Што вели Библијата за Мухаммед а.с

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Зошто ти наведов да се информираш малку оклу христијантсвото па после да кажуваш дали бил спомнат или не ?
Во Библијата Мухаммед с.а.в.с е спомнат како Духот на Вистината, некој ти постирал погоре читај. Но како ти да разбереш дали станува збор за Мухаммед с.а.в.с или за друга личност кога врска немаш од религија ?
И јас не постирам никакви видеа не ме мешај со другите членови.
И точно дека во времето на Исус а.с немале интернет и тн. но затоа имале нешто најдрагоцено, нешто што никој од вас денес не го цени. Пратеник испратен од Бога, со неговиот збор и неговите докази. Значи го имале пред себе.
За христијанството се информирав од библијата.
Не од клипови.
На клипови некој вика дека во библијата пишувало дека Мухамед е најавен.
Но во библијата на ниедно место не се споменува Мухамед.
Каде во библијата пишува дека Духот на вистината е Мухамед?
Дали пишува дека духот на вистината ќе се роди во Арабија и ќе бега од Мека кон Медина?
Има некоја поврзаност со Мухамед воопшто?

Значи се бара цитат каде пишува дека Мухамед ќе се појави,а не клипови од јутјуб.
Јасно и конкретно каде што пишува дека ќе се јави Мухамед.

Тоа што е напишано во библијата е Закон и словото небеско и како такво не е дозволено за интерпретација од типови со фес на главата кои снимаат клипови на јутјуб.Или било кој друг,да не помислиш дека мислам само на муслиманите.

Сега не знам како поедноставно да прашам...наведи цитат каде во библијата пишува дека Мухамед е нов пратеник небесен.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Еве ги пророштвата за Мухамед (и сличните како него) во Библијата:

„ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.“ (Матеј 24:11)
„ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат знаци и чуда, за да ги измамат избраните, ако е можно. “ (Матеј 24:24)
„А Господ ми рече: „Тие пророци пророкуваат лага во Мое Име; ниту ги испратив, ниту им дадов некаков налог - Јас и не им зборував. Тие ви пророкуваат лажни виденија, празни гатања и соништа на своето срце.“ (Еремија 14:14)
„Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ (1 Петрово 4:1)
Ова е точно. Дека многу лажни пророци се појавувале и се појавуваат и ќе се појавуваат.
Но не прескокнувај го она пророштво каде Исус а.с вика само за пророкот да знаеш дека е испратен од Бог.:pipi:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ова е точно. Дека многу лажни пророци се појавувале и се појавуваат и ќе се појавуваат.
Но не прескокнувај го она пророштво каде Исус а.с вика само за пророкот да знаеш дека е испратен од Бог.:pipi:
А каде во библијата пишува дека тој пророк е Мухамед?
 
Член од
15 октомври 2008
Мислења
85
Поени од реакции
6
Еве ги пророштвата за Мухамед (и сличните како него) во Библијата:

„ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.“ (Матеј 24:11)
„ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ќе покажат знаци и чуда, за да ги измамат избраните, ако е можно. “ (Матеј 24:24)
„А Господ ми рече: „Тие пророци пророкуваат лага во Мое Име; ниту ги испратив, ниту им дадов некаков налог - Јас и не им зборував. Тие ви пророкуваат лажни виденија, празни гатања и соништа на своето срце.“ (Еремија 14:14)
„Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ (1 Петрово 4:1)

Razmisli malce kako sam si go rusis tvoeto tvrdenje ,ni vo eden od stihovite izvadeni od kontekst,eksplicitno ne se negira doagjanjeto na posledniot Bozji pratenik ,duri vo 1 petrovo 4:1 veli „Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ ako e on posleden bozji zbor togas eksplicitno ke kaze deka treba sekoj da se odbie a ne da se ispituva.
Eve ushte eden dokaz deka treba Koranot i zivotot na Muhamed s.a.w.s. da se cita i ispituva so iskren pristap bez predrasudi.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
За христијанството се информирав од библијата.
Не од клипови.
На клипови некој вика дека во библијата пишувало дека Мухамед е најавен.
Но во библијата на ниедно место не се споменува Мухамед.
Каде во библијата пишува дека Духот на вистината е Мухамед?
Дали пишува дека духот на вистината ќе се роди во Арабија и ќе бега од Мека кон Медина?
Има некоја поврзаност со Мухамед воопшто?

Значи се бара цитат каде пишува дека Мухамед ќе се појави,а не клипови од јутјуб.
Јасно и конкретно каде што пишува дека ќе се јави Мухамед.

Тоа што е напишано во библијата е Закон и словото небеско и како такво не е дозволено за интерпретација од типови со фес на главата кои снимаат клипови на јутјуб.Или било кој друг,да не помислиш дека мислам само на муслиманите.

Сега не знам како поедноставно да прашам...наведи цитат каде во библијата пишува дека Мухамед е нов пратеник небесен.
Види бате ако ти знаеш Б од Библија јас се декларирам како Будист :pos2:
Дали знаеш дека во 4 век на Никејскиот собор од 74 Евангелија, само 4 се признати како валидни, а сите други отфрлени ?
Апостолите Павле и Константин заради своја лична цел, биле водичи во Христијанството. До 4 век Исус а.с не бил сметан за Бог, тоа е додадено на Никејскиот собор и сите го знаат тоа.
Значи на нив не им одговарало да дојде друг пратеник. Знаеш ли што правеле Павле и Константин ? Павле, заколнатиот непријател на Исус а.с, кој гонел и убивал Христијани, случајно добил визија каде Исус а.с го просвтелил. Откако просветлениот Павле тргнал по светот да проповеда Христијанство, заборавил на зборовите на Исус а.с, дека тој е испратен само за овците на Израел и неговата порака да не се носи по целиот свет, посебно не на Грците и тн.
Ако синот Божји се жртвувал за цел свет, зошто забранил неговата порака да се носи на одреден народ ? Значи и тој ко сите пратеници, бил испратен само за еден народ.
Значи Павле спротивно на тоа што рекол Исус а.с, го искривил и изобличил Христијантсвото.
Ако разгледаш малку како живеел Павле тогаш се ќе ти стане јасно.:vozbud:
Од сето тоа што се случувало таму, ти очекуваш да го прочиташ името на Мухаммед с.а.в.с во Библијата ?
Да бараме тогаш да ги вратат назад во Библијата оние 70 Евангелија па можеби ќе го најдеме името негово таму.
Но, во Библијата се оставени мали траги, мали но со големо значење, за доаѓање на нов пратеник.

Еремија: 28:9 "Но за пророкот што пророкува МИР можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.”

Кажи ми кој е овој што пророкува мир ?

Кој е овој што рекол Исус а.с да го следиме ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Таму не станува збор за пророци, туку за учители. Божјата општа објава заврши со Исус Христос и Неговите апостоли кои пишувале водени од Светиот Дух. Во Библијата нема никакви индикации за доаѓање на некаков нов пророк со векови подоцна кој би ја негирал Библијата и би поучувал спротивно на Исус Христос и апостолите.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034

Ова ми падна интересно.Можеш да ми кажеш кај да го прочитам ова?
 
Мухаммед с.а.в.с не ја негирал Библијата, го негирал тројството, кое го додале Павле и Константин, кои не можат да се наречат апостоли бидејќи дошле векови после Исус а.с, така да ниту чуле збор од Исус а.с, ниту па го виделе.
Да не мешаме баби и жаби!
 
Во право си дека Мухамед никаде дирекно не ја негирал Библијата, но бијдеќи не ја познавал, поучувал спротивно на нејзиното учење, па така индирекно ја негирал нејзината порака.
Мухамед нема врска со Тројството, а Павле не е дојден со векови после Исус, туку 15-20 години после Неговата смрт.
Ако Мухамед не ја негирал Библијата, тогаш зошто вие ја негирате?
 
Како што кажав погоре. Павле можеби дошол 20 год после Исус а.с (многи ги смали ама ај), сепак никогаш овој човек не чекорел со него. Значи не го познавал. И зошто тогаш да се смета за аопстол ?
Навистина Мухаммед с.а.в.с не ја знаел Библијата, бидејќи во моментот кога му стигнала објава од Аллах џ.ш тој бил неписмен.
Мухаммед с.а.в.с не ја негира целата Библија, но го негира оној дел каде Исус а.с е сметан за Бог, еден од тројцата. Го негира и неговото воскресение. Затоа и ние тоа го негираме.

--- надополнето ---

Ова ми падна интересно.Можеш да ми кажеш кај да го прочитам ова?
Во Библијата.

--- надополнето ---

А ти чорбаџи зошто го негираш ветувањето на Бога кое е дадено во Библијата ?
Псалм 91
9 Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила.

10 Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор.

11 Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта.

12 Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.

13 Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.

14 Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име.

15 Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам.

16 Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение.

--- надополнето ---

Нели Бог ветил дека ќе го спаси Исуса а.с ? Во самата Библија пишува. Па како тогаш го распнаа ?
Значи Мухаммед с.а.в.с ја кажа вистината кога рече, дека Исус а.с не е распнат.
Во самата Библија можеш да видиш, како на Исус а.с му е ветена слава, спас, многу денови.
И тоа е точно, затоа што Исус а.с живее со векои на небото, прославен и спасен.:mist:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали знаеш дека во 4 век на Никејскиот собор од 74 Евангелија, само 4 се признати како валидни, а сите други отфрлени ?
Ако имаше барем елементарно историско познавање за Никејскиот собор ќе знаеше дека таму воопшто не станало збор за канонот на Библијата. Од сите 20 точки (одлуки) на тој собор, ниту една не била посетена за канонот на Библијата.

Во 140 година, значи цели 2 века пред Никејскиот собор, кога Иринеј станал епископ во Лион (Галија), идејата за четворното евангелие станала толку аксиоматска во христијанските заедници, што тој можел да се однесува кон него како кон установен и признаен факт, очигледен како што се очигледни четирите страни на светот или пак четирите ветрови....

„Зашто, како што постојат четири страни на светот во кој живееме и четири општи ветрови, и како што Црквата е распространета низ целата земја, евангелието е столб и основа на Црквата и здив на животот, природно е да има четири столбови кои зрачат бесмртност, будејќи ги луѓето. Според тоа, очигледно е дека Словото, Создателот на сите нешта, Кој седи над херувимите и сите нешта ги држи соединети и Кој му се покажал на човештвото, ни го дал евангелието во четворна форма, но споени заедно во еден Дух.“
(Иринеј, Против ересите 3:8)

Значи Иринеј во 140 година (2 века пред Никејскиот собор) вели дека имало само 4 евангелија, а не 74 како што неосновано и неаргументирано тврдат муслиманите.

До 4 век Исус а.с не бил сметан за Бог, тоа е додадено на Никејскиот собор и сите го знаат тоа.
Учењето за Тројството не е никаква измислица на Константин. Исус на пример бил сметан за Бог уште пред да се роди Константин.
Околу половина век пред да се роди Константин Ориген за Исус рекол: "Иако (Христос) беше Бог, Тој зема тело, се направи човек, но остана она што беше: Бог." (Ориген, Фундаментални Доктрини 1:0:4)
Неколку години пред него, во 210 година, Тертулијан за Исус рекол: "Самиот Бог е без грев. Единствениот Човек кој е без грев е Христос, затоа што Христос е исто така Бог." (Тертулијан, Душата 41:3)
Уште порано, во 190г. Климент од Александрија за Исус рекол:
"Тој (Христос) Самиот е Бог и Човек, и извор на сите наши добра." (Климент, Убедувањето на грците 1:7:1)
"навистина, најизразеното Божество, Тој е еднаков на Господ, бидејќи е Негов Син" (Климент, Убедувањето на паганите)
10 години пред тоа, во 180г. Иринеј во своето дело "Против ересите" за Исус вели:
"Наш Господ, наш Бог, и Спасител, и Крал" (Иринеј, Против ересите)
20 години пред тоа, во 170г. Тациан Сиријанецот за Исус рекол:
"Не си играме лудории, вие грци, ниту пак збориме бесмислени работи кога изјавуваме дека Бог се роди во форма на Човек." (Тациан, Адресирано до грците 21)
Уште порано Јустин, во 150г. за Христос пишува:
"Тој е првосоздаденото Слово Божјо, еднаков е на Бог", "И Бог и Господ над војските" (Јустин, Прва Апологија)
И уште порано, во почетокот на 2-от век, во 110г. Игнатиј Антиохиски за Исус рекол:
"Бидејќи нашиот Бог, Исус Христос, беше..." (Игнатиј, Писмо до Ефешаните 4:2)

Ги забележуваш ли годините кога Исус бил сметан за Бог? За твоја информација Никејскиот собор се одржал мнооогу покасно, дури во 325г.

Овие цитати ти ги наведов за да ти докажам дека Константин не Го "изгласал" Христос за Бог, туку Тој бил така обожаван и од предходните христијани, па дури и од апостолите т.е. дури и во Светото Писмо.

"чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! "
(Светото Писмо, Апостол Павле во писмото до Римјаните 9:5, Библијата)

"(Христос) Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога"
(Светото Писмо, Филипјаните 2:6, Библијата)

Ако ја негираш Христовата објава на апостолот Павле, тогаш што ќе кажеш за еден од вољубениот и близок апостол на Исус Христос, апостолот Јован кој во своето евангелие запишал:

„Тома одговори и Му рече: „Мој Господ и мој Бог!” Исус му рече: „Поверува, зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе, а поверувале.” “ (Јован 20:28-29, Библијата)

Откако просветлениот Павле тргнал по светот да проповеда Христијанство, заборавил на зборовите на Исус а.с, дека тој е испратен само за овците на Израел и неговата порака да не се носи по целиот свет, посебно не на Грците и тн.
Ако синот Божји се жртвувал за цел свет, зошто забранил неговата порака да се носи на одреден народ ? Значи и тој ко сите пратеници, бил испратен само за еден народ.
Евангелската стратегијата на Исус првично била евангелието да се проповеда само на старозаветниот Божји избран народ - евреите. Но подоцна Тој им заповедува на апостолите да го проповедаат евангелието на сите народи:

„Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата. Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал! “ (Исус, Матеј 28:18-19, Библијата)

„Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и се до крајот на земјата.“ (Исус, Дела 1:8, Библијата)

Еремија: 28:9 "Но за пророкот што пророкува МИР можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.”

Кажи ми кој е овој што пророкува мир ?

Кој е овој што рекол Исус а.с да го следиме ?
Во горниот цитат воопшто не збори Исус, туку пророкот Еремија. Тоа воопшто не е пророштво, туку Еремија само кажува каква треба да биде карактеристиката на еден Божји пророк - да твори мир, наспроти војсководецот Мухамед кој ја ширел својата вера со меч, убиства и крвопролевање. Критериумот додава и уште еден услов „откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.“ Кажи ми едно пророштво што го прорекол Мухамед и се исполнило? Каков доказ ви дал Мухамед за да верувате дека тој е Божји пророк? Се разбира, за да не одиме оф-топик, те молам да отвориш нова тема „Мухамедови пророштва“ или „Пророштва во Куранот“ и таму да ги наведеш пророштвата (ако воопшто постојат се разбира).
Ви благодарам на вниманието.
Поздрав!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Исламот како религија се појавил 600 години по христијанството(тогаш се појавил и пророкот Мухамед кој го ширел),невозможно е Библијата да има содржнини за Алах,или за Мухамед.
 
Dem

Член од
25 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
2
Исламот е религија која му беше дадена на Адам, првиот човек и првиот Божји Пратеник, а исто така била и религија на сите Пратеници пратени од Бог на човековиот род. Името на Божјата религија, ислам, не беше донесено од подоцнежните човечки генерации. Тоа беше избрано од самиот Бог и беше јасно истакнато во Неговото последно откровение за човештвото. Во последната книга на Божественото откровение, Куранот, Бог го изјавува следново:

„Денес ви ја усовршив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ Куран, 5: 3

„На оној кој сака друга вера освен исламот (потчинетост кон Бога) – нема да му се прими.“ Куран, 3: 85

„Аврам не беше ни Евреин ни христијанин, туку беше честит муслиман.“ Куран, 3: 67

Никаде во Библијата нема да најдете пасус во кој Бог им вели на луѓето на Мојсеј, или на неговите наследници, дека нивната религија е јудаизмот, ниту пак на следбениците на Христос дека нивната религија е христијанството.

Всушност, „Христос“ не е ни негово име, ниту било Исус. Името „Христос“ доаѓа од грчкиот збор „Христос“, што значи „помазаниот“. Односно, „Христос“ е грчки превод од еврејскиот наслов „Месиах“. Од друга страна, пак, името „Исус“ е латинизирана верзија од еврејското име „Исау“ (Есау).

Што се однесува на неговата религија, тоа е она на што ги повикуваше своите следбеници. Исто како и Пратениците пред него, и тој ги повикувал луѓето да ј се покорат на волјата на Бог, и ги предупредил да останат подалеку од лажните божества на човечката имагинација.

Според Новиот Завет, тој ги подучувал своите следбеници да се молат на следниов начин: „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата твоја, како на небото, така и на земјата...“ (Лука 11:2)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Од она кое го пишуваат муслиманските верници на форумов, очигледна е една работа: дека истите ја оправдуваат својата вера така што присвојуваат се што постоело пред нив. Тоа присвојување особено се однесува на личноста на Христа Бога, кон Кого го практикуваат принципот „...ние не сме против Христа, ама не сме ни со Него..., а присвојувањето се однесува и на Писмото, по принципот „...да, ние го прифаќаме Писмото, ама имаме уште понова и поточна книга...„. Така, со тие присвојувања, се чини дека Исламот како тазе вера,треба да ја набилда својата убедливост до ниво од исклучива вера.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom