Чудни македонски зборови

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Мутав - нем, “загулен“ (и во англискиот јазик е исто така - mute).
А исто така и за глупав.[DOUBLEPOST=1395937049][/DOUBLEPOST]
Матуф - некои други синоними? сенилен и изветреан не ги разбирам...
И на Б’лгарски е сенилен:eek:(изкуфјал,грохнал)
 
Член од
4 септември 2012
Мислења
180
Поени од реакции
105
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Муфте - зошто би бил турцизам, а не македонизам во турскиот јазик, туку ај да не се мешам, сигурно ти подобро го разбираш турскиот јазик од мене ;)
Мутав - исто. Зошто да не е македонизам во англискиот јазик? Навистина, уста на англиски се вика “mouth“, но исто на македонски се вика “муцка“, а покрај тоа за некој што “потфаќа“, “тептави“ кога говори викаме дека -“муца“ (и самите зборови муцка и муцање влегуваат во категоријата “чудни македонски зборови“).
Матуф - се вели за некој склеротичен, зафатен од алцхајмерова болест, кој (најчесто) поради староста губи голема количина на своите умствени и мемориски способности. Затоа отсега да си знаеш, ако некој на форумов те нарече дека си “матуф“ - да си ја знаеш дијагнозата :)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
1.Бурбати - нестабилност (времето се бурбати-се готви да заврне)
2.Батали - остави
3.Ниет - намера
4.Црцало - дел од рало (железото во форма на нож пред плугот)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Ровко, ровито = мека и ронлива состојба на некој предмет
Мунасип = решение, начин на решение
Красато = киселкасто
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
1.Налет - Да му се невиди,
2.Наксан - чуден, табиетлив,
3.Чекленка - кочан од пренка(отрошен - без зрна)
4.Ц’мбур - кочан од пченка (со зрна)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Ќулавка - качулка (и качулка е чуден збор :) )
Чаре - спас, решение
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Стреш, на стреш = внимание, возбуденост, исчекување (“цело време на стреш беше...“).
Накострешен = возбуден, спремен за расправија.
Штрекнување = сепнување, нагло “подигнување“ од дотогашната летаргична состојба.
Штракнат = “удрен“, малку луд, нетокму.
Штракање = аплаудирање (или некој звук што го произведува некоја направа, апарат, возило...).
Шлапање, Шлапкање = звук со устата кој се произведува при јадење, звукот на нозете при чекорење во вода или кал, или звукот што се прави со рацете во вода. Преносно се употребува за некој човек што само говори без врска.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Напара = лошо искуство кое служи како поука...
Бобинка = зрно - најчесто од ситно овошје.[DOUBLEPOST=1400711244][/DOUBLEPOST]Непара - не баш, не многу ... (“Непара ми е арно“)
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.304
Поени од реакции
4.699
Кај кои јазици кај словенската група постои буквата -Ѕ-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom