„Ништо не научив, ќе паднам/ќе добијам единица!“

Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Ја користите ли фразава? Да, верувам дека ја користите. Сите ја користиме, помалку или повеќе. Само не можам бе, фкорен ме срозува кога некој научил апла све и почнува да ми паничи како ништо не знае. Дури и на форумов, отворете Драга Кајгана и се ќе ви стане јасно.

Која е таа потреба на рандом луѓе, пред било какво тестирање (со претходна здраво учење) да се истураш како ќе паднеш и ништо не знаеш, за на крајот да поминеш супер-успешно? Луѓето не веруваат во себе или глумат фраери што со ништо ненаучено постигнуваат многу? Како постапувате ли вие? Го кажувате истото или сте свесни за своето знаење? Ве нервира ли кога ќе го чуете ова, или се надоврзувате со „Леле и јас исто“?

Како и да е, иритира. Ве молам, луѓе-фанови на „Ништо не знам“, поретко повторувајте го ова. Можеби, онака хипотетички, постојат луѓе околу вас што пред испит не им дошло до тоа да ве тешат и храбрат, за на крај да излезе дека од тоа немало никаква потреба. :smir:
 
اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
глумат фраери што со ништо ненаучено постигнуваат многу?

точно тоа е причината...мислат ако учат не се ин :pos2:
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Не да иритира еј :tapp: Коса ми се крева од таквите :nesvest:
Имам у клас две такви девојчиња .... имаат научено и кај има точка а каде запирка и паничат ко којзнае шо да е тестот ..
па и да немаш научено бе ... ќе препишеш нешто,ваљда не си до толку ..
Јас не се преучувам за тестови ... учам тоа што е онака главно/најважно, а ако ми избацат некое прашање шо не го знам .. гледам да се снајдам т.е да препишам :kesa:

А за тоа дека ако не учат мислат дека се џанаци/фраери или слично се сложувам..
Најбубаторот у нашиот клас(до 7) во 8 стана фраер ипол ... заборави и како се чита (така е зборот) ... само за да го примат у друштво :tapp::tapp:
Во тоа друштво сите се мангупчиња(во превод сељаци) што пијат, пушат, се фиксаат и слично и никој не сакаше бубалица со нив ...
па затоа детето реши да се промени и сега е најголемата пијандура шо некад ја иам видено :nesvest:
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451

За ова не се согласувам во целост.
Еве, јас искрено, учам за да добијам прелазна оценка, и тоа си го признавам, нормално. Не е за да терам шема или нешто.
Океј, има луѓе од кои ми се гади, кога ќе ги слушнам како се фалат кој повеќе единици има на крај, и колку повеќе предмети ќе иде на полагање. Срамота, не сфаќаат дека сите наоколу им се смејат што ни лето ќе видат ни ништо, мислат дека се којзнае кои.
Али највеќе ме нервираат тие што паничат пред тест, а се` научиле.
Леле, имав таква една у клас „дефиниција девојче“, и секогаш учеше од А до Ш, со истите зборови. Ама паничарење до небо! Леле, ќе добијам единица, ништо не знам.
Се делат оцените: „Николина, 5.“ Тогаш, ми иде да ја фатам и на клада! НА КЛАДА! Се фолираат, колку за сите да им го дигнат егото со зборовите: Абе ајде, не се занесувај, се знаеш. Или: Ти си најпаметна, секогаш добиваш петки, и такви некои слични егоподигнувачки фразички, кои јас мразам и да ги слушам и да ги кажувам.
Значи, заклучок:
1.Има секакви, но не треба да се генерализира дека оние кои знаат се и паничат секогаш знаат се.
2. Оние кои не учат не секогаш не учат за да бидат фраери.
Благодарам на вниманието. :smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
- Кршење малер. Ќе речам не знам, за да се испостави обратно.

- Страв. Кога човек има пари, страв му е да не ги изгуби.

- Курчење. - “Колку знаете вие? јас еве не знам ништо, ама пак ќе бидам најдобар“

- Прилагодување. - Сите викаат па и јас.

- Навика. - Да кукаме ни е во срж, класика македонска, златен ланец на врат, ама ај нека те убеди некој дека си богат.
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
За ова не се согласувам во целост.
Еве, јас искрено, учам за да добијам прелазна оценка, и тоа си го признавам, нормално. Не е за да терам шема или нешто.
Океј, има луѓе од кои ми се гади, кога ќе ги слушнам како се фалат кој повеќе единици има на крај, и колку повеќе предмети ќе иде на полагање. Срамота, не сфаќаат дека сите наоколу им се смејат што ни лето ќе видат ни ништо, мислат дека се којзнае кои.
Али највеќе ме нервираат тие што паничат пред тест, а се` научиле.
Леле, имав таква една у клас „дефиниција девојче“, и секогаш учеше од А до Ш, со истите зборови. Ама паничарење до небо! Леле, ќе добијам единица, ништо не знам.
Се делат оцените: „Николина, 5.“ Тогаш, ми иде да ја фатам и на клада! НА КЛАДА! Се фолираат, колку за сите да им го дигнат егото со зборовите: Абе ајде, не се занесувај, се знаеш. Или: Ти си најпаметна, секогаш добиваш петки, и такви некои слични егоподигнувачки фразички, кои јас мразам и да ги слушам и да ги кажувам.
Значи, заклучок:
1.Има секакви, но не треба да се генерализира дека оние кои знаат се и паничат секогаш знаат се.
2. Оние кои не учат не секогаш не учат за да бидат фраери.
Благодарам на вниманието. :smir:

Не сакав да кажам дека секогаш тие што не учат, не учат за да бидат фраери ... погрешно се изразив :kesa:
Сакав да кажам дека во најголем дел од случаите не учат затоа што во нивното друштво никој не учи ("фраери" се) па и они сакаат да бидат. :smir:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Виктор убаво образложи погоре.

Но такви испади факт е дека повеќе прават тие што знаат, од тие што не знаат.
Некои и го прават тоа за да иритираат, колку да внесат паника во другите - дали свесно или несвесно.

Или пак го викаат тоа чисто за да се "отарасат" од оние кои навистина не знаат ништо.На што мислам?

Па, ако кажеш дека не знаеш и појма немаш, тогаш нема да те замараат на сред тест/испит/колоквиум со "еј брат кажи ова" "абе 3то како е"...и така се намалува шансата "да наебете" заради некој друг, што и се случува понекогаш.

Но 90 проценти и повеќе чисто го прават за его-трип, да ги тешат дека се најдобри и да после глумат изненадени "Јас положив? Па учев само два дена".
За иритирање, мене поомилена ми е фразата "Абе лесно е", која редовно им ја кажувам на колеги кога ќе ме прашаат како идело со материјалот.
Им давам мотивација така :)
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Кул е да не учиш, ама има луѓе што сакаат или ги тераат многу да учат, па мора некако да се вадат :)
Осеќаат некои деца дека не се вклопени во друштвото, а друштвото не учи и се "кул", па мора и тоа кутро детенце да се вклопи.И почнува фолирањето не знам ништо, не научив, леле готов сум, а кога се даваат резултати и ќе дојде 5ка, упс ненадејно дошла изненадување било :)
 
اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
и јас имав еден таков
нон стоп "не бе ја не учи ништо и оп 5тка....хаха и после се смее, иронични ми се на мене...
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
- Кршење малер. Ќе речам не знам, за да се испостави обратно.
Ова ќе да е кај мене.Кога и да правам некој тест,секогаш сум викал слаб ќе биде најмногу 3 и на крајот 5.Само еднаш имам речено дека е лесно и дека се сум напишал и баш тогаш извадив тројка :toe:
Не е тоа дека сакам некој да ми вели дека сум најдобар или не знам што.
 
П

Паган-др

Гостин
Охооо. Колку ме нервираат некои вакви. Во клас имам жив пример за тоа. Ќе дојде во школо, ќе се тресе не учев (само да се исфура демек не учи), после ќе добие 5/4 и онаков се смешка од страна. Сега да, има некои и ги фаќа паника, ама некои стварно претеруваат.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.338
Поени од реакции
46.462
Немам што многу да додадам за мотивите на појавава, Виктор и Мац ја утепаа темава уште непочната : )
Само би сакал да ви посочам да приметите дека овие хистерија-фраери по правило се најурда луѓе во секој клас.
Мене како еснаф единичар :) посебно ме иритираа нивните пренамагања и цела радост кога после писмената ќе добијеа 4 или 5ка и кога ќе почнеа да потекуваат “лее ништо не знаев ми се погодија прашањата/препишав’’ ми идеше да ги опнам од земја.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Не сум ја користел никогаш. Напротив, најчесто сум бил подготвен за тестовите/испитите досега, па секогаш пред самиот чин кажувам дека очекувам да поминам одлично. А кога ќе го слушнам, нормално дека ме нервира, и баш затоа досега имам добиено неколку облози со такви личности дека на крајот ќе поминат супер, а јас сум си добивал Милки како победник. :D
 
marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Најтапа е потресување на тестови :), иначе ова „Ништо не научив, ќе паднам/ќе добијам единица!“ за чудо повеќе го користат тие што имаат учено :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ми се случило да паничам, да мислам дека ништо не знаам, затоа што во моментот сум имала блок/шатдаун систем. Некогаш па не сум учела доволно, па си мислам дека реално треба да паднам. Некогаш тоа ништо не знам - си доаѓало на своето, односно резултатите покажале дека “стварно ништо не знам“.:icon_lol: Некогаш сум била изненадена од себе. Не сум глумела лудило едноставно во моментот стварно сум мислела дека не знам. Како и да е, не ми се случува толку често. Во прва година факултет, тоа беа трескања од земја и тресење пред секој колоквиум, сега ме боли цеф, ако знам ќе положам, ако не, можда ќе се снајдам, можда не..:icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom