Што мислите за прашањата од типот: “Зошто немаш дечко/девојка?“

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прочитав една статија, и комплетно се согласувам со неа. Мислам реално што е со прашањево? Мене искрено многу ме иритира и до ден денес никако да сфатам што е поентата на истото. Што треба да се одговори: Не сакам, што ќе ми, не се замарам и сл.? Крај краева причините за тоа се посебни кај секој и според мене е приватно прашање.

Убаво рекоа во статијата: Зарем луѓето што се сами прашуваат а зошто ти имаш дечко/девојка?

Вие каков став имате?
Ве иритира ли прашањево или не?
Мене лично ми е непријатно, не знам што да одговорам никогаш.
И ме интересира која е причината за прашањево... да се најде човек во муабет или?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.171
Убаво ми е вака! (додуша пред некое време одговорив со Загина во сообраќајка)
А дечко не сакам.

А ти Крејзи, планираш да се омажиш наскоро?:icon_lol:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Тие што велат дека не сакаат се лажат себеси.Јас во моментов не барам девојка за сериозно.Да бидеме реални една врска е инвестиција на сопственото време,пари,енергија,задоволување на своите потреби,комуникација со личноста што ти се свиѓа.За да ми биде девојка некоја физички мора да ме привлекува,особено да има убаво лице и да е негувана.Не сакам да пуши цигари,зашто за мене тоа е лоша навика,преферирам здрав начин на живот.Карактерно мора да е искрена,атрактивна,позитивна,а тоа што нема да трпам од неа е драма,кучкетост,млитавост,закаснување.Сеуште не сум ја нашол таа,така да се надеваме ќе најдеме нешто некаде :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Па немој да ми кажеш дека најбараната форумџика е асексуална и нема кризни периоди?Тогаш си имаш љубовници што е супер.Вин вин ситуација :).
Но осаменоста можеш да ја победиш со твоите хобија и со длабока медитација.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Тие што го поставуваат прашањето најчесто се со намера да те буцнат и повредат ако си осетлив човек. Лично мене тоа прашање ме нервира и секад гледам да го избегнам зошто не сакам да им полагам рачуни на луѓето за мојот приватен живот без разлика колку сум близок со нив. Мојот живот е мој и тоа дали сум сингл е моја работа. Можеби сум во тајна врска и несакам никој да знае (тајните врски траат подолго затоа што колку помалку луѓе знаат дека си у врска толку врската ќе ти трае подолго :) ). Ете зошто сум „сингл“.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Не знам и мене тоа прашање ме ириртира, дали дека на сингл луѓето гледаат како на закана, фрикови, лузери, може од завист. Али имам приметено дека и некои луѓе едноставно се склони кон таквите прашања( посебно тие кои одвај нашле некој/а) и врв им е оној поглед " Душичка, ќе си најдеш и ти некој/а ". Аман, аман:facepalm:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.488
Зошто ? Незнам секогаш сум одбиен од девојките и се потешко е да ја најдеш вистинската личност некако по тие лоши искуства се повеќе се повлекувам во себе изгубив нешто низ тој пат се надевам ќе биде подобро сам човек заникаде не е
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па немој да ми кажеш дека најбараната форумџика е асексуална и нема кризни периоди?Тогаш си имаш љубовници што е супер.Вин вин ситуација :).
Но осаменоста можеш да ја победиш со твоите хобија и со длабока медитација.
Муабетот е за врска, не мешај љубовници. Значи врска стеф (Тие што велат дека не сакаат се лажат себеси.)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Прочитав една статија, и комплетно се согласувам со неа. Мислам реално што е со прашањево? Мене искрено многу ме иритира и до ден денес никако да сфатам што е поентата на истото. Што треба да се одговори: Не сакам, што ќе ми, не се замарам и сл.? Крај краева причините за тоа се посебни кај секој и според мене е приватно прашање.

Убаво рекоа во статијата: Зарем луѓето што се сами прашуваат а зошто ти имаш дечко/девојка?

Вие каков став имате
Ве иритира ли прашањево или не?
Мене лично ми е непријатно, не знам што да одговорам никогаш.
И ме интересира која е причината за прашањево... да се најде човек во муабет или?


Прашањево се поставува да се опипа теренот дали таа/тој е слободна/слободен за да се направи некој чекор за напад. Факт е дека е приватно, ретко го поставувам директно од принцип да ја испочитувам приватноста на личноста и да не ја доведам во непријатна ситуација, ако сакам да дознаам, дознавам од околку или од некого. Мене не ме иритира прашањето колку што ме иритира коментарот од типот на: Еј зашто бе така, па ти си топ дечко/девојка, па како така, иритира она глумење психолог од некој.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Обично прво прашуваат дали имаш дечко/девојка, а ако одговорот е Не, неизбежно е прашањето зошто не?
Мене лично ме иритира затоа што повеќето од тие што ме прашуваат веќе го знаат одговорот и упорно боцкаат.
Или па има такви со кои се гледам ретко и на секое видување мора да прашаат зошто уште немам дечко.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Муабетот е за врска, не мешај љубовници. Значи врска стеф (Тие што велат дека не сакаат се лажат себеси.)
Па незнам колку години си но биолошкиот часовник ти тече,така да одговорот може ќе го најдеш во себе.Што сакаш од една врска,што се твоите барања,што очекуваш од личноста.Но ако си модерна жена и си инвидуална,тогаш потешко некој да те привлече и да дојде во твојот свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom