Добро навистина одма ги бришете луѓето што ви се битни од вашиот живот и поминувате преку тоа што го направиле туку - така без барање на некакво објаснување?
Ај баш ќе видиме. Дојдете до таква ситуација, искрено да сакате некого (тука се поставува и прањањето што е љубов) ... Кога ќе сакате некого вистински тогаш верувајте дека нема да можете така лесно да преминете преку некого. Освен ако во вас не проработе инатот магарешки па ќе патите и ќе паѓате во депресии по типот или типката (мнооогу ретко) и ќе се прашувате како можев да си го дозволам тоа.
И јас зборев, зборев ако ме излаже, само ако го видам да флертува со друга, да се смува со некоја друга ... секс ? Уффф, нека ми се брише од животот. И мислите дека стварно било, е и ќе биде така ? Не. Има дете со таа девојка, а јас верувајте му простив длабоко во себе ... ама сум правиот инат магарешки и му реков чао, нормално никој нормален не би имал врска со човек кој што сега има дете ...
Знаете што се дешава во мене ?
Секое најмало делче се наежува и го презира него кога ќе помисли што правел со таа девојка додека бил и со мене, а и многу длабоко во себе истото тоа најмало делче вика го сакаш ... Која контрадикторност.
Иначе да, за никоја ситуација не можам да се изјаснам го бришам од животот, не сакам да го гледам или пак ќе му простам, не е битно што направил мојата љубов е поголема.
Ако е некој попатен ќе му вратам тродупло, ги обожавам тие моменти.
А ако е некој како овој во горниот случај, би размислила 2943082950 пати ... Идам се потсетам на значењето на зборот компромис ...