околу 300.000 директно, а индиректно (демоцид) можда и повеќе...
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Иван IV Васиљевич,бил исто така свиреп,во Новгород за една ноќ убил 60.000 луѓе,кои биле малтретирани до смрт,а исто така го убил и својот син.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да и Иван Грозни е познат психопат. Го заклал и сопствениот син, после кукал дека нема наследник...имал помошник Маљута Скуратов кој бил главен во масакрите.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Имаше и еден од Африка познат по канибализам...само името не му го знам...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Имаше и еден од Африка познат по канибализам...само името не му го знам...
Жан Бедел Бокаса претседател на Централно Африканската Република, подоцна се прогласил за ЦАР :tapp: 1966-79 а по државниот удар кога бил соборен и протеран во неговите палати се најдени фрижидери со бебиња кои овој политичар поддржуван од Франција и САД ги користел како деликатес. Се проценува дека оставил 35-50,000 жртви, но е познат по канибализмот и корупцијата која и за тамошни услови била невидена.
Со украдените пари спокојно живеел во вила на Женевското езеро во Швајцарија се до смртта. Не бил казнет.
 

bongo

ЛИВЕРПУЛ
Член од
14 октомври 2008
Мислења
87
Поени од реакции
8
гроф Дракула и крвавата грофица(Елизабета Батори)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
ТРАГИКОМИЧНИ БИЗАРНИ УБИСТВА:

1. Помеѓу овогодинешните најбизарни случаи е и убиството на 36 годишниот несреќен маж кој неговата сопруга до "докрајчила" со 50 цм. долг вибратор. На сопругата и здосадиле неговите чудни сексуални желби, па вибраторот го искористила со тоа што му го "бутнала" во задникот и му нанела тешки телесни повреди од кои починал.

2. Интересен е случајот на еден 99 годишник кој починал еден ден пред да наполни сто години, каде го удрил камионот во кој ја носеле тортата по повод неговиот 100-ти роденден.

3. Во сплет на несреќни околности животот го загубила 40 годишна жена која залутала во пукање на полицијата во одбрани мети . Кога сватила каде се наоѓа, скокнала и рекла "БУ"! Полицајците ја замениле со метата која излегува и ја убиле на бизарен начин. Во жената имало 40 од вкупно 67 испукани куршуми.

4. Сакајќи да се ослободи од својот љубовник, еден хомосексуалец го онесвестил својот драг и на него напишал натпис кој од едната страна гласел: "Смрт за црнците!", а од другата: "Господ да го благослови Ку Клукс кланот!", и така потпишан го пуштил во Харлем. Осамениот несреќник за неполни две минути бил мртов.


АПСОЛУТНИ РЕКОРДЕРИ :

1.
Колумбиецот Педро Алонзо Лопез, во полициските досиеја познат како Чудовиштето од Андите. Убил над 300 луѓе во 80-тите години. Убивал само млади девојки од Перу, Еквадор и од Колумбија. Во изјавата пред полицијата рекол дека тие му изгледале најневини. Психијатрите дијагностицирале дека сето тоа е последица што во раната младост бил жртва на педофилија и на содомија.

2. Хенри Ли Лукас и Отис Тул со над 200 жртви. Познати се како Тандемот од пеколот : Кралот на садизмот и Генералисимусот на болката. Половината од своите жртви ги изеле. Признале дека уживале да гледаат како крвават нивните жртви.

3. Х.Х. Холмс, докторот кој си ги убивал пациентите и им ги земал нивните осигурителни полиси. Кога полицијата го фатила, во неговиот дом нашла остатоци од 100-тина жртви

4. Жил де Реј со над 140 жртви. Познатиот француски маршал убивал млади момчиња кои ги силувал пред и по убивањето.

5. Луис Алфредо Гаварито е петти на листата. Пред судот признал дека силувал, мачел и убил 140 деца за 5 години.

6. д-р Џек Кеворкиан со 130 убиства. Фатен е откако на еден свој пациент, неговата последна жртва, му ставил смртоносна инјекција и ја снимал жртвата како умира во најстрашни маки. Снимката ја пратил до една американска телевизија. Сите добиле смртни казни.

Партнери во убивањето :

Двата најпознати пара убијци се ортаците Хенри Ли Лукас и Отис Тул и канадските сопружници Пол Бернардо и Карла Хомолка. Сопружниците се познати како убијците Барби и Кен.
По прекрасната свадба во 90-тите, вели полициското досие, Пол никако не можел да се помири дека Карла не е девица, па и предложил на Карла како компензација да и ја одземе невиноста на нејзината помлада сестра. Ветеринарката Карла ја успала сестра си со седативи за животни и Пол си ја исполнил желбата. Така почнало силувањето и убивањето млади момчиња и девојки.

Убијци на деца :

Пакистанецот Џавед Икбал е, дефинитивно, најголемиот убиец на деца. За 5 месци убил 100 момчиња од сиромашни семејства. Кога ги признал убиствата, побарал да го убијат исто како што завршиле неговите жртви - прво да биде силуван, па мачен и на крај потопен во када полна со киселина.

Секс-предатори :

*Најголемиот дел од жртвите се тинејџерки, проститутки и малолетници.
Најбруталниот сексуален убиец е Британецот Роберт Блек. Негови жртви најчесто биле малолетни девојчиња. Кога го уапсиле во 1990 година, во неговиот стан нашле фотографии на убиени девојчиња на кои им ставал разни предмети во аналниот и вагиналниот отвор. Во својата болна глава си создал култ на вагината. Кај ниедна од жртвите не се пронајдени остатоци од сперма. Блек едноставно си го мразел својот пенис, не сакал да го користи. Мразел што е машко, посакувал да биде жена", се вели во неговото досие


Крвници од историјата :

*Јацк тхе риппер или Џек Мевосек е најпознатиот сериски убиец на сите времиња. Убивал во Лондон во 1888 година. Убиецот на десетици проститутки, со долг нож во едната и црна чанта во другата рака, е вечна енигма. Им го распараувал стомакот и им ги вадел органите. Бостонскиот давител ги избирал жртвите меѓу средовечните жени во Бостон. Од 1962 до 1964 година убил 13 жени.
*Следен на листата е Џо Бол со 12 жртви. Сите жртви првин му биле девојки кои подоцна ги убивал, ги сечел на парчиња и со нив ги хранел неговиот домашен миленик - алигатор. Овој американски сериски убиец е познат и како Касапот од Елмендорф и како Човекот алигатор.

Канибалисти - Погоди што имаме за ручек?

"Ја повикав на ручек. Не и требаше многу време да се опушти и да ми седне во скут. Ме бакна. У реков да отиде надвор и да набере диви цвеќиња. Излезе. За тоа време јас се соблеков гол и ја чекав. Кога влезе, ја прашав дали знае што ќе ручаме. Се насмевна. Се соблече гола. Тогаш почнав да ја тепам. Кога се онесвести ја исеков на најситни парчиња. Следните 9 дена имав ручек. Немав секс со неа, умре како девица. Откако ја изедов, требаше да се набават нови продукти", вака стои во признанието на Алберт Фиш, еден од најмасовните убијци канибалисти во историјата. На сличен начин завршиле десетици негови жртви
.Во друштвото на најбруталните канибалисти масовни убијци се и Андреј Чикатило, Нина Белецкаја, која си го изеле сопственото бебе, Карл Данке кој изел 30-ина од своите жртви. Кога го уапсиле, признал дека последните три години јадел само човечко месо. Листата продолжува со Јоаким Крол. Му се препишуваат 10-ина жртви. Никогаш не јадел чисто човечко месо, секогаш го готвел со зеленчук.
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
4
Грофот Дракула- Влад Тепеш се викал... го добил прекарот Дракула (инаку на романски Син на змејот или син на ѓаолот) заради то шо: сите турци шо ќе ги фател ги качел на колци... (не им е пиел крвта) и најубо му било јадењето кога гледал дека ги колет, касапет, качет... турците... и поради то шо го запалил цел град зашо не им вервел на луѓето...

и btw шо ова толку со распутин??? не напрајл чоекот нешо лошо... бар ко шо читам од овде само ги проколнал луѓето...

а инаку за хитлер... на пример Рузвелт според мене имат напраено голем злочин... не колел евреи ама двете атомски во Јапонија... се уште имат последици... хитлер ги изопрал евреите ама пак се преродие... и то е злочин не велам не... ама рузвелт ај то шо изопрал еден куп луѓе туку сеуште останати се последици(деца без една рака, без нога итн...)
Вака...Грофот го добил прекорот од таткому кој бил Дракул (што значи нешто непобедливо) а тој на нековиот прекар додал ’’а’’ (што значи Драгон или змеј) не цицал тој никаква крв не бил тој поданик на ѓаволот тој само бил христијанин кој се борел против тоа да на Балканот се рашири муслиманската вера и точно е тоа дека ги убавал турците со уживанција... Хитлер тој може да го ставиме на првото место поради геноцидот...а Рузвелд твој Рузвелд а мој Труман, тој не направил ништо лошо, тој и рекол на јапонците “Очете смилом или силом“ епа сега никој не и е крив што го одбрале полошиот начин, Труман само сакал да си го заштити својот народ за тоа треба да биде овинет Јапонсиот цар кој владеел во тоа време.
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
Хитлер, Грофот од Трансилванија, И господинот О.Б. Ладен
 

Штрудл

од раѓање ме викат злоба
Член од
6 април 2010
Мислења
40
Поени од реакции
4
Сите ние во најголем број случаи секогаш фокусот го вртиме кон најзлобните мажи, па ги забораваме навистина најзлобните жени што некогаш живееле. Во листата покрај сериски убијци имаме ултра лоши жени кои предизвикале многу трагедии во многу човечки животи. Така, не од многу одамна, ја имаме листата на десетте најлоши жени во историјата

10. Кралицата Марија 1 родена 1516; починала 1558
Марија била единственото дете на Хенри VIII и Катерина од Арагон. По смртта на Едвард VI и отстранувањето на Лејди Џејн Греј, кралицата која владеела само девет дена, Марија е запамтена по нејзиното насилно враќање на тронот и враќањето на Англија кон католицизмот. Многу прогласени протестанти биле егзекутирани поради нивните верувања, под директива на монахињата Марија кога и го добила прекарот Крвавата Марија". Во тоа време повеќе од 800 протестанти ја напуштиле земјата не можејќи да се вратат назад се до нејзината смрт.

9. Мира Хидлеј родена 1942; починала 2002
Мира Хидлеј и Ијан Бради биле одговорни за убиствата популарно наречени Убиствата Моорс", кои се случиле во областа на Манчестер во Британија во средината на 1960 година. Заедно овие две чудовишта биле одговорни за киднапирање, сексуално злоупотребување, мачење и убивање на двајца тинејџери на возраст од 16 и 17 години. Клуч пронајден во личните работи на Мира ја однела истрагата до големото складиште на Железничка станица во Манчестер. Меѓу доказите имало видеолента на која биле снимени викотниците на убиените жртви додека Хидлеј и Бради ги силувале и мачеле. Полициската секретерка Сандра Вилкинсон никогаш нема да ја заборави сликата со Мира и нејзината мајка Нели, кои стоеле од спротивната страна на судот и јаделе сладолед. Додека на лицето на мајката се гледало дека била видно вознемирена, ќерката ги јадела колачите толку индиферентно како целата ситуација да не се однесува за неа.

8. Исабела од Кастил родена 1451; починала 1504
Исабела I од Шпанија, подобро позната како патрон на Кристофер Колумбо, со нејзиниот сопруг Фердинанд од Агрон, се одговорни за овозможувањето на инквизицијата во Шпанија под покровителство на Карлос I. Како дел од инквизицијата, Исабела го назначила Томас де Торкуемада за прв инквизиторски генерал. На 31 март 1492 година се одбележува имплементацијата на Алхамбра декретот со кој се пропишува насилното протерување на Евреи и Муслимани од земјата. Тој период од Шпанија биле протерани околу 200.000 луѓе. Тие што останале биле подложени на инквизициски судења за што биле испрашувани, мачени и убивани. Во 1974, Папата Павле VI ја благословил и ја предложил за светица, за што во Католичката црква таа ја носи титулата слуга на Господ.

7. Беверли Алит родена 1968
"Ангел на смртта", Беверли Гаил Алит е една од најпознатите сериски убијци во Британија. Работејќи како сестра на педијатрија, таа е одговорна за убиства на четири деца и повеќе повредени на пет деца кои биле под нејзина грижа. Кога имала можност, таа на децата им вбризгувала инекции со инсулин или потасиум, што предизвикувало забрзено чукање на срцата кај дечињата. Иако била осудена за смрт или повреди на девет деца, Алит нападнала повеќе од тринаесет деца за точно педесет и осум дена се до моментот додека полицијата не ја фатила со крв на рацете. Алит никогаш не прозборела за мотивот на нејзините грозоморни дела, но синдромот Мунхаузен, кој како дијагноза и го поставиле психијатрите, ја објаснил нејзината постапка. Медицинската сестра психички била растроена што потекнувало од злоупотреба во детството, а кај Алит предизвикало потреба да го повреди тој што бил под нејзина грижа за да може да го сврти вниманието кон себе. Алит била позната како дете кое носело завои и фластери над рани кои ги имала по целото тело, но никогаш не дозволила лекар да и ги прегледа повредите.

6. Бел Гунс родена 1859; починала 1931
Бел Гунс е една од американските нај дегенеративни и најпродуктивни сериски убијци. Таа била висока 1.83 м а тешка 91 кг, што оставале впечаток на јака жена од Норвешка. Се претпоставува дека ги убила својот сопруг и сите нејзини деца во различни временски периоди, но сигурно е дека ги убила повеќето од своите љубовници и двете керќи Муртел и Луси. Мотивот и бил алчноста. Животните полици или вредните работи украдени од нејзините љубовници и станале извор на приходи. Голем број полициските извештаи ја наведуваат за виновна за смртта на повеќе од дваесет жртви во текот на неколку декади, додека некои тврдат дека постојат уште стотина тела закопани којзнае каде. При обдукцијата, докторите утврдила дека Бел била пониска за цели пет сантиметри за разлика од другите медицински белешки. Тоа била уште една причина зошто Бел влегла во американскиот криминалистички фолклор како најпозната жена сериски убиец.

5. Мари Ан Котон родена 1832; починала 1873
Англичанката Мари Ан Котон е уште еден сериски убиец кој убивал поради профит, имитирајќи ја Бел Гунс повеќе од триесет години. На дваесет години се омажила за Вилијам Мовбрај. Живееле во Плумонт, Девон каде основале семејство. Двојката имала пет деца од кои четири починале од треска и стомачни болки. Селејќи се на североисток, трагедијата како да ги следела, три деца им се родиле, три деца им починале. Во јануари 1865 година Вилијам починал. Британска осигурителна компанија и платила на Мари Ан 35 фунти за смртта на сопругот при што шемата веќе си дошла сама по себе. Нејзиниот втор сопруг Горг Вард починал од проблеми со органите за варење како и едно од останатите нејзини две деца. Моќта на печатот си го направила своето. Локален новинар открил дека Мери Ан како се движела низ северна Англија, изгубила три мажи, еден љубовник, нејзината мајка и дузина деца. Сите починале од стомачна треска. На 24 март 1873, таа била фатена при што било откриено дека своите жртви ги труела со арсен. Починала бавно, и бил вбризган отров кој многу бавно се движел кон нејзината рака, поради наредбата егзекуцијата да биде "чиста".

4. Илса Кокс родена 1906; починала 1967
Вештерката од Бученвалд" или Кучката од Бученвалд" била жена на Карл Кох, командант на контрациониот камп Бученвалд од 1937 до 1941 година на кампот Мајданек од 1941 до 1943 година. Опијанета од апсолутната моќ на нејзиниот сопруг, таа организирала разни начини на мачење на затворениците. Станала позната по тоа што им сечела делови од кожата од телата на затворениците, кои претходно биле тетовирани на разни места, кои ги чувала како сувенири. Откако во 1940 година изградила спортска арена, од 250 илјади учесници во игрите украла 250 илјади германски марки. Откако била уапсена и однесена во женскиот затвор Аишаш, се самоубила со бесење.

3. Ирма Грес родена 1923; починала 1945
Уште еден производ на нацистичката последна солуција, Ирма Грес, "Кучката од Белсен", била чувар во концентрационите кампови Равенсбурк, Аушвиц и Берген-Белсен. Префлена во Аушвиц во 1943, (најверојатно покажала голем ентузијазам и посветеност на работата), добила унапредување како помлад надгледувач, што претставувало втор најјак ранг во женскиот камп. Како одговорна за повеќе од 30.000 еврјески женски затворенички, таа се внела во својата работа. А нејзината работа вклучувала: дивјачко однесување кон затвореничките на кои им ги пуштала своите добро истренирани гладни кучиња, сексуални злоупотреби, садистичко тепање со кожни ремени и одбирање на затворенички за во гасни комори.

2. Катрин Најт родена 1956
Првата Австралијка која била ослободена од кривична одговорност и била пуштена на слобода без условна казна. Катрин имала историја на насилства во нејзините љубовни врски. Таа му го пресекла грлото на една недела старо куче, кое било сопственост на еден од нејзините мажи. Насилниот живот кој го водела со Џон Томас Чарлс Прајс и станај добро познат на јавноста по нивните расправии и закани упатувани еден кон друг од случајни минувачи. Таа врска се завршила кога Најт до смрт го избодела Прајс со кујнски нож. Тој бил избоден најмалку 37 пати, од напред и од назад, а многу од убодите биле нанесени директно погодувајќи ги неговите витални органи. Таа, потоа му ја одрала кожата и ја закачила како костим на рамката од вратата во дневната соба, потоа му ја исекла главата и ја ставила во тенџере када насечкала зеленчук и ја спремила да ја свари како супа. Јадењето и кожата која требало да претставува порака, биле наменети за нивните деца. Среќа, полицијата го открила злосторството пред тие да пристигнат дома.

1. Елизабет Батори родена 1560; починала 1614
Контесата Елизабета Батори се смета за најнеславниот сериски убиец во Унгарија. Гласини кружеле со години за исчезнати селски девојки, кои најчесто поради платена работа оделе во замокот и никогаш повеќе не се враќала. Една ваква гласина стигнала до ушите на царот Матијас ИИ, кој испратил група сочинета од свои луѓе да проверат за што станувало збор. Луѓето пронашле една мртва девојка и една на умирање. Друга пронашле ранета, а неколку имало заклучено во соби. Сознанијата и сведочењата за тоа што им се случувало на девојките, говорат за тепање во различни временски периоди, боцкање со игли, горење на раце, понекогаш и на лице и по генеталиите, сечење на парчиња месо од лицата, понекогаш од рацете, нозете или други делови од телата, и на крај изгладнување на жртвите. Бројот на жртвите на контесата се сметал над илјада и тоа за временски период од дваесет и пет години. Поради нејзиниот социјален статус таа никогаш не била ставена на судење, но останала во куќен притвор затворена во една соба до нејзината смрт. Верувањата дека контесата се бањала во крвта на нејзините жртви било само мит.


Иначе не знам од кој сајт е преземено го имав у ноутс. Поздрав.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Вера Јоциќ,партизанка од кумановско,бројчано има малку жртви,ама бугарите се плашеле да влезат во куќата и кога била мртва,па можете да замислите што им работела....:smir:
 

Anti Spam Master

Anti Spam Master
Член од
22 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
1
мислам дека од сите постирани најсвиреп човек бил хитлер.
во една ноќ кој знае колку евреи убил по тоа логорите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom