Што би се случило кога сите луѓе еден цел ден би зборувале само вистина?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Идејата за темава ми дојде од филмот “Лажго Лажго“, каде што Џим Кери еден цел ден мораше да зборува само вистина.

Е сега, што мислите вие, што би се случило кога сите луѓе на планетава еден цел ден би зборувале само вистина?
Што би било кога еден цел ден никој не би бил во можност да лаже?
Би било се помирно или би настанало покољ и од наредниот ден никој со никого муабет нема да прави?

Што би направиле вие кога би знаеле дека еден цел ден сте приморани да кажувате само вистина?

Би отишле да кажете некому нешто што не сте имале храброст порано да му кажете во лице или нешто сосема друго?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ја предосеќам што тема ќе отвориш кога ќе го гледаш Bruce Almighty...

А тек па после Cable Guy :)


А онтопик,па мислам дека и самиот филм убаво раскажа што и како ќе се случи,кога би морале да ја кажуваме вистината.

Тогаш сите бели лаги,ќе станат црни вистини,ма јас мислам дека се ќе отиде по ѓаволите.:devil3:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Убава замисла и по однос на директното прашање - мислам дека кога сите па и јас би ја зборувале вистината би налетале на различни реакции од спротивната страна. Ако некои постојано се лажеле па сега гугнале вистина ќе има покољ... ако некои ретки исклучоци во меѓусебната комуникација не употребувале шминка ќе поминат далеку помирно... инаку во глобала - калакурница.
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Охооо, што ќе биде тогаш :) Сите тајни, скриени мисли ќе излезат на површина, и убавите и оние незгодните. Секако различно ќе бидат прифатени тие работи, но колку повеќе си криел нешто од некој, толку полошо би било.
А јас кога би била приморана да кажувам само вистина цел ден, неспособна колку и да сакам да излажам или скријам нешто, би им кажала на неколку личности што требало одамна да им кажам, но ете нешто ме спречувало.:pipi:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Ќе дојде крај на светот! Ќе настане војна затоа што сите би ги кажувале лошите работи на секого!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
јас мислам дека тој ден на почеток ке биде цепки (буквално)...а после, јавно никој ништо нема да збори,да не каже нешто што не треба...па затоа ке биде најтиФкиот ден во животот...
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Ја предосеќам што тема ќе отвориш кога ќе го гледаш Bruce Almighty...

А тек па после Cable Guy :)


А онтопик,па мислам дека и самиот филм убаво раскажа што и како ќе се случи,кога би морале да ја кажуваме вистината.

Тогаш сите бели лаги,ќе станат црни вистини,ма јас мислам дека се ќе отиде по ѓаволите.:devil3:
но, што би рекол тајлер дурден?
провокативна тема во исцело секако, навидум лесна за дебата, но размислете. размислете добро пред да продолжите по патот кој што ќе го одберете. тоа ќе ве отсликува понатаму. размислете темелно дали е толку лесна. НЕ! напротив,...

дури, неможам ни да замислам што би се случило! незнам кој би бил субјективниот одраз на објективната реалност што би следела. шокантно, нели?
 

BlaCk FiRe

`Going NoWhere`
Член од
21 март 2008
Мислења
637
Поени од реакции
18
Убаво прашање Позз до Крајзи :helou: ...

Интересна ситуација, кога би размислил поубаво ако збориме за добрите нешта што ги мислиме, дека ако не дојде тој ден нема тие работи никогаш да ги кажеш во животот :)
A за лошите мисли ќе се кааем што сум ги кажал ... :)

Не мора да значи дека никој со никого не би зборел пошто никој не размислува за две личности исто секогаш има нешто друго ...

Taка да у моментов не знам што да мислам ...:) :)

За да коментирам што све не ќе кажем :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Кога ќе дојде тој ден,најпрвин уште рано сабајле Русија и Америка ќе си фрлат по една нуклеарка...и за остатокот од денот ќе преживуваме од последиците(ако останеме живи се разбира :pos: )

Не искрено тој ден не е пожелен за никој, бидејќи некои вистини се побезболни кога не ги знае вистинската личност....така да може само да се ископлицираат односите помеѓу луѓето ако се откријат и најмал дел од истите вистини!!!
:smir:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Сите би се испокарале едни со други. И така сме сите најдволични
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ќе биде хаос, сите лом ќе се направиме, караници насекаде, тепачки исто, разводи, војни ... и ќе сознаеме колку само светов е суров, а суров е заради луѓето што живеат во него.
Дволичност, неискреност, лицемерие, себичност има насекаде околу нас.
Поубаво е вака кога живееме посреќно и не знаејки ја целата вистина.:)
 
D

Delux

Гостин
Тогаш се на швалерај ќе се фрли,то е прво
Второ незнам дали има
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Што би се случило? Ништо добро. :)
Ќе биде ден на масовни разводи.
Ден на колективни тепачки.
Ден на сјебани пријателства.

Сериозно, ваков ден е далеку од пожелен. :) После тоа ништо не би било исто и луѓето би биле помизерни од претходно, зошто ќе ги изгубат сите пријатели и ќе дознаат нешта кои не сакале да ги знаат. Во ваков ден би сфатиле дека вистината у пар ситуации стварно е подобро да се заобиколи, чак и да се изврти. :)

Што би направиле вие кога би знаеле дека еден цел ден сте приморани да кажувате само вистина?
Ништо, ќе останам дома цел тој ден. И тоа во соба заклучена, да не морам ни со моите да разговарам, со никого. Ако не сретнам некого, нема да морам да кажувам вистина, нели?:) Пичкарски ќе ги избегнам лошите последици кукавички криејќи се у изолација. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom