Јако друштво нема што. Би те советувал да си ги смениш другарите.
Имав порано еден таков другар. Ќе излезиме некаде и ќе се заинати да чести. Абе не треба ќе му речам, ич не се троши. Знаев дека и двајцата не се претуравме од пари за да честиме наоколу. И нема да попушта ич дури не речам, добро, ајде, чести.
После некое време му го сфатив штосот кој му е. Откако ќе чести тој, нареден пат пак ко ќе излезиме, директно во фаца ти вика: ај сега да честиш. Си пушташе рипче, да фати крапче. И ако не си во ситуација да се расфрлаш со пари, макар и ти бил добар другар и му речиш: извини, не сум сега при пари толку, нареден пат; и ќе почни: ете, педер еден, јас за тебе се правам, те честам секогаш, ти едно кафе не честиш, бла бла бла.... и ќе се изналути, на крај ти крив испаѓаш.
Се имаше случено да дојди на маса кај што сум со женски што не ги познава воопшто и почнува да ги чести пијачки само да ги импресионира и остави впечаток дека има којзнае колку пари, иако вистината беше сосема поинаква. Кај едната и му успеа таа финта... не за долго, го прочита и таа што сорта е за кратко време.
Среќа голема што не сме другари веќе.