Што читате во моментов? (со краток коментар)

H

HoT IcE

Гостин
Christiane F. – We Children from Bahnhof Zoo

Кој ја читал знае какво дело е, прејака книга со страшни описи.
 
M

Muranyi

Гостин
Конечно се наштимував психички и се решив да ја почнам со читање "Тајна доктрина" од Хелена Блаватска. Пресреќен сум што ја најдов во електронска форма на српски, со оглед на прилично солената цена за двата тома.
Синтеза на наука,религија,филозофија, самиот Алберт Ајнштајн ја сметал за Светиот Грал во науката. Обемно дело, можеби преку 2500 страни, составено од два тома:"Космогенеза" и "Антропогенеза".

Ќе имам што да читам до наредното лето. Ептен сум возбуден:vozbud:
 
W

Werther

Гостин
Eстетика на Возвишеното - Иван Џепароски

На „Возвишеното“ се приоѓа аналитички, какво е неговото значење кај големите естетичари, се дефинира според различни речници, значењето во литературата, генезата, сегашноста...

:)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Венко Андоновски - „Ќерката на математичарот“

Уште во предговорот Андоновски јасно потенцира - „сите оние кои ги читале моите романи Азбука за непослушните, Папокот на светот, Вештица и книгата раскази Фрески и гротески, ќе ги препознаат моите ставови за љубовта, смртта и судбината, дрско плагирани од моите ликови. Реков и ќе повторам - ова воопшто не е мој роман“.

Писателот се потпишува како уредник, уредник на ракописи кои ги напишале самите негови ликови и преку e-mail му ги испратиле, барајќи поинаква „судбина“ од онаа што тој претходно им ја доделил.

Почнува загонетно, со крими мистерија која се развлекува и се одгатнува додека го чувствувате пулсирањето и дишењето на ликовите кои полека се претвораат во личности. Личности од крв и месо, такви што веруваат дека судбината може да се избегне, а на смртта да ѝ се даде поинаква димензија.

Симболиката на броевите може да се искористи како јазик за толкување и опишување на вечните дилеми и прашања. Па така математичарот пишува: „За таа болка да се изрази, освен јазикот на математиката - друг нема. (...) На пример, сакате да го изразите поимот на трагичното? Доволно е да испишете равенка: бесконечно помало од нула. Има ли потрагично нешто од тоа бесконечното да биде помало од ништото? Сакате да го изразите поимот на комичното? Напишете равенка: нула поголемо од бесконечно. Навистина е смешна онаа нула што се прави поголема од бесконечното. Сакате да го искажете поимот на сериозното или поимот на парадоксалното? Напишете равенка: нула еднакво на бесконечно. Има ли посериозно, и воедно попарадоксално тврдење од тоа дека нулата и бесконечното се едно исто, дека отсуството е вечно? И да не сте математичар, разбирате што Ви говорам. Нема потреба госпоѓо психолог, да ве убедувам дека чудата само со број се изразуваат.“

Не можете да му замерите на писателот за на моменти патетично еротизираниот стил, ликовите имаат таков светоглед, тој е само уредник и објективен набљудувач.

Препорачувам. Динамиката на романот (или треба да кажам романите?) нуди уживање, забавно поминато време, но и промислување на одредени прашања поради кои секој од нас се измачува.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Влада Урошевиќ ~ Детство, лето, град.

Прва книга која ја читам од него. Импресиониран сум, дефинитивно ќе гледам да ги купам и другите. Заслужува посебно место во мојата библиотека.
Урошевиќ на интересен начин го прикажува нашиот најомилен дел од животот, детството. Преку расказите и зборовите во нив, не носи на патување назад низ времето. Се потсетуваме на безгрижните денови, кога единствената преокупација ни беше дочекот на утрото, средбите со другите деца, маалските игри, уживањето на улицата и сознавањето на непознатото, онаа специфична мистериозност за тие детски години.
Урошевиќ ми ги враќа спомените за седенките, крвавите колена од маалскиот фудбал, муабетите од постарите и учењето од нив. И со право вели дека тоа баснословно време, мирисите и боите, со тој детски интензитет никогаш повеќе не ќе може така да ги почувствуваме.
Ми текнува на мирисот на одредени јадења на баба ми и вкусот кој веќе никогаш не ќе биде ист. Боите на големиот трендафил во дворот, прошетките со дедо ми по Илинденска и мирисот на липите.
И кога го читам во Ноќ на полна месечина над Скопје, ми доаѓа да ја земам книгата и одам на сите места кои ги навел. Онака, чисто да ги почувствувам.

Препорака од мене, задолжително да ја прочитате. Ветувам ќе уживате во секоја страница.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.794
Поени од реакции
7.020
Влада Урошевиќ ~ Детство, лето, град.

Прва книга која ја читам од него. Импресиониран сум, дефинитивно ќе гледам да ги купам и другите. Заслужува посебно место во мојата библиотека.
Урошевиќ на интересен начин го прикажува нашиот најомилен дел од животот, детството. Преку расказите и зборовите во нив, не носи на патување назад низ времето. Се потсетуваме на безгрижните денови, кога единствената преокупација ни беше дочекот на утрото, средбите со другите деца, маалските игри, ужувањето на улицата и сознавањето на непознатото, онаа специфична мистериозност за тие детски години.
Урошевиќ ми ги враќа спомените за седенките, крвавите колена од маалскиот фудбал, муабетите од постарите и учењето од нив. И со право вели дека тоа баснословно време, мирисите и боите, со тој детски интензитет никогаш повеќе не ќе може така да ги почувствуваме.
Ми текнува на мирисот на одредени јадења на баба ми и вкусот кој веќе никогаш не ќе биде ист. Боите на големиот трендафил во дворот, прошетките со дедо ми по Илинденска и мирисот на липите.
И кога го читам во Ноќ на полна месечина над Скопје, ми доаѓа да ја земам книгата и одам на сите места кои ги навел. Онака, чисто да ги почувствувам.

Препорака од мене, задолжително да ја прочитате. Ветувам ќе уживате во секоја страница.
Урошевиќ е цар! :) Ние му правевме промоција кога искочи книгата, убаво беше. Побарај и други, кратки раскази или песни од него.

Он д топик. Моментално ги читам расказите на Кортасар. Од збирката остров на пладне ( по кој знае кој пат ) и од едно српско издание што го земав скоро. Маг, маг, маг. Прекрасен е. Во расказ од страна ипол, погоден за толкување на теоријата на очудување, не можам да престанам да го читам. Референците кон модерното сликарство, џезот. Само си го потврдува своето место на мојот омилен автор. Кога ќе одам во Белград повторно ќе земам собрани раскази од него, па така ќе го соберам целото негово творештво раскази! Пресреќен.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Го завршив Разговор со Спиноза на Гоце Смилевски - одличен краток роман, повеќе ќе рецензирам за романот кога ќе имам 5 прочитани книги од годинава во темата за предизвикот. Кој не го читал - мора, еден од најдобрите наши писатели.

Моментално: Лолита - си ја читам бавно, по 50 страни дневно, и Фатен на дело од Харлан Кобен прв пат читам од него книга но дефинитивно има добри трилер, нормално американските белетристи не ги споредувам во никој случај со Скандинавците но кога добиваш желба за напнат и возбуден американски трилер за да не си го тупиш премногу мозокот тогаш ова е правото, me likey.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
“Архипелаг Гулаг“ од Солженицин

Реалистички ужас на едно минато секојдневие. Косата ми се накострешува, а во исто време во главата ми се вртат споредби со еден сестрински систем од нашиве простори. Солженицин со неверојатна прецизност, без многу мудрувања доловува едно општество на искривени вредности и чудни правила. Тешко сварлив текст.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Боривоје Нешковиќ - Истину за Солунски процес
Одлична книга за малку познатиот Солунски процес во македонската историја во кој по сведочење на двајца лажни сведоци македонци се осудени седум генерали од српката војска под сомнение за обид на атетнтат на кралот Александар.А вшусност сето тоа е еден беден обид да се отргнат оние кои му сметале на неговото кралско величество.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
The Tell-Tale Brain - Ramachandran

Оооодлична. Поп саенс книже за улогата на нашите мозоци у нашето однесување, за големата важност на физиолошките процеси за тоа шо можеме да го наречеме „јас“. :)

Паралелно го читам и Preacher, стрипче спин-оф на Константин, дел од Вертиго универзумот.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Американска трагедија - Теодор Драјзер

До каде сте спремни да одите за да ги остварите своите амбиции? Крадење, лажење, газење преку други луѓе? Или пак можеби... убиство?

Ова е една од оние книги кои ве обземаат целосно, ве проголтуваат и додека ги читате живеете во тој свет, сочувствувате со ликовите, но и ги осудувате нивните постапки, се чудите на некои од нив... Едноставно дишите со нив. Да, обемна е, има многу детали, но тоа е токму она што целосно ве вовлекува во приказната.

Книгата ми улета заедно со останатите негови дела. Книги што имаат редок и интересен стил на пишување ми привлекуваат внимание.
Овој автор има јасен и читлив начин на пишување што ме става во наклонета позиција за читање.
На почеток сум, но ако ми се допадне Американска трагедија ќе се нафатам да ги прочитам и другите дела.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.350
Поени од реакции
22.803
Сега ке ја почнам да ја читам Готен од Роберт Алаѓозовски .

Книга која се занмимава со доселбата на рударите Саси од источна Баварија на Балканот ( поточно Злетовско - Кратовската околија)во 13 век. Целото нивно опкружување и згоди и незгоди од локалните владетели, па се до потпаѓањето на МК по Османлиско ропство. Етнолошката, културна,топографската различност при асимилацијата од Словенското население. Роман кој го опишува средновекововието во источна Македонија и релациите помеѓу владетелите.
 
Член од
14 април 2014
Мислења
38
Поени од реакции
30
Сидарта - Херман Хесе

Потрага по лекот за добар,слободен живот.
Дали господ би ти ги пружел,вербата?
Или можеби парите,полниот стомак?
А всушност самите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom