... требаше да продолжите во подтемата „Здравје“ или барем последните коментари околу автоимуната болест конкретно за Хашимото да се префрлат таму, како и да е многу опасно и неисправно е вакво размислување за Хашимото, може да се има различно мислење, но не вака тотално погрешно мислење да создадената антитела при Хашимото, да биде иста антитела при одбрана од други бактериски и вирусни инфекции, тука не зборуваме за хиперактивен имунитет туку за „збунет имунитет“ кој ги напаѓа сопствените ЗДРАВИ клетки мислејќи дека е антиген (вирус, бактерија или било кој антиген влезен од надвор)... (Ботко и Псисајд точно го искажаа своето мислење во постовите)!
... да се има Хашимото и да се зарази со некоја вирусна/бактериска/инфекција тоа би го споредила исто како телото би било нападнато дупло истовремено нападнато т.е. одбранбениот систем (имун), описно би било да истовремено води „две војни“ една класична војна со надворешен непријател (вирус, бактерија), а во исто време и граѓанска војна со внатрешен „погрешен“ непријател т.е. кон свои сопствени здрави клетки што би било дупло оптоварен таков организам (збунет имун систем), а не пак предност да истиот не може да се разболи и да прошета низ „инфективно одделение“!
...ајде да го разгледаме и фактот дека толку време човек со Хашимото синдром ете и покрај околината каде живее другите се инфицираат, а тој не! па добро, кој вели дека има Хашимото?
односно ај да образложиме дека при Хашимото се создава две антители кои циркулираат во крвта, но не било кои, туку точно се знае :
1. Антитела на тироидната пероксидаза (АTPO).
2. Антитела на тироглобулин (АTg)
што нема врска како антитела против бактериска и вирусна инфекција!
антитироидната антитела продира во штитната жлезда и предизвикува уништување или оштетување на ткивото на тироидната жлезда и тоа е тоа ти се дава „Хашимото“ дијагноза!
... но овие две антители иако имиња се поврзани со тироидната жлезда тие можат да се лачат и да се ИМА висока вредност, а да не биде поврзано со штитната жлезда туку со други автоимуни заболувања како витилиго, ( ова е тоа што кај нас почесто не се внимава и веднаш го дијагностицираат присутво на покачена ТПО анитела како Хашимото - поврзано со штитната жлезда).
... и друго недостиг на Вит Д , а да не кажам дефицит и те како делува на покачена ТПО антитела дури и промена на естрогени хормони делува на покачување на антителата, така да не е баш благодарно да само врз база на покачени износ на ТПО антитела да се етикетира пациентот со Хашимото (мое лично искуство)
...друго околу диета т.е. околу дебелење или слабеење или онака нормална телесна тежина, а со Хашимото многу се важни тиреоидни хормони што не се спомнуваат, значи може да се има Хашимото а Т3 и Т4 да се под референтна вредност - хипотироидизам и особата, добива апетит за јадење, ама и не мора може да јаде исто, а сепак да се дебели? зошто? ...зошто не зависи дебелината од внесот на храната туку од метаболизмот на истата (поспоро е) затоа Вори има бранови на студенило и се тресење поради таа нераспределената енергија од спориот метаболизам!
... сега истата таа особа со Хашимото, а со хормоните Т4 и Т3 под нормални вредности хипотиреоидизам поради Х услови (предозирање на внес на готов хормон како лек) преку ноќ вредностите на Т4 и Т3 од намалени вредности скокаат над референтните вредности и таа иста особа со Хашимото од хипо состојба иде во хипер состојба (хипертиреоидизам) и истата таа особа со исто јадење ете ќе почне да слабее, затоа што тука веќе имаме обратна состојба на метаболизмот кој брзо ја преработува храната и ја троши и затоа веќе добиваме ситуација „на слабеење“ со иста навика и количина на јадење, овие проблеми тешко некој ендокринолог да се посвети да толку се следи пациентот и затоа контролите по месец два, ај пола Еутирокс (хормон) ај зголеми, ај намали...ај сега префрли се на Тироксин!
... метаболизмот дали е зголемен (особата ќе слабее), дали ќе биде успорен (особата ќе се дебелее) !
...дали ќе ги чувствува ладните промени и ќе има спор срцев ритам со намалени Т3 Т4 или обратно со зголемени Т3 и Т4, бранови на потење, тахикардично срцебиење како симптоми на хипертиреоидизам, а во двата случаеви си има покачена ТПО антитела со веќе етикетиран Хашимото!
...јас би препорачила на членот Вори да направи една лабораториска анализа на состојбата на Вит Д во органзимот, доколку не ја направил!