Што мислите за прашањата од типот: “Зошто немаш дечко/девојка?“

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сеуште не сум ја нашол таа,така да се надеваме ќе најдеме нешто некаде :)
You are looking for angel :D

НаТема: Затоа што луѓето се глупави, дволични и лицемерни и единствено што сакаат е да те видат под нив. Им се исполнува душата ако знаат дека не си најдобар во сите области и намерно ти поставуваат прашања за кои знаат дека ќе те повредат или навредат. Впрочем и нема разлика во тоа дали си сингл или во врска, ако ти е забавно секако ќе ти е забавно, а ако ти е досадно пак ќе ти е досадно, ама луѓето не размислуваат така.

"Немаш дечко, си завршила факултет а сеуште не си мажена, мажена си а немаш деца или недај боже си го пролонгирал студирањето... фак, ти си сјебана личност."

Која иронија човече!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Мене ми е непријатно кога ќе ме прашаат дали кучето ми е за продажба, тоа ти е многу многу голема навреда.
Инаку кој не сака да го прашуваат нека ја разреши ситуацијата да не го прашуваат, инаку мој личен став на куров сметка не сакам да ми прават :icon_lol:.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прашањево се поставува да се опипа теренот дали таа/тој е слободна/слободен за да се направи некој чекор за напад.
Па зар негативниот одговор на прашањето имаш ли дечко/девојка не е доволен? Од каде потребата да се дознае баш зошто. Ете се погодила ситуацијата личноста да е слободна, чуму прашања од типот на зашто? :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Па зар негативниот одговор на прашањето имаш ли дечко/девојка не е доволен? Од каде потребата да се дознае баш зошто. Ете се погодила ситуацијата личноста да е слободна, чуму прашања од типот на зашто? :)
Некој ужива да копка и да дознае се. Некој не е свесен дека навлегува во приватноста. Некој го прави тоа и од недостаток на муабет. Има многу причини зашто. :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
You are looking for angel :D

НаТема: Затоа што луѓето се глупави, дволични и лицемерни и единствено што сакаат е да те видат под нив. Им се исполнува душата ако знаат дека не си најдобар во сите области и намерно ти поставуваат прашања за кои знаат дека ќе те повредат или навредат. Впрочем и нема разлика во тоа дали си сингл или во врска, ако ти е забавно секако ќе ти е забавно, а ако ти е досадно пак ќе ти е досадно, ама луѓето не размислуваат така.

"Немаш дечко, си завршила факултет а сеуште не си мажена, мажена си а немаш деца или недај боже си го пролонгирал студирањето... фак, ти си сјебана личност."

Која иронија човече!
Па да неможе секоја да ме привлече.Порано од 10 ќе најдев една.Особено сега ме привлекуваат девојки што се затворени,што ми се предизвик.Но па кога тие ќе ми станат досадни,пробувам да ја добијам за две минути.Не ми се чека 2 саати дур се деси нешто.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Па незнам колку години си но биолошкиот часовник ти тече,така да одговорот може ќе го најдеш во себе.Што сакаш од една врска,што се твоите барања,што очекуваш од личноста.Но ако си модерна жена и си инвидуална,тогаш потешко некој да те привлече и да дојде во твојот свет.
Од каде па сега искочи биолошкиот часовник и како е тоа поврзано со прашањето ?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.673
Поени од реакции
13.263
Ова е едно од најголемите прашања пецкала. Точно е дека човековата природа најчесто има потреба да живее во заедница. Со тоа тој добива еден вид на сигурност дека постапкит што ги прави се правилни. Е сеа што со прашањево и ситуацијата на немање на дечко. Да се биде сам подолго време најпрво не води кон среќа. Има луѓе кои не се во врска но живеат во некаков си круг (на семејството, пријатели...) Немањето дечко/девојка може донекаде да се замени со овие работи, но... ако не се чувствува исполнето после испробаниот живот, единствено што останува е да се обиде. Потсвесно е тоа незадоволство бидејќи во друштво на парови никогаш нема да се чувствува комплетно. Човекова природа, јбг. Прашањето мислам дека не треба да се поставува како стимул за да се натера некој да започне врска, бидејќи тоа доведува крајно демотивирачки. Наместо тоа подобро е да се покаже убавото што самата врска ја нуди.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Па некои девојки ја врзуваат возраста со венчање.Дур се помлади може да издржат се и сешто.Психички и физички се постабилни и можат да прифатат ризици.А според мене возраста кажува колку е искусна и што поминала.На некој тоа му значи дека поминала повеќе мажи и не им е привлечна,а жените искрено лажат колку дечковци имаат,за да не испаднат курви во очите на мажот.Но за мене тоа ми кажува дека е добар љубовник,знае што сака,тешко е да влезеш во нејзиниот свет,а кога двајцата ќе најдете баланс тогаш врската ќе биде стабилна.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Па да неможе секоја да ме привлече.Порано од 10 ќе најдев една.Особено сега ме привлекуваат девојки што се затворени,што ми се предизвик.Но па кога тие ќе ми станат досадни,пробувам да ја добијам за две минути.Не ми се чека 2 саати дур се деси нешто.
 
I

Iblis

Гостин
Не трпам критика. Замисли сега како ми е кога ќе ме прашат блиските:"имаш девојка?" и после одговорот, второто прашање:"оти не?" :mad:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас една вечер кога пушев трева во времето си правев самоанализа и дојдов до заклучок дека ако бев жена никогаш немаше да го губам времето со некој како самиот себе.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Мене само бабиве во малово ме прашуваат:
Абе бабин кај ти е она момето, шо идеше не го гледам во последно?:icon_lol:
Одговор: Ме остави бабе ме остави, синајдепоубав побогатипопаметен:D
Секоја тема и шала што не е навредлива ја прифаќам, а советите им ги слушам но ретко им ги прифаќам.
Никогаш не ме иритирала оваа тема за разговор, многу ми претставува лезерна и на секое нивно прашање го знам конкретниот одговор;)
И воопшто не ми смета ако ме прашуваат, ако ги интересира ќе им одгоговрам без страм и без презир:свиркам:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.570
Поени од реакции
34.960
- ‘‘ Не биди толку пребирлив/а‘‘ - демек мора по секоја цена да имаш некого/некоја,
- ‘‘Среќен роденден, до в година со момче/девојка‘‘- каде редовно се става акцент на ‘‘ајде што чекаш‘‘
- ‘‘Блазе си ти, многу е поубаво кога си слободен/а - сожалување
- ‘‘Ќе го пронајдеш вистинскиот кога најмалку очекуваш - фали уште палома марамици
- ‘‘ Морам да те запознаам со ,,,,, баш е типче како за тебе‘‘ - :facepalm::facepalm::facepalm:

Некогаш се кажуваат најдобро намерно, но некогаш се кажани само колку да има што да се зборува, а не ретко и за фаќање сеир, иритирачки во секој случај.

П.С..пред некое време ми кажаа дека принцеви на бели коњи веќе не постоеле:vozbud:;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom