Штипска пастрмајлијада 2013 [10 - 13 октомври]

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од Олимпија, 1 септември 2013.

  1. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.143
    Допаѓања:
    7.646
    Штипјани ги почнаа подготовките за овогодинешното издание на манифестацијата „Пастрмалидијада 2013“.
    Од општината велат дека новина оваа година е датумот на оддржување и локацијата.

    Имено, „Штипската пастрмалијада 2013“ годинава ќе биде четиридневна манифестација и ќе се оддржи на 10, 11,12 и 13 октомври. Манифестацијата на 11 и 12 октомври ќе се совпадне и со оддржувањето на „Макфест 2013“. До сега заеднички двете манифестации се оддржаа во ноември 2009 година, по што „Пастрмалијадата“ како датум на оддржување во текот на следните три години (2010/2011/2012) се оддржуваше на крајот на септември, по празникот „Успение на Пресвета Богородица“.

    Што се однесува до локацијата, минатата година, манифестацијата се оддржа на градскиот плоштад а претходните две години (2010 и 2011) на улицата „Ванчо Прке“. Оваа година, предлог е „Пастрмалијадата 2013“ да се оддржи на крак од улицата „Ванчо Прке“, поточно од новиот кружен тек па се до преминот под градскиот трговски центар. Тоа ќе биде новата улица на пастрмалиите. Причина за изборот на ова локација е поголемиот број на кафулиња и ресторани кои продаваат алкохолни, безалкохолни и прехранбени производи, и фреквенцијата на луѓе кои би имале можност да ја користат приликата за посета на манифестацијата и штандовите, на локалите како и на бутиците од трговскиот центар и долж самата улица.

    Локацијата, велат од општината, се покажа како добра при неодамнешното отворање на едно штипско кафуле, кога паркинг просторот беше испразнет, беше поставена мала сцена за концерти а улицата беше со мноштво маси и столови.За поставување на поголема сцена се бираат неколку локации а најверојатно ќе биде поставена пред патниот премин, со што сите посетители кои ќе ја посетата манифестацијата, ќе можат и да уживаат во пастрмалиите и да го следат настапот на изведувачите.

    Ова се почетни идеи и насоки, со што локалната самоуправа влегува во почетни активности на реализација на „Штипската пастрмалијада 2013“. Концептот може да претрпи одредени измени пред се во техничка смисла, додека датумите и локацијата се веќе дефинирани.


    Moже да се организираме форумџии и да напраиме една собиранка у Штип уз винце и пастрмајлија, м? И тамн да видиме какви домаќини се форумџиите од Штип :pipi:
    На NikolaMKD91, arakenx, CafeDelMar и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Нuкола

    Нuкола ал би бек

    Член од:
    24 мај 2005
    Мислења:
    2.973
    Допаѓања:
    5.457
    Обожавам пастрмајлија... и Штип секако не сум бил... па.. шо прајме, ојме дечки?

    едит: скопјјаништа? ауууу ова е навреда киткашарена... ние другиве да гледаме слики само?
    На Олимпија му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.143
    Допаѓања:
    7.646
    Сменив ај, да не се љутат и другите :D
    На Нuкола му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Нuкола

    Нuкола ал би бек

    Член од:
    24 мај 2005
    Мислења:
    2.973
    Допаѓања:
    5.457

    и мацон го замислувам сеа со апаратон негов, штракат по јадењето... и ќе ме фатит мене во некоја мрсна поза.. :D
    ама ова е добар знак.. изгледа ќе се напрајме пастрмајлии таму :pos:
    На kooperativa и Олимпија им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Апатрид

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    8.797
    Допаѓања:
    6.962
    Топ таман кинезот ми доаѓа тогаш, ќе палиме тоа автобусот за натака. И јас и он првпат онака amateurски :DD
    На kooperativa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Andrew

    Andrew ќ

    Член од:
    27 октомври 2011
    Мислења:
    4.855
    Допаѓања:
    11.671
  7. Mary Poppins

    Mary Poppins

    Член од:
    6 јануари 2011
    Мислења:
    1.038
    Допаѓања:
    2.433
    Ти немаш оправдување за да не доеш. Значи веќе те рачунам.
    А ако се соберете и повеќе уште покул :)
    На BrunoFresh и Andrew им се допаѓа ова.
  8. МИЛЕ КИТИЧ

    МИЛЕ КИТИЧ ^се заебав со ников

    Член од:
    13 јули 2009
    Мислења:
    4.135
    Допаѓања:
    1.579
    Пастрмајлијада ама без пастрма во питите.... Овоа е исто како вицон, видела жабата го потковуат коњот па ги кренала нозете.....
    На Kasabian и Samurai Jack им се допаѓа ова.
  9. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!! Дедо Млаз

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    11.597
    Допаѓања:
    12.414
    Четири дена :eek: , барем да знам да не си идам дома ќе ме убијат со гласната музика. :D
  10. sankerce

    sankerce Ајншприц.

    Член од:
    6 март 2009
    Мислења:
    1.809
    Допаѓања:
    2.251
    Ја сум таму на факултет , така да 100% идам. Само , помала цена за поголема пастрмајлија ? :D
    На NelTu му/ѝ се допаѓа ова.
  11. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    5.385
    Допаѓања:
    6.199
    Ајде, ве чекаме!

    Само кажете на време за да резервираме во некоја кафана пошто тогаш е ГУЖВА во сите

    Mary Poppins Forrest Gump
    На kooperativa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NelTu

    NelTu Coffee addict

    Член од:
    1 август 2011
    Мислења:
    2.206
    Допаѓања:
    6.489
    Бидеќи се паѓа во викенд, не знам дали ќе останам, но ако бидни, +1.
  13. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.832
    Допаѓања:
    34.775
    Ако Велешани не се појават на ваква тема да смрчат нема да ја биде темата, се надевам опростено е, тоа едноставно неможе да се исконтролира :D
    На Kasabian, Psyside, scary и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. Смрт за зони и пајак воз.

    Смрт за зони и пајак воз.

    Член од:
    20 септември 2011
    Мислења:
    5.978
    Допаѓања:
    6.538
    Обавезно да сликате...
    Не има такви кои поради годините не можеме да јадеме мрсни работи, но би сакале да видиме
  15. Malcolm van den Сабаховић

    Malcolm van den Сабаховић Harlots of 42nd street

    Член од:
    8 јуни 2007
    Мислења:
    5.167
    Допаѓања:
    8.247
    Регионалната нетрпеливост at it's best. Претставена во pastрмаylii.

    иначе кул работа е pastрмayliјата, ама последен пат сум јадел пред дооолго време, и... не планирамд а одам дотаде

Сподели преку: