Чудни работи...

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Моето мислење го делам со *SKY*.
Тоа искуство може да се поврзе како повик за духовно будење.
И тоа може да се класифицира како астрална проекција, но би била успешна кога ќе си свесен дека си свесен за тоа што ти се случува во тој момент.

-Доколку те интересира што всушност точно ти се случило, прочитај нешто за РЕМ ФАЗА.

Плус: Постојат и темни муабети, како влагање на ЏИН-ови кога телото ти е во мирување а мозокот ти е во длабока РЕМ фаза.
Во секој случај прочитај повеќе околу соновите и околу РЕМ-от.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
значи тоа што неможеш да мрдаш е затоа што мозокот се буди пред телото додека е во рем фазата си буден. Јас кога имав напорни денови и стрес поголем ми се случуваше често и спиењето на грб има некаква врска, а исто и попладневната дремка секогаш ама секогаш ми се случуваше .
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.987
Поени од реакции
10.661
еднаш ми се има десено и немаше демони и слични ствари знам само дека панично пробував да мрднам рака, нога ама прц :/
грдо искуство ама ипак повеќе језиво ми е она кога во сон ке паѓаш од висока зграда или слично аууууууууу два пати ми се има ова десено, така целиот у паника препотен мрдам со нозете и рацете дур не сватам дека било сон
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
Во овие моменти само треба да мрдаш што е можно побрзо со очите, бидејќи само тие ти функционираат. Не треба да паничиш кога ќе видиш како некој ти лежи во кревет, како некој стои во соба, бидејќи се случуваат халуцинации кои ти ги гледаш, а знаеш дека не е реалност.
Можда е реалност од каде знаеш... :) Не навалувам на ништо и не си правам екскурзии на паметот ама кога ке се размисли една работа од повеке начини на размислување тогаш се е менливо и неограничено со тоа и има веројатност да е реалност. Односно реалност е тоа во што веруваш, не може да се урами реалноста и да се договориме сите луѓе дека тоа е реалноста на нашето постоење... Со верба всушност ги отвораме вратите не зборувам за религиски него за се нешто што е надвор од просечната нормала. :)
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Невистини има многу, но вистината е една за сите. Свеста е таа која ја прави дитинкцијата помеѓу вистината и невистините. Колку сме посвесни, толку повеќе ја доживуваме вистината, т.е. реалноста.
 
C

cige

Гостин
Еднаш ми се случи да се разбудам и неможев да мрдам. Едвај дишев и устата ми беше сува, мислев дека умирам за вода. Тогаш беше летно време пеколни горештини, а приметив дека ноќта сум заборавил да го затворам прозорецот. Едвај после неколку минути почнав да мрдам. Дали е поврзано со темава или? Се гушев и немав сила за ништо, ама душата ми беше при телото :)
 
Член од
28 април 2015
Мислења
10
Поени од реакции
7
Еднаш ми се случи да се разбудам и неможев да мрдам. Едвај дишев и устата ми беше сува, мислев дека умирам за вода. Тогаш беше летно време пеколни горештини, а приметив дека ноќта сум заборавил да го затворам прозорецот. Едвај после неколку минути почнав да мрдам. Дали е поврзано со темава или? Се гушев и немав сила за ништо, ама душата ми беше при телото :)
Да тоа е тоа. Мене истото ми беше само што не ми се пиеше вода, туку што неможев да дишам. Тоа е таа парализа.
 
C

cige

Гостин
Да тоа е тоа. Мене истото ми беше само што не ми се пиеше вода, туку што неможев да дишам. Тоа е таа парализа.
Тогаш може имаше качено 30 степени во собата, Јули месец, на пладне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom