Чудни работи...

Член од
28 април 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Пред негде година ипол, ми се случи нешто што стварно ме чуди до ден денес. Си легнав да спијам и се океј, добро. Имав сон (не беше страшен, туку онака безвезе нешто) и наеднаш кога се "разбудив" и отворив очи, нормално сакав да станам, но неможев. Неможев ништо, ама ТОТАЛНО НИШТО да мрднам. Ниту рацете, ниту нозете, ниту главата, БУКВАЛНО НИШТО. Само можев да гледам. Почнував да губам воздух, бидејќи со тоа што неможев да мрдам, неможев ниту да дишам. Осеќав како да ќе умрам и во последниот момент се вратив во "нормала". Тогаш почнав тешко да дишам, бидејќи ми требаше воздух нормално. (ова траеше сигурно добра минута).
Добро ајде помина сето тоа, ама еве сега последниве недела дена се присетив на тој момент, и читав нешто на интернетов за тоа. Видов за парализа при спиење т.е нешто како ти си буден, ама не си. If you know what I mean. Секој мускул ти е OFF. Исто така ти сонуваш, само со очите отворени и си во реалноста. Феноменов не баш добро истражен.
Ако имате некои вакви случки, ставете ги. Ме интересира дали сум единствен да му се случило нешто вакво.
*се надевам ќе го разберете овој голем BS* :toe:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Истото го прашав пред некоја година. Се дешава, можеби не често но еднаш во месецот да :) Најбитно е да не паничиш во такви мигови. Чинам мозокот прв се активира во таква ситуација, и не можи да искоординира ко шо треба движење на мускулите.

Јас и понатаму имам заминувано со оваа работа. Се разбудив, одам кај ламбата, стегам на тастер, темница не се пали, и си викам да одам мајката низ врата да прошетам или да се вратам в кревет и да пробам да се разбудам ко шо треба. И се вратив, легнав на стомак и ги ококорив очите по некоја секунда.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Во овие моменти само треба да мрдаш што е можно побрзо со очите, бидејќи само тие ти функционираат. Не треба да паничиш кога ќе видиш како некој ти лежи во кревет, како некој стои во соба, бидејќи се случуваат халуцинации кои ти ги гледаш, а знаеш дека не е реалност.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
ми се има случено повеќе пати порано, на почетокот беше малце морничаво ама после се навикнуваш и немаш галје
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Вака немој да се плашиш и вознемируваш доколку ти се случи нареден пат. Мене прв пат кога ми се случи бев 4 одд некаде првиот пат бев толку многу вознемирен што во наредните ноќи не ни сакав да помислам да спијам со сите сили се трудев да не спијам за да не ми се случи повторно но откако разговарав со мојата покојна баба ми кажа да не се вознемирувам доколку ми се случи. И ми кажа дека може да ми се случи понатака бегство од тело или сега популарно кажано Астрална проекција, тоа е нешто кое сеуште не е докажано но мене ми се има случено неколку пати иако првиот пат е вознемирувачки и следува после тоа што ти го имаш пишано што тебе не значи дека ќе ти се случи понатака бидејќи има луѓе кои само им се случува тоа што тебе ти се случило...во мојот случај ми се има случено многу пати Астрална проекција... најбитно во тој случај доколку ти се случи да не бидеш вознемирен и едноставно и битно правило доколку ти се случи да шеташ низ собата и да гледаш како сите спијат иако ти ќе мислиш дека е сон но уствари тоа е многу реално... најбитно е да не излегуваш надвор од ќуќата...туку да се вратиш во своето тело...
Мене ми се има случено да се гледам себе си и воедно да шетам низ куќа, најлошиот момент беше кога ги гледам како спијат моите дома едноставно незнаев што да правам но и јас самиот незнаев како уствари се вратив во свеето физичко тело...

Еве нешто што го најдов за Астрална проекција.

Вонтелесно искуство е појавата при која една личност се издвојува од своето физичко тело и станува свесна дека тоа се случува во реалниот свет.

астрал

Ваквите искуства во денешно време се почести а тоа им дава можност на експертите да го испитуваат овој феномен и да добијат нови информации.

Некои велат дека вонтелесното искуство е слично на сонувањето или халуцинирањето. Меѓутоа, оние кои лично го доживеале велат дека е многу пореално од сонот. Всушност, преку вонтелесното искуство, луѓето објективно го гледаат своето тело во реалниот свет. Исто така, тие можат да ги видат и останатите предмети, меѓутоа малку изобличени и матни. Уште еден фактор кој го одделува астралното проектирање од сонот е способноста да се котролира насоката на движење на телото.

астрално искуство

Влијателни фактори

Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери. Скептиците сметаат дека тоа е само илузија, но, истражувањата го потврдуваат ставот дека овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.

Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае. Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.

Анализирајќи ги истражувањата, експертите заклучиле дека вонтелесното искуство се случува кога човекот спие. Што значи, полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога нашата потсвест станува помоќна од свеста.

вонтелесно искуство

Предности на вонтелесното искуство кои можат да ви го променат животот

За секој поединец, астралната проекција е различно искуство, што значи дека секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите – предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.

1. Будење на духовниот идентитет. Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера – ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото.

2. Зголемено духовно просветлување. Кога ќе поминете низ овој процес, почнувате да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.

просветлување

3. Задоволување на љубопитноста. Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.

Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет.[DOUBLEPOST=1430261878][/DOUBLEPOST]Вака немој да се плашиш и вознемируваш доколку ти се случи нареден пат. Мене прв пат кога ми се случи бев 4 одд некаде првиот пат бев толку многу вознемирен што во наредните ноќи не ни сакав да помислам да спијам со сите сили се трудев да не спијам за да не ми се случи повторно но откако разговарав со мојата покојна баба ми кажа да не се вознемирувам доколку ми се случи. И ми кажа дека може да ми се случи понатака бегство од тело или сега популарно кажано Астрална проекција, тоа е нешто кое сеуште не е докажано но мене ми се има случено неколку пати иако првиот пат е вознемирувачки и следува после тоа што ти го имаш пишано што тебе не значи дека ќе ти се случи понатака бидејќи има луѓе кои само им се случува тоа што тебе ти се случило...во мојот случај ми се има случено многу пати Астрална проекција... најбитно во тој случај доколку ти се случи да не бидеш вознемирен и едноставно и битно правило доколку ти се случи да шеташ низ собата и да гледаш како сите спијат иако ти ќе мислиш дека е сон но уствари тоа е многу реално... најбитно е да не излегуваш надвор од ќуќата...туку да се вратиш во своето тело...
Мене ми се има случено да се гледам себе си и воедно да шетам низ куќа, најлошиот момент беше кога ги гледам како спијат моите дома едноставно незнаев што да правам но и јас самиот незнаев како уствари се вратив во свеето физичко тело...

Еве нешто што го најдов за Астрална проекција.

Вонтелесно искуство е појавата при која една личност се издвојува од своето физичко тело и станува свесна дека тоа се случува во реалниот свет.

астрал

Ваквите искуства во денешно време се почести а тоа им дава можност на експертите да го испитуваат овој феномен и да добијат нови информации.

Некои велат дека вонтелесното искуство е слично на сонувањето или халуцинирањето. Меѓутоа, оние кои лично го доживеале велат дека е многу пореално од сонот. Всушност, преку вонтелесното искуство, луѓето објективно го гледаат своето тело во реалниот свет. Исто така, тие можат да ги видат и останатите предмети, меѓутоа малку изобличени и матни. Уште еден фактор кој го одделува астралното проектирање од сонот е способноста да се котролира насоката на движење на телото.

астрално искуство

Влијателни фактори

Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери. Скептиците сметаат дека тоа е само илузија, но, истражувањата го потврдуваат ставот дека овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.

Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае. Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.

Анализирајќи ги истражувањата, експертите заклучиле дека вонтелесното искуство се случува кога човекот спие. Што значи, полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога нашата потсвест станува помоќна од свеста.

вонтелесно искуство

Предности на вонтелесното искуство кои можат да ви го променат животот

За секој поединец, астралната проекција е различно искуство, што значи дека секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите – предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.

1. Будење на духовниот идентитет. Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера – ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото.

2. Зголемено духовно просветлување. Кога ќе поминете низ овој процес, почнувате да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.

просветлување

3. Задоволување на љубопитноста. Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.

Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Мене често ми се случува и малку е морничаво.
Ми се има случено да мислам дека има нешто/некој во собата, а јас не можам да мрднам и чувството е многу гадно, ама среќа кратко трае.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Мене често ми се случува и малку е морничаво.
Ми се има случено да мислам дека има нешто/некој во собата, а јас не можам да мрднам и чувството е многу гадно, ама среќа кратко трае.
За тие кои не се љубопитни тоа е така но имам другар кој оди и многу подалеку од сето тоа...многу работи практикува и ги учи иако кога разговараме знае понекогаш да каже не оди ти далеку остани до тоа што си стигнал... инаку вака од прво личи навистина ко забеган народски кажано и повеќето кои не ги разбираат овие работи со него не можат да разговараат не можат да се пронајдат во разговорите. Затоа и јас советувам понекогаш не е убаво човек да биде до толку љубопитен... но пример доколку веќе некој се одлучи нека пронајде некој човек кој ги практикува тие работи за да се има некој совет и да се подучи бидејќи многу лесно може да се тргне наопаку...бидејќи после тешко е да се врати во нормала и во реалноста...
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Член од
28 април 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Фала на сите што споделивте случки и мислења! :)
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
sleeping paralyses? ми се случуваше кога имав нередовен сон, поспиј ваму пола саат, поспиј таму пола саат, дојди дома на некој саат....

сега сакам од тоа да дојдам до ова ;)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве нешто слично околу оваа тема http://forum.kajgana.com/threads/Физички-болки-од-сонови.71164/ :)

Мене лично не ми се случило целосно да ме ,,обвие" на таков начин сонот, но ми се има случено после некои сонови кои биле страшни или во нив имало физичка болка, кога ќе се разбудам да има некаков ефект. Осеќав како имам силна болка во главата од ударот во сонот, во стомакот, а срцето ми лупаше на 100тка. Едноставно се наруши нормалната функција на организмот, но за брзо време помина.

Ама целосно да сум бил под дејство на сонот не, а и не дај Боже да почувствувам такво нешто.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Sleep paralysis, имаш среќа што само така си поминал и не ти дошле и демони и слични створови :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Член од
28 април 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Sleep paralysis, имаш среќа што само така си поминал и не ти дошле и демони и слични створови :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Да, знам читав дека се појавувале такви некои работи. Мене не ми излезе ништо такво. Среќа! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom