Знам да си ја употребам фразава некогаш и тоа баш пред испит. Секогаш имам блокада пред испит и да ме праша некој некое прашање нема да знам да одговорам. Ќе речам да не ме замараат дека не знам ништо
Трема е тоа, баш непосредо пред испит
Али не паничам никогаш, зашто сигурна сум си во тоа што сум го учела и знам кога ќе почне испитот и ќе се сконцентирам се си знам
A aко не сум учела тогаш воопшто не се ни замарам. Знам стварно дека не знам и знам однапред дека ќе заебам работа
.
Фразава се употребува пред се од лица кои ги фаќа хистерија и паника и се тремаџии за да не зезнат на испит или тестови, а учеле долго сигурно. Па сеа божем ништо не знаат, а се знаат и на крај се први на листа со највисока оценка.
Замараат, ама што да им правиш претоптеретени луѓе, досадни и паничари. Секогаш има такви, ќе ги увидиш и не им обрнувај внимание едноставно, јас ги игнорирам.
А лица кои немаат научено, никогаш не ја употребуваат фразава.
На една страна се лица кои немаат научено и чекаат да почне тестот и што побрзо да си искочат, на друга страна се тие што се знаат и паничат дека ништо не знаат и на друга страна се оние просечните и нетремаџиите кои фаќаат сеир на паничарите и незнајковците