Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување
Член од
25 мај 2010
Мислења
12
Поени од реакции
0
Те гуши ли ? Стануваш навечер без воздух?
Две - три години ако си имал проблеми со тироидната до сега требало да имаш и некој друг симптом што укажува на нејзе, но секако дека треба да појдеш до ендокринолог за да те видат на ехо и да испитаат хормони.
Не не немам такви проблеми само подкашлувам ама во денот два до три пати... :/
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Смее леб. Нека избегнува да јаде житарки, овесни снеголки и сите тие сличните во милион варијанти. :) Затоа и реков не се сите поделби така стрикни, секој организам е различно и не може така прецизно да се стават сите листи на недозволено.

И уште нешто, апчето нека го пие со многу малку вода, подобро било. :)
Јас кога пиев Еутирокс (од 500мг мислам беа) ми ги дадоа да ги пијам на 1 саат пред јадење, навечер.
Ги пиев 6 месеци и се’ што ми кажа ендокринологот беше да избегнувам масна храна.
Сепак мислам кај мене не беше некој строг режим затоа што стануваше збор за некоја пубертетска промена што предизвикала поголема активност на тироидната.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677

Ме збуни малку. :) Поголема активност т.е поголемо лачење на тироидната си имал? Зошто тогаш си пиел Еутирокс? ( ако си веќе пиел, не било 500мг зошто тие се 25, 50, 75 и 100 микрограми)
Можеби ги даваат различно Еутироксот, но и на самиот рецепт и докторите викаат наутро на гладно зошто е синтетички хормон и најдобро телото така го апсорбира.

--- надополнето ---

Не не немам такви проблеми само подкашлувам ама во денот два до три пати... :/
Сепак појди кај ендокринолог, поразговарај .
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Jas non stop sum po lekari i pravam kontroli i poveke od sto treba no kaj mene pokazuva deka se e vo red so hormonite t3,t4 i tsh no jas sepak ponekogas bez pricina se osekam loso pa na posledniot pregled na radiolog mi spomnaa nesto deka na mojata tezina od 60kila jas ne bi trebalo da zimam L-tiroxin od 100miligrami tuku treba so 75miligrami da se postigne sakan rezultat za hormonive pa toa me buni i neznam sto e ispravno zosto lekarot maticen ne mi ja menuva dozata poradi sto rezultatite od krvta si se vo red.A jas imam poteskotii na primer ne spijam dobro,mi lupa srce ponekogas bez pricina,mi nadoaga bran na toplina se potam i koga ne e voopsto toplo pa naednas mi e ladno i takvi sranja.Zatoa prasav za miligramazata posto gledam po drugi forumi za zdravje luge koi imale operacija ili pak problemi so tiroidata so lekovi se osekaat super a jas seuste ne mozam da dojdam vo normala.
Дозата на Еутироксот влијае во секој случај. Доколку е помаку од потребата доаѓа до нагло дебелеење, дефицитот на тироксин го забавува метаботизмот. Но, поголемата доза на еутирокс предизвикува симптоми на хипертироидеа- или сите овие проблеми што ги наведуваш. Што значи потребно е да се намали еутироксот кој се внесува.
Исто така е многу важно на кој начин се храниш и колку се движиш во текот на денот.
Храната која во себе содржи скроб и тешко сварливи зеленчуци го забавува додатно метаболизмот и предизвикува алергиски реакции од кои дуење е честа појава.
Исто така и оревите. Јас долго време мислев дека оревот поради тоа што во својот состав има јод е корисен бидејќи кога и да јадев ореви ми се потиснуваше желбата за сол, која е присутна постојано. Јас немам потреба од храна туку од јод и постојано барам сол. Понекогаш сум во состојба да земам лажиче сол. Од оваа година решив да си го подобрам односот спрема себе и 2011 година ми започна со висење на интернет и читање на сите можни јазици од сите сајтови за тироидеата. Најповеќе информации имаш на шпански сајтови. На америчките сајтови е повеќе комерција, ја појаснуваат состојбата но, се плаќаат советите.

Секој кој има проблем со тироидеата треба да зема селен додатно, да земе и продукт кој во себе содржи јод. Како измислен за ова е еден продукт од Свансон- супемент на база на алга Келп. Го нема во Македонија веќе две години. Го порачав во грчка аптека. А има уште еден суплемент со кој може да се делува на метабоизмот Тироксидин, но исклучиво од сајт оди порачката а, нашите картички сајтовите не ги прифаќаат за жал.

Жалам што ќе речам дека нашите лекари имаат некој став дека лекот ќе ни го реши пробемот и не разговараат со пациентот.

Инаку овој пробем прави и други пропратни проблеми- висок крвен притисок, дијабетес, хоестерол, тригицериди, покачен АЛТ, проблеми со дишните патишта и респираторните органи и проблеми со срцето. Аергиите се постојано присутни.
Ми се случи алергија од депилација и да не ги знаев овие работи ќе го обвинев салонот за убавина дека ми направиле нешто нехигиенски, но тоа имаше врска со мене а, не со салонот. Мисев дека ќе се распаднам.

Не знам дали во Македонија имаме движење на лица заболени од Тироидеа, но изгледа е време да се направи еден клуб под итно, или најмалку барем еден сајт каде ќе се информираат луѓето за оваа подмолна болест бидејќи на нашето поднебје е се почеста поради дефицитот на јод и море. Исто е добро да се знае дека Дојран е вистинскиот рај за лица со оштетена функција на тироидеа. Дојранското езсеро негува езерска ретка алга која во утринските часови го збогатува воздухот со јод.

Јас не сум медицинско лице и не сум компетентна од тој аспект, но посветив многу внимание на мојот проблем и сакам да сподеиме искуства, тоа секако дека помага.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Жалам што ќе речам дека нашите лекари имаат некој став дека лекот ќе ни го реши пробемот и не разговараат со пациентот.
Ти имаш хипо? И плус си среќна цело време? Навистина си медицинско чудо. :)

Туку, лекот навистина делува и помага најмногу за стабилизација на хормоните. Потребно е време и упорност за да бидат комплетно видливи резултатите. ( еве може и период од година)
За ова на Свансон имам читано и на друго место, но не знам дали е дозволено пример да се земаат тие алги со комбинација на Еутирокс.
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Без разлика на тоа кој лек земате.
Голем фактор е стресот.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Ме збуни малку. :) Поголема активност т.е поголемо лачење на тироидната си имал? Зошто тогаш си пиел Еутирокс? ( ако си веќе пиел, не било 500мг зошто тие се 25, 50, 75 и 100 микрограми)
Можеби ги даваат различно Еутироксот, но и на самиот рецепт и докторите викаат наутро на гладно зошто е синтетички хормон и најдобро телото така го апсорбира.
Епа мене докторката вака ми кажа: Имате зголемена активност на тироидната затоа што организмот ви расте и таа се напрегнува да продуцира поголемо количество тироксин, па затоа имате и мал оток. А дијагнозата ми беше хипотиреодизам:)
И да, 50 беа не 500 знам дека беше нешто со 5ка (одамна пред 3 години ги пиев).
А зошто ми ги давале навечер и тоа не знам.
Кај мене се обратно испадна:)
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Баш тој мал минијатурен оток на долниот дел од вратот ми е ептен секси кај девојками :)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Епа мене докторката вака ми кажа: Имате зголемена активност на тироидната затоа што организмот ви расте и таа се напрегнува да продуцира поголемо количество тироксин, па затоа имате и мал оток. А дијагнозата ми беше хипотиреодизам:)
И да, 50 беа не 500 знам дека беше нешто со 5ка (одамна пред 3 години ги пиев).
А зошто ми ги давале навечер и тоа не знам.
Кај мене се обратно испадна:)

Јас искрено прв пат слушам дека единственото пиење на Еутирокс во една дневна доза да се зема навечер. Имам чуено за случај каде што наутро пие 50, а навечер 25 дека така највеќе му одговара на организмот ама ете искуство плус имам сега. :)

И пак сум малку збунета, зголемена активност на штитната жлезда т.е нејзина зголемена функција ( лачење) е хипертироидеа ама изгледа и јас немам до крај се прочитано. Останало нешто по нет. :))

Одиш на контроли ?
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Јас искрено прв пат слушам дека единственото пиење на Еутирокс во една дневна доза да се зема навечер. Имам чуено за случај каде што наутро пие 50, а навечер 25 дека така највеќе му одговара на организмот ама ете искуство плус имам сега. :)

Одиш на контроли ?
Да, одам на една година. Кога завршив со терапија одев на 3 месеци, па после тоа не 6, и сега на една година. Последната контрола треба да ми биде сега во мај (демек излагам од пубертет и ако повторно нема ништо дефинитивно била пубертетска реакција):)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Да се надополнам, ја отупев додека не пролистав пак се но ете од првиот пост:

Ако жлездата произведува повеќе тироксин се забрзуваат сите процеси во организмот, а ако произведува помалку процесите се забавуваат. При зголеменото производство, или хипертиреоза, наречена уште и Базедова болест, се јавува зголемена температура, побрзо согорување на храната, испакнати очи, забрзување на работењето на срцето, слабеење без водење диета,лицето често се поти,рацете често се тресат, се јавува слабост во мускулите, болат мускулите на горните делови на рацете. Хипертиреозата ги истенчува и нервите. Болниот станува нервозен, тешко заспива и лошо спие, во комуникацијата со другите луѓе експлозивно го менува расположението. Всушност, напорниот живот ја принудува штитната жлезда да работи со поголем капацитет од нормалниот.

Затоа се збунив, тебе ти ставиле дијагноза хипо што е спротивно на првичниот исказ. На хипер состојба или зголемено лачење не се препишува Еутирокс туку се лечи со Пропранолол, Пропилтиоурацил, Метопролол, Carbimazole ( како и да се читаат) итн. А со оглед на тоа дека тебе ти е подобро на контролите значи лекот ти е погоден ( кој е единствен за лечење на хипо) ама објаснувањето за дијагнозата е обратна. :)

Јас сум искрено збунета ама ако си одел на патофиза мислам дека полесно е да укапирам. :)
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Ти викам дијагнозата ми беше хипо, ваљда затоа и еутирокс ми дадоа, а докторката ми рече дека премногу лачела.

Инаку на детска клиника одев тогаш:)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Ти викам дијагнозата ми беше хипо, ваљда затоа и еутирокс ми дадоа, а докторката ми рече дека премногу лачела.

Инаку на детска клиника одев тогаш:)

Е тоа де. :) Не може премногу да лачи и да биде хипо. :)

Битно си добар, па лапсузи секаде има. :)
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Ти имаш хипо? И плус си среќна цело време? Навистина си медицинско чудо. :)

Туку, лекот навистина делува и помага најмногу за стабилизација на хормоните. Потребно е време и упорност за да бидат комплетно видливи резултатите. ( еве може и период од година)
За ова на Свансон имам читано и на друго место, но не знам дали е дозволено пример да се земаат тие алги со комбинација на Еутирокс.
Упорноста е една работа а, резултатите следуваат откако се урамнотежи причината и од аспект психо сем соматска позадина.
За тоа што сум постојано хепи имам своја теорија, но тоа ќе го оставам за моите пензионерски денови. Се надевам ќе имам можност да преточам искуства помеѓу страници.

За Келп и Еутирокс 100мг, како комбинација не е ништо опасно. АЛгите се само полни и богати со јод и ќе ми помогнат во забрзување на метаболитичките функции. Еутироксот ќе продолжи да одржува баланс на тироксинот и ТСХ.

ПС : Благодарам за пријателскиот пристап и што ме следиш на форумот. Тоа не му оди секому од рака.
Сеуште се смеам на зборовите на другарка ми „секташу еден, како ти успева секогаш да си насмеана“ :pos2:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Упорноста е една работа а, резултатите следуваат откако се урамнотежи причината и од аспект психо сем соматска позадина.
За тоа што сум постојано хепи имам своја теорија, но тоа ќе го оставам за моите пензионерски денови. Се надевам ќе имам можност да преточам искуства помеѓу страници.

ПС : Благодарам за пријателскиот пристап и што ме следиш на форумот. Тоа не му оди секому од рака.
Сеуште се смеам на зборовите на другарка ми „секташу еден, како ти успева секогаш да си насмеана“ :pos2:
Ќе навлеземе во друга тема која секако е поврзана со оболувањата на тироидната жлезда, но е комплексна . Мислиш дека со Еутироксот не успева да се урамнотежи се, дека и психички подобро не се чувствуваат болните?

П.С Нема проблем. :)
П.П.С Ко си сама насмеана си нон стоп? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom