Шпанија ja повлече од употреба ХПВ вакцината што се користи во Македонија

S

smart ass

Гостин
koj e paranoik sega ???
Мел Гибсон во филмот Conspiracy Theory:pos2::pos2:

Па мислам дека и двајцата треба да се надеваме јас да бидам во право :wink: за арно на тие што се вакцинирале. Поздрав :smir:

јас знам дека ти си во право....да се разбереме незнаењето е фактор+ за ширење дебилни теории...и некој од Пиридоксин(Б6) имал невообичаена реакција па дај да го забраниме:toe:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Благодарам на понудата, но веќе ја примив вакцината.

Секоја вакцина, дури и оние кои им ги даваат на децата, као бсж, морбили итд. пројавуваат нус-ефекти во мал број случаи.

По таа логика, ти не треба да си го вакцинираш детето.

Вакцината никој не те присилува да ја примиш. И ако си малку писмена, ќе знаеш дека било која вакцина има side effects.

Од обични лекови умираат луѓе, поради анафилактички шок и сл.
(мајка ми доби анафилактички шок од обична крвна плазма...и кој беше крив?)
Ама, во тој случај, нема логика да бараш одговорност од било кој.

Конечно, утре ќе ти покажам листа на земји во кои е спореведена ваква вакцинација. Долга листа на развиени земји патем.
И ниту една земја ниту тужи, ниту ја негира потребата од превенција.


Анафилаксата нема врска со споредни ефекти. Анафилакса е алергиска реакција и тотално е различна од споредните ефекти на лековите. Мање-више не се смета како спореден ефект, туку е алергиска реакција на лекот, а и често се јавува анафилакса од трансфузија (јас добив уртикарија од тромбоцити, а анафилакса од ванкомицин и ара-ц).
Патем, листата? Сите тие развиени земји во светот ја ставаат како опција, не е задолжителна вакцината. И во истите земји ако се оди кај поискусен гинеколог, ќе ти кажат дека се' уште НЕ ја препорачуваат како добра затоа што немаат доволно искуство, а досегашното искуство не е премногу позитивно и не е докажано 100% дејство против вирусот.
Не секоја вакцина има толку екстремни споредни ефекти. Едноставно вакцинава е прекратко време на пазарот за да се докаже нејзината ефикасност и "неопасност".

јас знам дека ти си во право....да се разбереме незнаењето е фактор+ за ширење дебилни теории...и некој од Пиридоксин(Б6) имал невообичаена реакција па дај да го забраниме:toe:
Да, да, и некој одел по улица и му паднало камче на глава и го убило...
Кажи ми, смарт ес, имаш нешто повеќе познавање околу оваа вакцина од тоа дека е "ослабен вирус"?
Не се работи за една невообичаена реакција, се работи за повеќе смртни случаи. Кога е во прашање живот, нема место за грешки и изјави од типот на "се случува".
 
S

smart ass

Гостин
баш поради тоа што се работи за човечки животи сосема е оправдано тоа се случува..

а зарем тебе не ти е јасно дека тоа едноставно МОРА да се случува....ако веќе знаеш треба и ова да го знаеш

нарочито при воведување нови вакцини,лекови.

така да не се нервирај тоа ќе се случува и понатаму:toe:


 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Се случува и да згазат човек на улица, па судат и лежат затвор за тоа :smir:
Не е оправдано воопшто. Не мора да се случува. Со таа цел постојат експерименти, клинички студии, заморчиња, луѓе кои доброволно се тестираат и добиваат пари за тоа. Не деца кои ги излажале дека тоа е единствениот спас. Кога веќе е вакцината пуштена во широка употреба, не смее тоа да "се случува".
 
S

smart ass

Гостин
ај сега примери со камчиња врз глава и газење луѓе...ај ќе поедноставам.

се случува за да не се случува.:toe:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
ај сега примери со камчиња врз глава и газење луѓе...ај ќе поедноставам.

се случува за да не се случува.:toe:
Не разбираш или не сакаш да разбереш дека кога е во широка употреба не смее да се случува?
 
S

smart ass

Гостин
ете се разбравме,па нема да биде веќе во широка употреба баш поради тоа што се случи....СМРТ колку што знам не е сајд ефект(освен нели при предозирање со лекарства)...така да не можеме да зборуваме веќе за вакцина

би требало после ова да ја повлечат.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
ova me raduva ..informirani i zagrizeni roditeli ..a ministerot e deciden i duri i ke kaznuva


ХПВ-ВАКЦИНАТА НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
Родителите ем исплашени, ем казнети Родителите кои нема да дозволат нивните ќерки да ја примат задолжителната вакцина, која штити од ХПВ-вирусот, ќе треба да плата казна од 30.000 до 50.000 денари. Иако уште не е почната редовната имунизација со новата вакцина што штити од вирусот ХПВ, веќе има негодување меѓу родителите, кои се исплашени за безбедноста на своите деца. Велат дека и покрај тоа што вакцината можеби штити од вирусот што е најчест предизвикувач на рак на грлото на матката, сепак постои опасност да се загрози здравјето на нивните тинејџерки. Министерот за здравство Бујар Османи е дециден дека повлекување на вакцината нема да има. - Од она што можам да го прочитам на интернет не сум сигурна дека вакцината е безбедна, па затоа сум во дилема дали мојата ќерка треба да ја прими. Ако се случи нешто, кој ќе одговара - вели мајка на седмоодделенка. Таа забележува дека надлежните не презеле ништо за да и ја расчистат оваа дилемата и да и помогнат да се ослободи од сомнежот. - Казната колкава и да е, сигурно нема да ме натера да дозволам вакцинирање. Министерството за здравство не ми даде аргументи дека вакцината не е штетна, па затоа по никоја цена нема да дозволам да се вакцинира мојата ќерка. Згора на се, читам за смртни случаи поврзани со ХПВ-вакцината - вели нејзината пријателка, која исто така има 12-годишна ќерка. Можеби ќе беше подобро, велат родителите, уште оваа година да се вакцинираше кој сака, доброволно, а дури потоа таа да се воведе како задолжителна. - Така ќе имавме можност да се увериме дека вакцината е безбедна - велат родителите. Во Министерството за здравство никој гласно не зборува за дилемите на родителите, туку велат дека одлуката за тоа вакцината против ХПВ да се вклучи во редовната вакцината е донесена според препораките на Светската здравствена организација, кои јасно говорат дека оваа вакцина значително го намалува ризикот од рак на матката. - Извештаите на релевантни светски институции за контрола на лекови велат дека вакцината што ќе се користи во земјава е безбедна за употреба. Со оглед на јасната корист за здравјето на луѓето и подигнување на општото ниво на здравствена заштита на населението решивме оваа вакцина да биде вклучена во редовната вакцинација, која е регулирана со закон. Во законот е јасно утврдена процедурата и можните санкции врз родителите доколку тие одбијат да го вакцинираат своето дете - вели министерот Османи. Иако вакцинацијата треба да почне од крајот на месецов, кампањата за едукација на јавноста што ја организира Министерството за здравство се уште е во најава. Како што неофицијално дознаваме, спотовите и рекламите требаше да почнат оваа недела, но работата е одложена. Пораките од кампањата ќе бидат насочени кон пласирање на информации дека за проблемот има лек, а нема директно да ги тераат граѓаните да се вакцинираат. Во Санитарниот инспекторат на министерството објаснуваа дека инспекторите по општините прибираат податоци за тоа кое дете не е вакцинирано, а потоа им ги доставуваат овие податоци. Родителите се повикуваат на разговор за да се убедат да го вакцинираат детето, а ако тоа не успее, се даваат на суд. Во Инспекторатот немаат податоци за тоа колку родители досега морале да платат казна што во зависност од судската одлука може да изнесува од 30.000 до 50.000 денари. Во моментов добавувачот ги достави првите дози на вакцината и веќе таа се распределува по заводите за здравствена заштита. Ќе се вакцинираат 10.000 девојчиња што се на листата на чекање од минатата година и уште 14.000 седмоодделенки. Деновиве силни негативни реакции има и за флуоризацијата на млекото. Родителите се исплашени дека ако децата земаат дополнително флуор, може да имаа последици по здравјето. „И двете мерки се докажани превентивни мерки, кои придонесуваат кон зголемување на нивото на здравствена заштита на населението и спречуваат појава на болести како што е кариесот, кога се работи за забите, или пак ракот на матката. Овие мерки се применуваат во многу земји ширум светот и веќе даваат одлични резултати. Македонија за првпат ги применува следејќи ги препораките на СЗО“, се наведува во соопштението од министерството.

Дали се опасни по живот?

Вакцината што ќе се дава кај нас штити од четири типови на ХПВ-вирусот што предизвикуваат рак и брадавици на гениталиите. На пазарот е присутна 2,5 години, а ја произведува фармацевтската компанија „Мерк“.
Според американските агенции за лекови, по примањето на оваа вакцина се пријавени 12.424 несакани ефекти, од кои посериозни биле 772, вклучувајќи ги 32 смртни случаи. Но засега не е докажана причинско-последична врска меѓу вакцината и несаканите ефекти.
Меѓу несаканите ефекти се црвенило и болка на местото на вакцинирањето, главоболки, нарушување на имунолошкиот систем и сериозен Џулијан-Баров синдром, кој може да заврши со смрт.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=1&EditionID=1832&ArticleID=123351
 

Kajgana Shop

На врв Bottom