Штитна жлезда и проблеми со неа

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од NeMiRnA, 12 март 2008.

  1. NeMiRnA

    NeMiRnA

    Член од:
    19 февруари 2006
    Мислења:
    2.743
    Допаѓања:
    94
    Штитна жлезда

    Тироидната, или штитната жлезда има облик на пеперуга, тешка е од 15 до 30 грама и е сместена над долниот преден дел од вратот. Оваа жлезда го произведува хормонот тироксин, што е задолжен за регулирање на метаболизмот во организмот во речиси сите клетки. Поедноставно кажано, тироксинот го регулира создавањето на енергија и внатрешната потрошувачка на кислород.

    Ако жлездата произведува повеќе тироксин се забрзуваат сите процеси во организмот, а ако произведува помалку процесите се забавуваат. При зголеменото производство, или хипертиреоза, наречена уште и Базедова болест, се јавува зголемена температура, побрзо согорување на храната, испакнати очи, забрзување на работењето на срцето, слабеење без водење диета,лицето често се поти,рацете често се тресат, се јавува слабост во мускулите, болат мускулите на горните делови на рацете. Хипертиреозата ги истенчува и нервите. Болниот станува нервозен, тешко заспива и лошо спие, во комуникацијата со другите луѓе експлозивно го менува расположението. Всушност, напорниот живот ја принудува штитната жлезда да работи со поголем капацитет од нормалниот.

    Хипотиреозата е намалено лачење на хормонот тироксин. Заболеното лице е тромаво, рамнодушно, се дебелее, не покажува волја и иницијатива. Накусо, живее со забавено темпо. Сексуалниот нагон се губи, при подолга состојба кожата станува сува и груба, гласот станува рапав, косата опаѓа.Заболениот е пречувствителен на студено време и често чувствува болки во мускулите. Кај младите жени менструациите стануваат обилни, почести се и траат подолго. Изгледа парадоксално, но и намаленото лачење на хормонот доведува до зголемување на тироидната жлезда.

    Најчестиот причинител е недостатокот на јод во исхраната. Во тој случај се погодени сите луѓе, затоа што штитната жлезда ги троши резервите на јод во организмот, се "напнува" да произведе доволно тироксин и така се оштетува.Но освен овој фактор кој е причинител за болести на оваа жлезда е наследниот фактор и забрзаното темпо на живот,константен стрес.

    Имено во нашата земја е прилично голем бројот на луѓе со заболувања на тироидната жлезда,особено во делот кај Шар Планина заради обемните дождови кои го измиваат јодот од почвата.Колку се луѓето запознаени за оваа жлезда и нејзиното значење за нормален живот?!Има случаи во кои човекот е заболен долг период,но заради неупатеност не е свесен за тоа.
    Прашањето е:Дали некогаш сте имале проблем од овој тип?!Дали сте запознаени за начинот на лечење?Последиците од овој тип на болест на оваа жлезда со важно значење за организмот? Ако има некој со слични искуства нека повели,иако мислам дека темава нема да наиде на многу голема дискусија,но сепак...:smir: .
  2. Акаша

    Акаша Hydra

    Член од:
    28 мај 2006
    Мислења:
    1.685
    Допаѓања:
    126
    Лично јас сум немала проблеми, мајка ми го има ова и тоа не и се појави ниту еден од симптомите како испакнати очи, слабеење или дебелеење. Мислам дека лек за целосно да се излечиш нема.Пожелно е помалку нервози. Терапија имаше едни лекови забораив како се викат и сеа зависи кое е нивото шо го имаш и по толку ти даваат, може да се деси некој период да ти се стабилизира и да не мораш да пиеш лекови.Знам дека отприлика на секои 2-3 месеци се оди на конторла каде што одиш на разговот со доктор и проверка на крвта и така.
  3. Кнез Мишкин

    Кнез Мишкин Гостин

    Не сум имал вакви проблеми, речиси насекаде веќе е ставен под контрола недостатокот на јод, кај некои се јодира солта(случајот кај нас), кај некои брашното, но сепак вистина е дека има голем број на заболени.., се дијагностицира со скенирање на работата на тироидната жлезда, се пие радиоктивен изотоп на ЈОД (I-131) кој е со краток период на полураспаѓање, овој јод се абсорбира во тироидната жлезда и преку скенерот се забележува неговото распределување во тироидната жлезда односно се набљудува функцијата на жлездата.., мислам дека овој изотоп се користи и во лекување на тироидната жлезда.
  4. renate

    renate

    Член од:
    7 јануари 2009
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    20
    pred sest meseci imav napraveno operacija na stitna zlezda.Mi rekoa deka imam cvorcinja koi treba da se odstranat od grloto zatoa sto ja pritiskaat stitnata zlezda i doaga do nejzino poremetuvanje da ne moze da funkcionira a vo krvnite rezultati sekogas pokazuvase deka stitnata zlezda raboti dobro_Ovie meseci imav non stop tahikardija do 160 udari vo minuta pa moram da zimam tableti koi go smiruvaat srcebienjeto(beta blokator) a isto taka zimam i tableti za stitnata zlezda L-Thyrox 100mg.Napraviv i drugi ispituvanja i se pokaza deka e vo red ,no jas sepak ponekogas ne se custvuvam dobro.Pa mi rekoa deka e seto ova na psihicka baza bev kaj nevrolog mi dadoa tableti protiv strav.Dali ima nekoj koj imal slicni vakvi problemi i kako gi resil?Gi molam i drugite sto nesto poveke znaat za ovaa tematika da mi kazat sovet.
  5. Borderline

    Borderline

    Член од:
    8 јануари 2009
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    8
    Знаеш ли која операција точно?

    Ја имаш ли проверено хипофизата и хипоталамусот? (нивните хормони, магнетна резонанца, и сл) ако да кои се резултатите.
    Ако ја немаш тогаш тоа треба да се провери, затоа што хормоните што се лачат од горните две имаат стимулирачко/инхибирачко влијание врз тиреоидеата, и можат да фингират заболување на тиредоидеата.

    Може да е и на психичка база...Во секој случај штом имаш и тахикардија е сериозно и треба да го решиш проблемот со излекување а не со залекување на симптомите.

    Види таму кај какви доктори одиш да не се неспособни па џабе да се растрчуваш само...
  6. renate

    renate

    Член од:
    7 јануари 2009
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    20
    ja vo momentov ziveam vo Germanija pa taka da se se slucuvase ovde.Ovde sigurno podobro go tretiraat pacientot odkolku kaj nas vo Makedonija.Mene mi bese vo red stitnata zlezda do posledniot den pred operacijata e posle toa normalno morav da zimam lekovi bidejki ja izvadija polovina zlezda pa nemoze sama da funkcionira dobro.A se mislam za taa magnetna rezonanca ama neznam tocno za sto pomaga toa.Pred operacijata ja voopsto nemav nikakvi bolesti ili poremetuvanja na tiroidata se dojde naednas deka mora da se operiraat tie cvorcinja t.e da se izvadat.
  7. Borderline

    Borderline

    Член од:
    8 јануари 2009
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    8
    Штом си во Германија барај си ја работата таму и немај гајле. Знаат Германците се!

    L-thyroxin-от што го земаш сигурно знаеш е заместителен хормон за тироксинот, којшто сега се произведува во помали количини поради тоа што имаш дел одстрането од шт. жлезда.

    Ќе ти кажат таму какви испитувања треба да направиш, немој ништо на своја рака.

    Може ова да е и само преоден период додека организмот да се навикне на новонастанатата состојба (сепак организмот сега треба да освојува синтетички хормон).

    Одкога или ако испитат дека нивото на тироксинот и тријодтиронинот во крвта е во нормала, биодостапноста и биоискористеноста од клетките е во ред, тогаш проблемот ќе се лекува кај други специалист, невролог или сл.

    Можеш да прочиташ на интернет има за се, а за другото довери им са не лекарите во DE, убаво им ги опишувај симптомите и што осеќаш и ќе го решат проблемот.

    Инаку тахикардијата може да се должи и на предозираност со л-тироксинот и од таму да произлегуваат сегашните проблеми, разговарај за тоа со докторот и контролирај го обавезно.

    Мој совет е да избегнуваш билки, тревки и секакви други бабини лекови...
  8. renate

    renate

    Член од:
    7 јануари 2009
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    20
    fala na sovetot bilki i trevki 100%ne zimam:smir: redovno zemam samo edna tableta dnevno Thyrox ama sepak mi se smaci non stop po lekari i mi vikaat se e vo red a ja sepak ne sum sekogas naj naj dobro i neznam do koga vaka.
  9. moof KOOZ tee

    moof KOOZ tee Mystis

    Член од:
    26 ноември 2008
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    63
    Дали неправилно функционирање на штитната жлезда може да се одрази на работата на срцето?
  10. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    2.329
    Допаѓања:
    1.412
    Може како не може, погледни погоре во постот на Borderline дека има спомнато за тоа.
  11. renate

    renate

    Член од:
    7 јануари 2009
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    20
    Ako stitnata zlezda ne funkcionira dobro moze da nasteti na srce ili ako taa navreme ne se lekuva moze da pridonese do trajno poremetuvanje na rabotata na srceto ili da ima trajni posledici t.e srcevi bolesti da se pojavat.Licno ja nemav porano nikakvi problemi so srceto pa ispadna naednas da dobijam tahikardija i taa traese so denovi dodeka ne mi ispitaa stitnata zlezda i ne mi rekoa deka sum za operacija e so tekot na vremeto mi se smiri srceto t.e tahikardija veke nemam fala bogu.No zatoa sega sum so lekovi za da ja odrzuvaat tiroidata vo granici na normalata.
  12. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    2.329
    Допаѓања:
    1.412
    Штом ја одржуваш тироидата во граници на нормала немаш место за паника.
  13. covekot

    covekot Postbiheviarist

    Член од:
    17 февруари 2009
    Мислења:
    27
    Допаѓања:
    1
    Pisi ako znaes pod koja dijagnoza te vodat ,dali jazlite skros ti se izvadeni i dali cvorcinjata predizvikuvaa nekoja pojava pr. Hypothyroidism ili Hyperthyroidism
    I drugo dali si se konsultirala i so nekoj na endokrinologija?

  14. moof KOOZ tee

    moof KOOZ tee Mystis

    Член од:
    26 ноември 2008
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    63
    кои хормони да ги проверам за да бидам сигурен дека проблемите со срцето не се од штитната жлезда?
  15. covekot

    covekot Postbiheviarist

    Член од:
    17 февруари 2009
    Мислења:
    27
    Допаѓања:
    1

    Dali si bil nekogas na patofiza ili na endokrinologija ?

    - Poradi sto pretpostavuvas deka imas probemi so tiroidnata zlezda ?

    - Koi sve problemi gi imas so srceto?
    - Imas li nekoi drugi simptoni sto mislis deka se neprirodni ? (pokraj srcevite)
    - Dali pusis, pies,jades mrsno , kolku se dvizis?
    - Kolku ti e vo prosek krvniot pritisok?

Сподели преку: